Мицкоски му се јавил на Ковачевски да му честита на изборот


Фото: Б. Грданоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска рече дека му го честитал на Димитар Ковачевски за изборот за лидер на СДСМ. Тоа тој го соопшти во во гостувањето во емисијата „Објектив“ на МТВ, одговарајќи на прашањето дали се слушнал со Ковачевски по неговиот избор за претседател на СДСМ. Според она што го изјави Мицкоски тоа повеќе бил куртоазен разговор и не станало збор за можна средба.

Мицкоски изјави дека не очекува промена во политиките на СДСМ затоа што Ковачевски покажал благ наклон кон Зоран Заев вечерта кога беа соопштени резултатите од внатрепартиските избори во владејачката партија.