Петровска: Досега од Армијата не е побарано учество во никаков воен конфликт


Досега од нашата Армија не е побарано учество во никаков воен конфликт. Армијата, односно Министерството за одбрана и безбедносните сили ќе ги следат одлуките на НАТО, при што потсетувам дека како земја членка на Алијансата рамноправно учествуваме во донесување на одлуките, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во врска со можноста наши војници да бидат …

Петровска: Досега од Армијата не е побарано учество во никаков воен конфликт Read More »

Собранието не може да избере уставни судии поради блокадата во Комисијата за избори и именувања


Се опструира работата на Комисијата за избори и именувања и во моментов Собранието не може да избере уставни судии и да овозможи непречено функционирање на Уставниот суд, се вели во одговорот од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери, на писмото од претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Од Кабинетот на претседателот на Собранието, информираат …

Собранието не може да избере уставни судии поради блокадата во Комисијата за избори и именувања Read More »

Пржинската влада не може да се укине со желба на само една партија, вели Ковачевски


  Премиерот Димитар Ковачевски порача денеска дека било какви промени во однос на функционирањето и постоењето на Пржинска влада треба да дојде како резултат на политички договор меѓу четирите политички партии кои учествуваа и во нејзиното формирање. „Со оглед на тоа што Пржинската влада е договорена помеѓу четирите најголеми партии, тоа значи дека и начинот …

Пржинската влада не може да се укине со желба на само една партија, вели Ковачевски Read More »

СДСМ: Срамно е ова што ВМРО-ДПМНЕ му го прави на Гоце Делчев


  СДСМ денеска ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека со предложената декларација му нанесува штета на македонскиот револуционер и на неговото дело. Па, затоа тие нема да ја поддржат декларацијата и бараат од ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече. Координаторот на пратеничката група на партијата, Јован Митрески, изјави дека е „срамно што ВМРО-ДПМНЕ се обидува ова му да …

СДСМ: Срамно е ова што ВМРО-ДПМНЕ му го прави на Гоце Делчев Read More »

Фашистичка или профашистичка – како Бугарија го решаваше еврејското прашање


  Изјавата на копретседателот на заедничката Историска комисија, Драги Ѓоргиев, дека бугарската сателитска држава за време на Втората светска војна била профашистичка, но не и целосно фашистичка, крена на нозе редица овдешни историчари и интелектуалци. Надвор од окупацијата што тогашната бугарска држава ја направи на територии во јужна Србија, Македонија и Северна Грција (подарок на …

Фашистичка или профашистичка – како Бугарија го решаваше еврејското прашање Read More »

Седници на четири собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија. Законодавно-правната комисија ќе одржи три седници, на кои ќе бидат разгледани повеќе закони со европско знаменце, меѓу кои и Предлог на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета, во прво читање. …

Седници на четири собраниски комисии Read More »

Неделава нова средба на експертско ниво за политичкиот пакет прашања со Бугарија


Неделава, на 10 или 11 февруари, двете министерства за надворешни работи, на Северна Македонија и на Бугарија, во Софија ќе ги продолжат разговорите на експертско ниво за политичкиот пакет прашања во обид за надминување на разликите меѓу двете земји. Состаноците на работните групи, пак, кои беа формирани на заедничката меѓувладина седница што се одржа во …

Неделава нова средба на експертско ниво за политичкиот пакет прашања со Бугарија Read More »

Ѓорѓиев: Бугарија профашистичка да, меѓутоа фашистичка не


Новиот ентузијазам повеќе се должи на динамиката на работата на Комисијата. Тука јас гледам дека можеби можеме да помогнеме, а како ќе течат работите во разговорите во самата комисијата тоа е веќе друго прашање, вели за Радио Слободна Европа копретседателот на Заедничката комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев, прашан за средбата со Ангел …

Ѓорѓиев: Бугарија профашистичка да, меѓутоа фашистичка не Read More »

По реакциите на јавноста, Министерството за правда се откажа од „негативно мислење“


Министерството за правда соопшти дека формулацијата во однос на предлог Законот за граѓанска одговорност каде за навреда се одговара и за „негативно мислење“, е грешна формулација за што ќе се интервенира веднаш во амандманската расправа. „Министерството за правда целосно ги поддржува новинарски слободи и права и сите закони ги носи заедно со здруженијата, а во …

