Ковачевски во февруари на средба со Зеленски во Украина


Премиерот Димитаер Ковачевски соопшти денес дека на почетокот на февруари ќе патува во Украина и таму ќе се сретне со претседателот Володомир Зеленски. Претходно во Укераина по вторпат ќе престојува и шефот на дипломатијата Бујар Османи, а двете посети се во рамките на претседавањето на Македонија со ОБСЕ. 

-Ние сме држава што претседава ОБСЕ, што е обврска но и можност за промоција на Северна Македонија, која го предводи процесот на унапредување на мирот во Европа. На почетокот на идниот месец министерот Бујар Османи ќе патува во Украина, а исто така и јас на почетокот на фебруари  ќе престојувам на состанок  во Виена и потоа во Украина каде што ќе имам средба со претседателот Зеленски“, соопшти Ковачевски. 

Околу заминувањето на поранешниот директор на АНБ Виктор Димовски во Париз и информацијата од вчера дека на таа позиција заминува Пајо Арвировиќ, кадар од МНР, Ковачевски се огради со зборовите дека именувањата на амбасадори не се тема за која се коментира во јавноста.