Надворешната и безбедносната политика целосно усогласена со ЕУ, нотира Европската комисија


Северна Македонија во делот на поглавјето 30 – надворешни односи е умерено подготвена и има постигнато добро ниво на подготвеност, а во однос на поглавјето 31 – заедничка безбедносна и одбранбена политика постигнат е многу добар напредок со целосното усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ по руската инвазија на Украина, нотира ЕК […]

Зеленски му додели орден „Јарослав Мудриот“ на Талат Џафери


Украинскиот претседател Володимир Зеленски додели орден на кнезот Јарослав Мудриот на неколку светски политичари, меѓу кои и претседателот на Собрание на Република Северна Македонија, Талат Џафери. Орденот се доделува за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во […]

Граѓаните имаат повеќе трошоци од плата, понудата за гас е доставена до Владата


Граѓаните имаат повеќе трошоци, а помалку плата, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, велејќи дека не само што не е покачена просечната плата како што кажува премиерот туку реалното покачување е негативно. Според него, инфлацијата во Македонија е убедливо највисока во регионот и изнесува 18,7 проценти, така што зголемувањето на платите не е реално, […]

Славески тврди дека Арсовска им врши мобинг на вработените, бара тело што ќе ја контролира


„Советите на Општините, Градот Скопје преку избрани претставници што ги назначуваат во управните и надзорните одбори ја вршат функцијата управување. Управниот одбор ја поставува рамката за работење на претпријатието, врши одредена контрола, стратегиски правци, планови и итн. Но, не секојдневното работење. Не може да очекувате и членовите на управните одбори кои што не ја вршат […]

Клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград сепак ќе се отвори, градоначалникот се премислил


  Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград сепак ќе се отвори.  Градоначалникот на Благоевград се премислил, како што соопштија од иницијативниот комитет и дозволил клубот да биде отворен на 30 октомври. На свеченоста, според соопштението,  поканети се и првите луѓе на македонската и на бугарска влада. Клубот е основан од иницијативен комитет, во чиј […]

Спасовски го изненадија со торта во македонската амбасада во Берлин


Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го прослави својот 46-ти роденден.  Доби торта по повод роденденот.  „Благодарност за изненадувањето од страна на мојот тим и од македонската амбасада во Берлин“, порача Спасовски од Берлин.  Тој ја предводи делегацијата на МВР на Берлински процес.  Фото: Оливер Спасовски / Фејсбук

Вархеи најавил финансиски пакет од милијарда евра за Западен Балкан


  На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес во Берлин, денес, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со комесарот за проширување и соседство Оливер Вархеи. На средбата Османи го поздрави неодамна објавениот Извештај на ЕК за Македонија, со кој се признава генерално добриот реформски напредок на […]

Советник од СДСМ во Куманово поднесе оставка, ќе работи во странство


Советникот од советничката листа на коалицијата на СДСМ Мартин Захариев, поднесе оставка на функцијата, поради вработување во странство, пренесе Kumanovonews. По предлог на Комисијата за мандатни прашања денеска Советот ја прифати оставката на Захариев и со тоа му престанува мандатот. На наредната седница ќе биде верификуван мандатот на новиот советник, кој е следен на листата […]

Алијансата има услови за да прифати уставни промени, бара поголеми права за Албанците


Алијанса за Албанците ќе ја поддржи промената на Уставот, но само под услов да се прифати нејзиниот пакет од 5 барања, изјави Арбен Таравари на денешната прес-конференција во Тетово. Според него, тие нивни барања биле едноставни и Владата би требало без проблеми да ги прифати. Тој не сакаше подетално да зборува за барањата, велејќи дека […]

Бербок: „Пробив“ на Западен Балкан на патот кон ЕУ


Земјите од Западен Балкан сакаат да создадат заеднички регионален пазар и на тој начин да направат важен чекор кон членството во Европската унија, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок додека беше домаќин на министрите за надворешни работи на земјите од регионот. Според договорот, луѓето во регионот ќе можат да ја минуваат границата […]

