Министерството за правда не дало позитивно мислење ни за здружението „Цар Борис Трети“


Фото: Б. Грданоски

Министерството за правда соопшти дека до нив не е доставено барање за давање позитивно мислење во постапката за регистрација на здружението ,,Цар Борис Трети”. Ваквото оградување уследи откако медиумите јавија дека по клубот „Иван Михајлов“ сега и некакво здружение ,,Цар Борис Трети” во Охрид го глорифицира фашизмот во земјата. 

Наостраната реакција дојде од еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаусотот. Случајот според нив е класичен пример на негирање на холокаустот, исмевање и навреда за Евреите, поради што побараа државата да застане на пат на ваквите појави за кои велат дека не носат ништо добро за сите во државата.

Од здружението пак преку соопштение возвратија дека не биле неонацисти и дека имале соработка со антисемитски движења.

„Се оградуваме од тврдењата дека сме неонацистичко здружение,немаме никаква соработка или било какви намери со антисемитски движења. Со голема почит кон еврејскиот народ и жал за работите кои се случувале во минатото,заедно да чекориме во иднината на нашата татковина Македонија кон европските вредности со почит и разбирање. Никаде во светот не го пишува и не е осуден Цар Борис III за фашист или нацист.Тој бил родољуб кој се нашол во погрешно време“, порачаа од здружението.

Според информациите објавени на страната на Централниот регистар, здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ од Охрид е регистрирано во ноември минатата година.

Ова е втор случај по „Ванчо Михајлов“ во Битола на регистрација на здружение со име на контроверзна личност од втората светска војна, за која постојат докази дека бил соработник со нацистите. Еврејската заедница во меѓувреме проверува и дали куќата во која е сместен бугарскиот клуб Ванчо Михајлов некогаш му припаѓала на еврејско семејство.