Османи: Парламентарната дипломатија клучна за зајакнување на билатералата со Јапонија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на работната посета на Јапонија, оствари одвоени средби со спикерот на Домот на претставници Хиројуки Хосода и претседателката на Домот на советници Санто Акико. Како што информира МНР, на средбите соговорниците се осврнаа на односите меѓу Северна Македонија и Јапонија, при што акцентот беше ставен на меѓу […]

Собранието треба да одржи продолженија на четири седници


Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да одржи продолженија на 64., 39., 71., 69 пленарна седница. Во законодавниот дом е најавена и седница на Комисијата за труд и социјална политика. Пратениците вчера во рамки на 64. седница расправаа за Предлог измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, а дебатата треба да […]

Џафери: Пратениците да се однесуваат државнички, изборот на уставни судии да се одблокира


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на покана на претседателката на Уставниот суд  Добрила Кацарска денеска учествуваше на работниот состанок на кој покрај него, присуствуваше и претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, информираат од Кабинетот на Џафери. Оттаму додаваат дека покрај актуелните прашања за административната и финансиска независност и за условите во кои […]

Кацарска го собра државниот врв оти Уставниот суд функционира на граница од кворум


Уставниот суд е со четири судии помалку од предвиденото и оваа состојба трае повеќе од шест месеци. Со ваква ситуација Судот се соочува за првпат и со секој поминат ден граѓаните трпат штети, бидејќи нивни иницијатвии и предмети се одложуваат, а Судот не може да одлучува, изјави денеска претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, по […]

Левица реагира на зголемувањето на буџетот за министерството на Артан Груби


Левица реагира на зголемувањето на буџетот на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците што го раководи Артан Груби за 30 милиони денари. -Пред непосредното покачување на цените на храната и електричната енергија, во време на рекордни стапки на инфлација и непредвидливо идно економско полугодие, со шампионски неразвојниот ребаланс на буџетот, се предвидува дополнително […]

Османи во Токио: Со договор ќе се зголемува јапонската помош


  Министрите за надворешни работи на Македонија и Јапонија, Бујар Османи и Јошимаса Хајаши, денеска во Токио потпишаа договор за техничка соработка меѓу двете земји, со што се зајакнува можноста за имплементација на јапонската билатерална помош за нашата земја, но и збогатување на договорно правната рамка. Дополнително, договорот преставува основа за унапредување на билатералните односи […]

Цел државен врв во Уставниот суд што се распаѓа


Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети Уставниот суд  на покана на претседателката на судот, Добрила Кацарска. За време на посетата, на која присуствуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот  Димитар Ковачевски, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните активности на Уставниот суд и предизвиците во неговата работа. Претседателката на судот посочи на проблемите со кадровската […]

Пендаровски: Предвремени избори може да направиме и утре, но што би решиле тие во однос на кризите со кои се соочуваме


Предвремени избори може да направиме и утре, но што би решиле тие во однос на кризите со кои се соочуваме, оцени претседателот Стево Пендаровски, додавајќи дека се сомнева оти со предвремени избори би имало деблокада на евроинтеграциите или промени во делот на цените на енергија и храна. Зборувајќи за политичката нестабилност и турбуленции дома, Пендаровски […]

Смилов: Во Бугарија има група луѓе кои не сакаат Македонија да стане членка на ЕУ


  Во Бугарија има група луѓе кои не сакаат Северна Македонија да стане членка на ЕУ.  Затоа ќе  има популистички обиди за оттргнување на земјата од патот на евроинтеграциите, оцени политикологот Даниел Смилов за БНР. Според него, жестокиот отпор да се тргне ветото е од маргиналните делови на политичкиот простор, но влегуваат нови актери, национал-популисти, […]

Петар Стојанов: Бугарската агресивна позиција кон Македонија создава нација што ја мрази Бугарија


Позицијата на Бугарија кон Северна Македонија не треба да биде агресивна, бидејќи така се создава една нација кој искрено ја мрази Бугарија, изјави поранешниот бугарскиот претседател Петар Стојанов за софиската телевизија бТВ. Стојанов, кој беше бугарски претседател од 1997 до 2002 година, оцени дека колку и да се заострени позициите, дијалогот меѓу „двете братски држави“ […]

