Вигенин: Позицијата на Бугарија за Македонија не е променета


Шефот на изборниот штаб на БСП, Кристијан Вигенин

Позицијата на Бугарија за Република Северна Македонија не е променета. Тоа го изјави пред новинари во парламентот Кристијан Винегин, заменик-претседател на Народното собрание.

Вигенин потсети дека вчера Министерството за надворешни работи ја потврдило таа позиција на Советот за заеднички работи на ЕУ.

„Таа позиција се наоѓа и во коалицискиот договор. Таму исто така е запишано дека се поддржува широк консензус во Бугарија по тоа прашање“, коментира Вигенин.

Вигенин им препорача на новиарите да ги видат и оргиналните текстови на интервјуата. Тој алудира на интервјуто на премиерот Кирил Петков за „Фајненшел тајмс”.

„Начинот на кој е цитирано интервјуто во бугарските медиуми, не е тоа што се наоѓа во оргиналниот текст. Одново истакнувам – бугарската позиција останува единствена, таа е истата што е потврдена со одлуката на Народното собрание. Во нашиот договор пишува дека таа позиција останува и ќе биде надградена со идеи за нови заеднички комисии, за соработка во одделни области“, рече Вигенин.

Според него, додека Република Северна Македонија не ги исполни ангажманите кон бугарската страна, нова позиција по тие прашања не може да има, и засега Бугарија не може да даде согласност за старт на преговорите меѓу Македонија и ЕУ.