Новото раководство на СДСМ ќе се избере идната недела


Централен одбор на кој новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски планира да го избере новото раководство на партијата се очекува да се одржи кон крајот на следната недела. Ковачевски, според информациите на ТВ 24 се среќава со функционерите во раководството што се во оставка. Интересно е што иако нема партиска функција на агендата на  Ковачевски …

Новото раководство на СДСМ ќе се избере идната недела Read More »

Бугарија додала свои услови на заклучоците на ЕУ за Македонија


  Бугарија, како и при првата расправа за Македонија во ЕУ, на последниот министерски состанок приложила  нов документ , т.е. национална изјава како дополнение на заклучоците што беа усвоени од министрите.  Како што се дознава од дипломатски извори, во документот не само што нема помирливи позиции туку во некои делови има и поригидни, како барањето …

Бугарија додала свои услови на заклучоците на ЕУ за Македонија Read More »

Битиќи: Мандатарот е тој што ќе одлучи дали ќе бидам во новата влада


Новиот мандатар е тој што ќе одлучи дали ќе бидам во идната влада или не, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. – И пред 18 месеци, пред да се формира новата влада, реков дека ако мандатарот смета оти јас сум доволно спремен да одговорам на задачите секогаш сум подготвен да бидам дел од …

Битиќи: Мандатарот е тој што ќе одлучи дали ќе бидам во новата влада Read More »

Премиерот Заев ќе ја поднесе оставката следната недела


Премиерот Зоран Заев синоќа најави дека оставката на премиерската функција ќе ја поднесе во текот на наредната недела. Очекува по формализирањето на оставката во Собранието, неговиот наследник како нов премиер да биде Димитар Ковачевски, а првиот успех на Владата да е одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ. – Овие денови завршуваме со консултациите со …

Премиерот Заев ќе ја поднесе оставката следната недела Read More »

Ковачевски ја презеде од Заев функцијата претседател на СДСМ


Во седиштето на СДСМ попладнево беше извршено примопредавање на функцијата претседател на партијата од досегашниот лидер Зоран Заев на новоизбраниот Димитар Ковачевски.   Заев, како што информира прес службата на СДСМ, му ја честиташе победата на новоизбраниот Ковачевски и му посака успешен мандат.   -Претседателе ти посакувам среќа, мудроста ја имаш, да ја чуваш оваа …

Ковачевски ја презеде од Заев функцијата претседател на СДСМ Read More »

Бугарија не се водела од рокови за Македонија, туку од резултати, вели Радев


Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека е задоволен што европските лидери „конечно разбрале каде е вистинскиот проблем со Северна Македонија“ и оти сите обиди да се изврши притисок врз Софија се контрапродуктивни. – На сите европски совети – од мај, разговарав со секој европски лидер на тема РС Македонија. Сакам да им се заблагодарам, …

Бугарија не се водела од рокови за Македонија, туку од резултати, вели Радев Read More »

Шекеринска: Бугарското вето „успеа” да ја ослаби улогата и влијанието на ЕУ во целиот регион


Неуспехот да се испорача тоа што Северна Македонија го заслужува, ја загрозува ЕУ во еден важен регион кој е опкружен со членки на Унијата. И затоа изгледа дека бугарското вето „успеа“ таму каде што не успеаја други надворешни влијанија – да ја намали моќта и влијанието на ЕУ во целиот регион на Западен Балкан, истакна …

Шекеринска: Бугарското вето „успеа” да ја ослаби улогата и влијанието на ЕУ во целиот регион Read More »

СДСМ: Нема потреба од парламентарни избори


Како држава ние направивме се за исполнување на условите и за отпочнување на преговори за членство во Европската Унија. Очекувањата Бугарија да ја подигне рампата и да ја тргне блокадата во духот на европските вредности навистина се оправдани, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, коментирајќи ги синоќешните вести за земјава од Брисел. Околу нагодувањата за …

СДСМ: Нема потреба од парламентарни избори Read More »

Османи: Треба да почекаме да заврши судскиот процес за „Диво Насеље“


Треба да почекаме да заврши процесот за „Диво Насеље“, кој моментално е пред Врховниот суд во Северна Македонија, изјави денеска претседателката на Косово, Вјоса Османи, посочувајќи дека Република Косово ќе даде целосна поддршка во случај на меѓународна истрага и вклучување на надворешни експерти за да се откријат сите околности кои што се однесуваат на овој …

Османи: Треба да почекаме да заврши судскиот процес за „Диво Насеље“ Read More »

За Пендаровски „Отворен Балкан“ е фалична иницијатива


Мојот став е дека „Отворен Балкан“, по претпоставка да ги вклучи сите шест држави, може да биде само една од алатките, само еден од инструментите за подобрување на регионалната економска и трговска соработка, значи не политичка, и „Отворен Балкан“ може само да биде дел од Берлинскиот процес, изјави претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, прашан …

За Пендаровски „Отворен Балкан“ е фалична иницијатива Read More »