Собранието треба да одржи продолженија на неколку седници


Собранието денеска треба да ги одржи продолженијата на 54., 64., 69., 39. и на  71. пленарна седница. На дневен ред на 54. седница се Предлог за избор на заменици на народниот правобранител, Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на […]

Државниот врв на состанок со претседателката на Уставен суд


Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска утре ќе одржи работен состанок со државниот врв на кој се очекува да се разговара за проблемите со кои се соочува судот, имајќи предвид дека работи без четворица судии и нема мнозинство за одлучување по одредени иницијативи и предмети. Кацарска, како што соопштија од Уставен, ги покани на средба […]

Министерот Османи во дводневна работна посета на Јапонија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре и задутре ќе престојува во работна посета на Јапонија, на покана на јапонскиот министер за надворешни работи, Јошимаса Хајаши. Покрај средбата со Хајаши, шефот на дипломатјата ќе биде примен од престолонаследникот на Јапонија, принцот Акишино, а ќе има и  одвоени средби со спикерите на Домот на претставници и Домот […]

Петков ќе бара бугарските услови да влезат во преговарачката рамка за Македонија


Бугарски „Капитал“ јавува дека за време на коалицискиот совет, премиерот Кирил  Петков најавил дека ќе бара условите што ги постави Бугарија за решавање на спорот со Македонија да бидат вклучени во преговарачката рамка  со Европската комисија (ЕК). Прашањето за Северна Македонија беше покренато во коалицискиот совет откако минатата недела се појавија тензии меѓу партнерите поради […]

Мицкоски: Ќе поднесеме интерпелација за Џафери, но без илузија дека ќе помине


 Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ идната работна недела ќе поднесе интерпелација за претседателот на Собранието Талат Џафери, но лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски не очекува дека таа ќе помине во Парламентот. -Се надевам дека нема  повторно да ги изигруваат процедурите во Парламентот, ќе ја стават точката на дневен ред и ќе можеме да зборуваме малку […]

Ангел Димитров го спори легитимитетот на Кирил Петков да одлучува за Македонија


„Проблемот со европската интеграција на РСМ не е централен за бугарскиот политички државен поредок. Формално, секоја влада носи одлуки од надворешнополитички аспект. Во оваа состојба, при доста спорната легитимност на сите во власта, од гледна точка на таквото преставување меѓу  Бугарите, редно е да се запрашам дали во ваков момент можат да се носат решенија […]

Тошко Јорданов: Неколку земји на ЕУ притискаат за Македонија


Претседателот на пратеничката група на партијата Има таков народ во Бугарија , Тошко Јорданов, и по одржувањето на  коалицискиот совет не е сигурен дека нема да има изненадување околу ветото за Македонија.  „Следејќи го коалицискиот совет за Северна Македонија, со ваков тип на коалициски партнери, не можеме да бидеме сигурни дека нема да има никакво […]

Се навивало со албански знамиња на натпреварот меѓу Шкупи и Пандев


Левица поднесе Иницијатива за вршење на вонреден инспекциски надзор до Агенција за млади и спорт, а против ФК Шкупи и ФФМ. Од страна на навивачката група на ФК Шкупи, на фудбалскиот натпревар против ФК Академија Пандев, кој се одржа на  17 мај, беа истакнати знамиња на соседна  Албанија, а не беше истакнато знамето на  Македонија, […]

Одлуката за Македонија да помине низ Народното собрание, се договориле коалициските партнери во Бугарија


Малку детали има од неколкучасовната средба на коалициските партнери во владата на Бугарија за тоа дали би требало Софија да го крене ветото за Македонија на европскиот самит во јуни. Единствената работа која излезе  во јавноста е дека четирите партнери се договориле дека темата ќе мора да помине низ Народното собрание. „Владејачката коалиција имаше многу […]

Дендијас: Уште не е дојдено времето да се ратификуваат меморандумите со Скопје


  Меморандумите со Северна Македонија ќе бидат ратификувани кога националниот интерес и програмата на Парламентот ќе го дозволат тоа, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас во одговор на пратеничко прашање од пратеникот на опозицискиот ПАСОК – Движење на промена, Јоргос Каминис. Како што јави дописничката на МИА од Атина, пратеникот од ПАСОК […]