Гордан Георгиев: Дечки, дај стварно, тргнете ја некако Данела


Политикологот Гордан Георгиев, преку статус на Фејсбук, повикува да се тргне од градската власт скопската градоначалничка Данела Арсовска, па дури и предлага, двете најголеми политички партии кои се ривали, да се обединат со цел да се смени таа од позицијата. „Ретко искажувам дневно- политички ставови, ама дечки дај стварно тргнете ја некако Данела, не знам […]

Oсмани се сретна со Бербок


 Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Берлин оствари средба со сојузниот министер за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Аналена Бербок. Како што соопшти МНР, Османи и Бербок на средбата изразија задоволство од високото ниво на политички дијалог и партнерските односи кои Северна Македонија и Германија ги воспоставија во изминатите 30 години дипломатски […]

Османи – Милков: Провокациите на поединци и групи не треба да ги загрозат добрососедските односи


Не треба да се дозволи провокациите на поединци и групи да ги загрозат добрососедските односи, заклучија министерите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков на денешната средба во Берлин одржана на маргините од министерскиот состанок на Берлинскиот процес. – На средбата беа разгледани и бројните провокации од групи […]

Џафери ги учи пратениците да бидат објективни кон ревизорските извештаи


Независно кои партии се на власт, а кои во опозиција, пристапот во третирањето на ревизорските извештаи секогаш треба да биде објективен, транспарентен и со високо ниво на стручност во читањето, разбирањето и одлучувањето од страна на пратениците, порача денеска претседателот на Собранието Талат Џафери. Пред потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Државниот завод за ревизија […]

И тоа доживеавме: За клубовите Софија се повика на Европската конвенција за малцински права што не ја почитува


Северна Македонија ги загрозува основните права на Бугарите утврдени со Европската конвенција за човекови права, како што се правото на здружување, собирање, слобода и слободно изразување на убедувањето, изјави денеска бугарскиот заменик министер за надворешни работи Костадин Коџабашев. – Во таа насока, принудени сме да ја потсетиме земјата која е кандидат за членство во Европската […]

Фрчат ноти меѓу Бугарија и Македонија, сега против Костадинов од Преродба


  Фрчат ноти меѓу Македонија и Бугарија откако двете земји се договорија да го следат говорот на омраза и откако бугарските божемни културни клубови ја запалија поворно атмосферата меѓу Скопје и Софија. Последна таква реакција е на нашето Министерство за надворешни работи кое денес испрати реакција до Бугарија поради говорот на Костадин Костадинов  од новоформираната […]

Македонското и бугарското МНР со изјави за навредите, за ЕУ амбасадорите добрососедството суштинско за евроинтеграциите


Министерството за надворешни работи вчера ги осуди непримерните квалификации во содржината на Декларацијата на Советот на Општина Благоевград, што се однесуваат на македонскиот народ. Бугарското МНР, пак, излезе со став дека секакви јавни изјави со кои се навредува или провоцира другата страна се апсолутно неприфатливи. Тие, се посочува, не го претставуваат официјалниот став на бугарската […]

Претставниците на Западен Балкан постигнаа договор во Берлин за усогласување на визниот режим со ЕУ


Германија–Официјални претставници на Западен Балкан и на Европската унија во Берлин договорија мерки за спречување на илегалната миграција на „балканската рута“, од кои најважни се усогласувањето на визната политика на западнобалканската шесторка со стандардите на ЕУ и сузбивањето на шверц на луѓе, соопшти германското МВР. На состанокот на министрите за внатрешни работи како дел од […]

Средба на Спасовски со еврокомесарката за внатрешни работи Јохансон


 На маргините на Берлинскиот процес, со еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон разговаравме за досегашниот напредок на Република Северна Македонија во однос на правдата, слободата и безбедноста на државата, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. Спасовски напиша дека со особено задоволство ја информирал Јохансон дека Владата на Република Северна Македонија […]

Гир: Пристапување во ЕУ не мора да значи откажување од историјата и идентитетот


  Добрососедските односи се суштински дел на евроинтергративниот процес, а процесот на пристапување во ЕУ може да помогне за поголема промоцијата и унапредување на односите, не мора да значи откажување од историјата и идентитетот, туку напоротив. Членството носи предности како поголема стабилност, просперитет и демократска одговорност, порача евроамбасадорот Дејвид Гир во обраќањето на конференцијата „Можности […]