Вигенин: Позицијата на Бугарија за Македонија не е променета


Позицијата на Бугарија за Република Северна Македонија не е променета. Тоа го изјави пред новинари во парламентот Кристијан Винегин, заменик-претседател на Народното собрание. Вигенин потсети дека вчера Министерството за надворешни работи ја потврдило таа позиција на Советот за заеднички работи на ЕУ. „Таа позиција се наоѓа и во коалицискиот договор. Таму исто така е запишано …

Вигенин: Позицијата на Бугарија за Македонија не е променета Read More »

Македонија ќе му ги пренесе на Косово искуствата од евроинтеграцијата


Северна Македонија и Косово се две пријателски земји, посветени на искористување на можностите за зајакнување на билатералната соработка во сите области и се важни трговски партнери, изјави претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на заедничката прес-конференција со неговата косовска колешка Вјоса Османи во Приштина. – Неодамна се одржа првата заедничка седница на владите на двете земји, …

Македонија ќе му ги пренесе на Косово искуствата од евроинтеграцијата Read More »

Пендаровски контра Петков: Шест месеци се премногу за решавање на спорот со Бугарија


За претседателот Стево Пендаровски е прифатлив предлогот на новоизбраниот бугарски премиер, Кирил Петков, историјата да не биде единствениот фокус на разговори, но смета дека најавениот период од шест месеци за надминување на спорот, е долг бидејќи, како што кажа, спорот можело да се реши побрзо. „Мене ми е прифатлив пристапот на новиот бугарски премиер кој …

Пендаровски контра Петков: Шест месеци се премногу за решавање на спорот со Бугарија Read More »

Претседателот Пендаровски пристигна во официјална посета на Косово


Косово – Шефот на државата Стево Пендаровски утрово пристигна во Приштина во официјална посета на Косово, каде беше пречекан со највисоки државни и воени почести од неговата косовска колешка Вјоса Османи-Садриу. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Приштина, по официјалниот пречек, Пендаровски и Османи-Садриу одржаа тет-а-тет средба, по што се одржа пленарен состанок на …

Претседателот Пендаровски пристигна во официјална посета на Косово Read More »

Османи: Бугарија има право на вето, но шест месеци е предолг период


Бугарија има право на вето, но шест месеци е предолг период во контекстот во кој се наоѓа регионот, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, коментирајќи го ставот на новиот бугарски премиер Кирил Петков. Тој посочува дека одлуките за проширување на ЕУ се носат со консензус меѓу членките, како и дека нашата позиција е принципиелна …

Османи: Бугарија има право на вето, но шест месеци е предолг период Read More »

Дојче веле: Заев ќе се повлече по обраќањето на Пендаровски во Собранието


Премиерот Заев ќе се повлече од функцијата по годишното обраќање на шефот на државата Стево Пендаровски во Собранието, изјавиле неофицијално за „Дојче Веле“ извори од владејачката коалиција. Не прецизираат дали тоа ќе биде истиот ден или ден потоа, но според овие извори, намерата на премиерот била да се повлече пред крајот на годината, со цел …

Дојче веле: Заев ќе се повлече по обраќањето на Пендаровски во Собранието Read More »

Мицкоски му се јавил на Ковачевски да му честита на изборот


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска рече дека му го честитал на Димитар Ковачевски за изборот за лидер на СДСМ. Тоа тој го соопшти во во гостувањето во емисијата „Објектив“ на МТВ, одговарајќи на прашањето дали се слушнал со Ковачевски по неговиот избор за претседател на СДСМ. Според она што го изјави Мицкоски тоа повеќе …

Мицкоски му се јавил на Ковачевски да му честита на изборот Read More »

Мицкоски: Aко Бугарите бараат промена на Устав, тогаш и тие тоа да го направат


Ние секогаш сме за добри односи со соседите, но секако бараме и ресипроцитет. Ако ние треба да ја заслужиме почитта на соседите и тие ќе треба да ја заслужат нашата почит. Ако Бугарите бараат промена на Устав, тогаш и тие тоа да го направат, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски во интервјуто за МРТ.  „Свесни …

Мицкоски: Aко Бугарите бараат промена на Устав, тогаш и тие тоа да го направат Read More »

БТА испраќа дописник и отвора прес-клуб во Скопје


БТА акредитира постојан дописник во Скопје, кој бугарските медиуми го немаат веќе 10 години и ќе биде првиот медиум од Бугарија кој ќе отвори прес-клуб во Република Северна Македонија. Како што јави Агенцијата, дописник на БТА од Скопје ќе биде Маринела Величкова, чија професионална кариера е поврзана со покривање и анализирање на процесите на Балканот …

БТА испраќа дописник и отвора прес-клуб во Скопје Read More »

Вучиќ: Не се радуваме на отворањето на кластерот, би сакале и нашите пријатели од Северна Македонија тоа да го направеа


 На отворената седница на српската Влада, на која присуствуваше претседателот Алекандар Вучиќ, тој оцени дека отворањето на кластерот 4 е важен сигнал дека ЕУ го поддржува натамошниот напредок на Србија на нејзиниот европски пат, но и дека во Србија се работело вредно и добро, јави дописникот на МИА од Белград. -Ние сме единствената земја од …

Вучиќ: Не се радуваме на отворањето на кластерот, би сакале и нашите пријатели од Северна Македонија тоа да го направеа Read More »