САД бараат Македонија и Албанија да не се одвојуваат


САД ја повикува Европската унија да одреди датум за почеток на преговори и за Македонија и за Албанија, без да ги одвојуваат. „И Албанија и Северна Македонија донесоа тешки одлуки, фундаментални реформи и двете заслужуваат да одат напред на својот пат кон ЕУ”, изјавија од Стејт Департментот за Гласот на Америка. Ставот на САД доаѓа […]

Се врачуваат првите 100 мобилно издадени пасоши преку Амбасадата во Лондон


Во процес на врачување се првите сто биометриски пасоши на Република Северна Македонија, издадени преку Амбасадата во Лондон. Воспоставувањето на базна станица во амбасадата го поедностави и скрати процесот на три недели, информира Министерството за надворешни работи. -Овој е историски момент за конзуларната пракса во оваа амбасада. Нашите граѓани кои живеат и работат во Англија, […]

Димитров прв гостин кај германската министерка Лирман


Два дена по преземањето на должноста германската министерка за Европа, Ана Лирман го прими македонскиот вицепремиер  за европски прашања Никола Димитров и му кажала дека решително ќе се насочи кон почнување на преговорите на Македонија со ЕУ. Како што информира кабинетот на Димитров, на средбата Лирман посочила дека Македонија ги исполни сите услови за почеток […]

Османи: Во интерес на Скопје и Тирана е да одат заедно на патот кон ЕУ


Шефот на дипломатијата Бујар Османи не очекува да се случи раздвојување на Албанија и Северна Македонија на европскиот самит во декември на кој повторно ќе се разгледува дали двете земји ќе почнат преговори со Европската Унија. – Се надевам дека сериозноста ќе биде на последиците од ова одложување, од ова неефектуирање на сопствените одлуки од […]

Ѓоргиев: Рамковната позиција од 2019 го предизвика застојот во историската комисија


Историчарите не можат да излезат од ќор-сокакот за цар Самоил. Бугарија инсистира само на нејзиниот поглед на историјата   Застојот во работата на Заедничката експертска македонско-бугарска историска комисија датира од октомври 2019 година со донесувањето на Рамковната позиција на Бугарија за старт на преговорите со Северна Македонија, вели копретседателот од македонска страна на Заедничката историска […]

Без резултат и денешната средба на историчарите на Македонија и Бугарија


Македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања вчера и денес  одржа онлајн средба на која беа дискутирани неколку прашањ.Во текот на два дена членовите на Комисијата повторно дискутираа по забелешките за учебниците по историја. Остануваат разликите во пристапот и разбирањето на улогата на историјата и историското образование во современите општества и градењето на добри односи […]

Дипломатите го отпишаа декември, Македонија сѐ уште се надева на позитивен сигнал


Може ли Емануел Макрон да изврши влијание да се крене бугарското вето, откако тој пред две години ефективно го запре проширувањето   Слободанка Јовановска Наспроти НАТО, за кое важеше дека секоја среда може да ни даде членство (на состанок на Северноатлантскиот совет), за ЕУ и натаму важи правилото – не оваа среда, туку идниот петок. […]

Бугарија ќе ја добие новата влада в понеделник


Министерка за надворешни работи треба да биде Теодор Генчовска предложена од Има таков народ, откако во последен момент отпадна Димитар Гардев поради фалсификување на дел од неговата биографија   Ден пред состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, кога треба да се расправа за почетокот на преговорите со Македонија и Албанија, Бугарија ќе ја […]

„Плацеви на Водно“: Како Груевски ги купил двата стана на „Бихаќка“?


