Ковачевски: Македонскиот јазик ќе доживее голема промоција во ЕУ


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска во интервју за МИА се осврна на тоа колку навистина е заштитен македонскиот јазик во модифицираниот француски предлог, како и на влијанието што врз јазикот ќе го има унилатералната изјава на Бугарија. „Македонскиот јазик е чист во европскиот предлог, чист. Нема никакви фусноти, дополнувања, астерикси итн. Чист македонски јазик, директно […]

СДСМ го обвинува Мицкоски дека зборувал на конгресот на ЕПП со кратенка НМК


  Владејачката СДСМ денеска уште еднаш се наврати на конгресот на Европската народна партија објавувајќи фоотграфии на кои се гледа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ зборува означен со кратенка НМК. „Со неговата регистерска табличка“, рече СДСМ. Претникот Миле Талески рече дека „Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ режираат насилни протести со нивниот антиевропски партнер Левица, создаваат етнички тензии и […]

Милошоски: Фон дер Лајен ќе се обиде да ја амортизира европската уцена


  Опозицискиот првенец, Антонио Милошоски, денеска изјави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утре при обраќањето во Собранието ќе се обиде со убави зборови да го амортизира францускиот предлог, но дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го разобличат тоа. Милошоски на прес-конференција рече дека многу видни лидери од Европа имале обраќање во македонскиот […]

Јан Коп: За Европа е добро Северна Македонија да биде членка на ЕУ


Интересите на Холандија во Северна Македонија се многу едноставни. Сакаме просперитет и стабилност и затоа не гледаме алтернатива за Северна Македонија освен ЕУ и НАТО. Треба да бидете во НАТО и треба да бидете во ЕУ. Тоа е добро за Северна Македонија, тоа е добро за Холандија и тоа е добро за Европа, изјави денеска […]

Шпекулациите за бугаризација се страшила за вознемирување на граѓаните, вели Османи


  Со оваа формулација во рамката, стравовите за јазикот се неосновани. Сега прв пат имаме шанса да го затвориме тоа прашање. Граѓаните имаат право на протести, на критики и на политички активности, но целиот овој анти-наратив е заснован на неточни, погрешни толкувања на францускиот пакет, рече вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во гостувањето […]

Левица: Протоколот ја прави Македонија колонија на Бугарија


Левица тврди дека Протоколот, чија содржина се уште не е објавена официјално,  ја прави Македонија колонија на Бугарија. Според Левица ,Македонија за старт на преговори мора: 1. Да внесе Бугари во Уставот и цело законодавство Со ова, едната крајна цел е во бројот на Бугари во Македонија да влезат сите Македонци со бугарски пасош. Потоа, […]

Урсула фон дер Лајен ќе им се обрати на пратениците кога ќе расправаат за францускиот предлог


Како што може да се види од информациите на собраниската веб-страница на закажаната  седница за францускиот предлог треба да се обрати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и тоа во 13 часот. Пратениците денеска преку СМС порака биле информирани дека 81. седница на чиј дневен ред ќе биде информацијата за содржината на предлог-преговарачката […]

Владата ги достави до Собранието документите од францускиот предлог


Владата денеска според барањата од вчерашната координација во Собранието, достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба. Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите […]

Руска амбасада: Русија не се меша во внатрешните работи на која било држава


 Русија не се мешаше, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава, вклучително и Северна Македонија, се вели во реакцијата објавена од Руската амбасада во Скопје во однос на изјавите на претседателот Стево Пендаровски во интервју за ТВ 21 на 8 јули и за весникот „Етнос“ на […]

Генчовска испрати протестна нота до Македонија


Бугарското МНР упати нота до Северна Македонија поради бројните манифестации и пароли насочени против Бугарија во последните денови, информираат на веб-страницата на Министерството за надворешни работи. Се изразува длабока загриженост за она што се случува, што е и одговор на распространетиот антиевропски наратив против воспоставувањето на добрососедски односи меѓу двете земји. -Особено загрижувачки е што […]

