ВМРО-ДПМНЕ го почна протестот „Премногу е!“ со отворено студио од пред владата


Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, попладнево го почна протестот под мотото „Премногу е!“, со отворено студио од пред зградата на владата.

Гости во отвореното студио со кои ќе се разговара за причините за промени се претседателите на партиските комисии и тоа: Цветан Трипуновски претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство; Синиша Ивановски претседател на комисија за транспорт и инфраструктура; пратениците Бојан Стојановски, Љупчо Пренџов, Ели Панова, Елена Маркова Велинова претседател на комисија за енергетика; Стефан Андоновски меѓународен секретар на партијата, Весна Јаневска претседател на комисија за образование и наука; Игор Николов претседател на комисија за здравство; Гордана Силјановска Давкова пратеник и универзитетски професор, Звонимир Јанкуловски, поранешен амбасадор и професор, Миле Лефков пратеник и 
Ристе Симеонов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Модератори на Отвореното студио се: Марија Митева портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски портпарол и Наум Стоилковски портпарол.

Централниот настан на кој свое обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски најавен е во 20 часот, а пренос во живо има на фејсбук каналот на Христијан Мицкоски, и на фејсбук и јутјуб каналот на ВМРО-ДПМНЕ.