Милков ќе ги стави во писмен документ задачите околу Македонија


Приклучувањето кон еврозоната и Шенгенскиот договор, како и организирањето на изборите во странство на 2 октомври се водечки приоритети на новиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков. Тој ги ги дефинира како важни задачи европската интеграција на земјите од Западен Балкан, како и одбраната и надградбата на постигнатото во последните месеци во однос на европскиот пат на Република Северна Македонија.

„Непосредна задача во однос на билатералниот дијалог со Северна Македонија е усвојување на писмен документ со кој ќе се дефинираат конкретните задачи пред институциите во Бугарија со конкретно закажани обврски“, изјави Николај Милков.

„Во нашите односи со Северна Македонија, ние сме во фаза кога пред се мора да организираме координација на различни институции. За ова треба да донесеме писмен документ кој ќе ги дефинира задачите на различни институции, организации во однос на тоа што ќе да се направи во иднина во нашите односи со Северна Македонија, за да се постигне систематски пристап, јасно да се напишат задачите и одговорностите, за да може да се очекуваат и резултати. Се надевам дека ќе има процедура за консолидација и во РСМ за тоа што можеме да направиме во позитивна смисла, бидејќи за жал и да имаме одреден консензус за Северна Македонија, консензусот не е многу јасно видлив“, додава Николај Милков и додава:

 „Таму една партија е отворена за дијалог, а друга е против, така што мислам дека ќе биде многу полесно ако ја имаме државата за партнер, а не партиите“, додаде тој.

Тој притоа оцени дека не го смета за проблем присуството на бугарскиот генерален конзул во зградата на Културниот клуб Иван Михаилов во Битола. 

„Бугарското МНР не смета дека е проблем присуството на нашиот генерален конзул Димитар Иванов во зградата на Центарот „Иван Михаилов“ во Битола“. Тој не се обиде да се меша во работата на комисијата и, ако е навистина независна, нема шанси да влијае. Нејзината работа треба да се отвори и во оваа смисла да се смета дека на такво место може да биде присутен и бугарскиот генерален конзул, па затоа не гледаме негативно на неговото присуство таму“, оцени Милков.