Започна средбата кај Радев, Џамбаски се заканува дека владата „ќе падне“


Започна средбата на Консултативниот совет за национална безбедност на Бугарија посветена на односите со Македонија и ветото за започнување на преговори со Европската Унија. Во исто време претставници на ВМРО се собра пред зградата на Претседателството и протестираа против можната промена во бугарската позиција. Се очекува на средбата да се  потврди дека Бугарија нема да дозволи Македонија да започне преговори за членство во ЕУ додека не ги исполни нивните  барања.

Новата влада на Кирил Петков најави брз излез од ќорсокакот, а партиите во владејачката коалиција го делат официјалниот став, но има одредени нијанси во гледањата. Но, ВМРО размислува  за организирање референдум на оваа тема.

„Бугарската влада има шанса да го издржи притисокот околу РСМ, ако сака, ако не – ќе  падне“, порача  европратеникот  Ангел Џамбазки. Тој го повика Кирил Петков да не дозволи повлекување доколку има притисок од западните сили.