Опозицијата брифира: Заклучоците за францускиот предлог ќе поминат во Собрание


Собраниските служби ги подготвија предлог заклучоците за францускиот предлог кои, според очекувањата, треба лесно да поминат на пленарната собраниска седница, бидејќи со нив македонската влада ќе добие задача како да се однесува, но не и да смени нешто во  преговарачката рамка за која во Брисел не постои расположение да се отвора.  Собранието, според она што […]

Чешка е подготвена за брз старт на преговорите по одобрување на европскиот предлог


Поддршката за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграцијата беше изразена денеска во телефонскиот разговор, што министерот за надворешни работи Бујар Османи го оствари со неговиот чешки колега Јан Липавски. Османи, како што соопшти МНР, го уверил соговорникот дека членството во Европската Унија е врвен државен интерес и првенствен надворешно-политички приоритет на Северна Македонија. […]

МНР: Повторно се појавија неточни информации за содржината на Протоколот


Министерството за надворешни работи соопшти дека во јавноста повторно се појавија неточни информации за содржината на Протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, кој треба да претставува записник од предвидената Заедничка меѓувладина комисија која произлегува од Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година.   -Во јавноста е пласиран текст на бугарски јазик, кој […]

Чешка сака кандидатите за ЕУ да имаат предности, а не само титула


Чешка, која го презеде претседавањето со ЕУ на почетокот на јули, активно размислува за подобрување на процесот на проширување, а еден од фокусите, според официјалните претставници во Прага, е да му даде на кандидатскиот статус некои предности, освен само титула и бирократски процеси, објави „Фајненшл тајмс“ (ФТ). Идејата е од ситуација „сѐ или ништо“ чекалната на ЕУ да […]

Адеми: Македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на ЕУ


 Со францускиот предлог е предвидено дека македонскиот јазик е заштитен сега и засекогаш. Македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на ЕУ, истакна на денешната прес-конференција координаторот на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми по  координација посветена на Информацијата за Предлог-преговарачката рамка. – Како лажна вест велат дека нема да почнеме, нема да […]

ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје на седница со транспаренти – „Не за бугаризација“


На денешната седница на Град Скопје, советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, станаа од своите места и пред говорница подигнаа транспарент на кој пишуваше „Не за бугаризација“. При отворање претрес по една од точките од дневниот ред, советничката Андоновска се јави за збор, но место да дебатира, таа на претседателот на Советот, Трајко Славевски му даде […]

Фрлачот на молотов коктел го издал налогодавачот


Министерството за внатрешни работи го идетификуваше лицето кое наредило фрлање молотов коктел, потврди министерот Оливер Спасовски во гостување во летното издание на емисијата „Click Plus“ на ТВ21. Спасовски вели дека лицето ќе одговара без разлика на која политичка партија и да припаѓа. „Да, истото тоа лице го откри налогодавачот, го идентификувавме и веќе МВР постапува […]

Мицкоски го поддржува Отворен Балкан, а е против францускиот предлог


 Францускиот предлог за решавање на билатералниот спор меѓу Бугарија и Северна Македонија не нуди почеток на македонската евроинтеграција, туку, напротив, отвора бесконечни преговори или асимилација по бугарски диктат, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. – Во Бугарија ликуваат што овој предлог ги содржи сите нивни барања кои се крајно неповолни за Македонија и имаат тенденција […]

Шолц: Ја сакаме Македонија во ЕУ, заедно ќе ги совладаме пречките


  Ние сакаме Северна Македонија да стане членка на ЕУ. Сакам да бидам сосема искрен со вас: Дури и по прифаќањето на овој компромис, процесот за влез во ЕУ нема да биде лесен. Ќе има и други пречки кои ќе треба да бидат надминати. Но, јас исто така ви велам: Заедно ќе ги совладаме задачите […]

За ВМРО-ДПМНЕ казнувањето за блокирање патишта е „спротивно на Устав“


Амнестијата на насилниците од обидот за државен удар на 27 април ги покажува последиците и на актуелните протести, каде што се стигна и до фрлање молотови коктели, а сите веруваат дека за таквите дела нема да одговараат, вклучувајќи ги и организаторите од ВМРО-ДПМНЕ  и Левица, кои инаку тврдат дека не се тоа. Според реакциите на […]