Едниот стан е на името на секретарката на фирмата на Александар Ивановски – Теранова. Таа никогаш не влегла во него, ниту има клучеви. Вториот е на истата таа фирма формирана за да се купи земјиштето на Водно   Полека се склопува мозаикот за двата стана што ги купил Никола Груевски на „Бихаќка“ во Скопје и […]

Макрон: Историјата се повторува на Западен Балкан


Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика ЕУ повторно да се залага и да инвестира во Западен Балкан во услови на нови тензии во областа и вклучување на регионалните сили кои сакаат да ја дестабилизираат Европа. „Денес има нови тензии во областа. Историјата таму се повторува, а понекогаш е и трагично“, рече Макрон, најавувајќи европска конференција […]

Митко Јанчев го поддржа Мицкоски за реизбор


Иако минатата година бараше оставка од Мицкоски поради поразот на парламентарните избори и  најавуваше дека планира да го преземе челното место во партијата, Митко Јанчев денес најави дека в недела, на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе му даде поддршка на Христијан Мицкоски. Според неговата изјава Мицковски постигнал добри резултати на локалните избори и затоа ќе го […]

Пендаровски: Корупцијата е неправедна, цената ја плаќаат најранливите


Корупцијата е суштински неправедна, бидејќи, воведувајќи двојни стандарди, ја поништува еднаквоста на сите пред законот. Таа го подрива општеството, економијата и државата, а цената за тоа ја плаќаат сите граѓани, особено најранливите категории. Северна Македонија напредува во борбата против корупцијата, но потребно е дополнително да се работи и сите вербални заложби да се реализираат во […]

Македонија може и понатаму да се потпре на германската поддршка


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска во Берлин оствари средба со Михаел Рот, актуелен пратеник во Бундестагот од редовите на СДП како дел од владејачкото мнозинство и довчерашен германски министер за Европа. – Во текот на нашата соработка, успеав одблизу да се запознаам со вредностите што ги застапуваше во текот на извршувањето на функцијата, како и со принципиелните […]

Димитров: За да стане глобална сила ЕУ прво треба да стане локална


 Ако Европската Унија се стреми да биде глобална сила, тогаш прво треба да стане „локална“, односно да го оствари своето влијание во Западниот Балкан, регион што во секоја смисла е интегрален дел, не само географски, истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во своето обраќање на годишниот состанок на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), […]

Бугарското МНР не е информирано за француската иницијатива


Бугарското Министерство за надворешни работи вели дека не се информирани за француската иницијатива, што првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ја спомена денеска, информира бугарската агенција БГНЕС. -Во дипломатските кругови нема таков предлог, соопшти Брисел, пишува БГНЕС. Претходно, Груби изјави дека постои француска иницијатива за решавање на спорот […]

Пендаровски на Самитот за демократија: Нашата демократија се изроди по половина век авторитарно владеење


Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на пленарната сесија на Самитот за демократија, што се одржува виртуелно во организација на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден. -Оваа година, Северна Македонија одбележува три децении од Денот на независноста, од времето кога ја прифативме демократијата и ги заштитивме со нашиот Устав – слободата, основните човекови права […]

ВМРО-ДПМНЕ најавува нова доктрина и кадровски промени по конгресот на 12 декември


 ВМРО-ДПМНЕ најавува нова доктрина и кадровски промени по Конгресот на којшто ќе се избира нов лидер на партијата в недела. Од партијата исто така брифираа дека лидерот Христијан Мицкоски на самиот Конгрес в недела ќе најави сериозни кадровски освежувања што ќе се случат по Конгресот, во согласност со новите политики на ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на […]

Груби: Постои оптимизам за добивање позитивен сигнал на декемврискиот Самит на ЕУ


Апсолутно постои оптимизам за преговори и за добивање позитивен сигнал на декемврискиот самит на ЕУ за отпочнување на преговори за нас и за Албанија во првите месеци од следната година, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. – Ние работиме, одговорите на нивните барања се веќе испратени […]

Констатирани оставките на министерот за земјоделство и замениците министри за образование и за култура


Собранието денеска на почетокот на 54. седница ги констатираше оставките на министерот за земјоделство и на заменик-министрите за образование и за култура. Констатирани се оставките на министерот Арјанит Хоџа, заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани и заменик-министерот за култура Седат Сулејмани. На дневен ред на денешната пленарна седница се повеќе точки, меѓу кои и […]

Битолските социјалдемократи бараат министер во новата влада


Единствениот министер, битолчанец, во Владата на Заев е Горан Милевски, министерот за локална самоуправа од редовите на ЛДП. Битола за жал има и само еден пратеник во Парламентот од СДСМ, Бисера Стојчевска   Анета Блажевска БИТОЛА – Заминувањето на Зоран Заев и промените на челната позиција во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги разбранува страстите, па […]