По реакциите на јавноста, Министерството за правда се откажа од „негативно мислење“ Read More »

Трајанов: Предлагаме промени само за една изборна едниница и без изборен праг


Повеќе од 20 години се расправаме, отвораме расправа  околу промена на изборите правила, реформите на Изборниот законик, но првпат имаме суштинска отворена аргументирана расправа во која се вклучени и други политички партии,  истакнува претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов за емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77 во однос на измените на Изборниот законик. Анализата, наведува …

Трајанов: Предлагаме промени само за една изборна едниница и без изборен праг Read More »

Ковачевски: Дебатите на релација Скопје – Софија досега ги водеа пропагандисти


Ни треба решение, засновано на меѓусебно почитување и на европските вредности. Ова решение треба да резултира со укинувањето на ветото на Бугарија и да послужи како основа за добра соработка меѓу нашите две земји, изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за белгискиот најтиражен дневен весник „Ла Либре“. Тој додаде дека процесот за започнување на преговорите …

Ковачевски: Дебатите на релација Скопје – Софија досега ги водеа пропагандисти Read More »

Ковачевски: Неблагодарно е сега да се зборува за членство на Украина во НАТО


Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, не сака да се произнесе за евентуално членство на Украина во Северноатлантската алијанса, тоа е став кој се координира со сојузници, изјави тој за интервју за МИА од Брисел. Премиерот во Брисел се сретна прво со Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, каде Северна Македонија е сега полноправна членка. …

Ковачевски: Неблагодарно е сега да се зборува за членство на Украина во НАТО Read More »

Замрзнувањето на Историската комисија би било минирање на Договорот, вели Османи


  Политиката на политичарите, историјата на историчарите. Така министерот за надворешни работи Бујар Османи ги објасни последните настани околу работата на Комисијата за историски прашања и „радикалниот предлог“ на копретседателот од македонската страна Драги Ѓоргиев за прекин од две години на нејзината работа. Османи на денешниот разговор со новинарите рече дека досега не реагирале на …

Замрзнувањето на Историската комисија би било минирање на Договорот, вели Османи Read More »

На 11 февруари ќе биде првиот лет од Софија


  Првиот лет од Софија до Скопје пристигнува на 11 февруари, во кој ќе биде бугарска делегација предводена од министерот за транспорт и комуникации на Република Бугарија, Николај Сабев, придружуван од бугарските тур-оператори. Тие во Скопје ќе разговараа за воспоставување на авиолинијата Скопје – Софија како редовна, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој …

На 11 февруари ќе биде првиот лет од Софија Read More »

Ковачевски : Одолговлекувањето на ЕУ процесот ја намалува посветеноста на општеството


Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, прифати да одговори на неколку прашања за МИА по неговата прва работна посета на Брисел, седиштето на ЕУ и НАТО, каде тој оствари средби со челниците на овие две организации. Ковачевски сака брзо но и квалитетно решение со соседна Бугарија за да се отворат долгоочекуваните и заслужени преговори со …

Ковачевски : Одолговлекувањето на ЕУ процесот ја намалува посветеноста на општеството Read More »

Австриската министерка Едшатдлер оптимист за кревање на блокадата по разговорите во Софија


  Сите австриски медиуми денеска го објавија соопштението на австриската новинска агенција АПА за посетата на Каролин Едштадлер, австриска министерка за ЕУ ​​и устав. Медиумите објавија дека Каролин Едштадлер изразила надеж дека со нејзината дводневна работна посета ќе придонесе за поголема динамика по прашањето за „досега блокираниот од Бугарија почеток на преговорите за пристапување на …

Австриската министерка Едшатдлер оптимист за кревање на блокадата по разговорите во Софија Read More »

Изборната кампања за градоначалник на Маврово Ростуше и Центар Жупа почнува на 12 март


Државната изборна комисија вечерва усвои Роковник за изборни дејности за изборите за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и градоначалник на Центар Жупа. Членот на ДИК, Борис Кондарко, во своето образложение истакна дека Изборниот список ќе биде ставен на увид од 19 февруари до 10 март, односно наведе дека овој список ќе биде ставен на …

Изборната кампања за градоначалник на Маврово Ростуше и Центар Жупа почнува на 12 март Read More »

Македонската и бугарската делегација положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев


Делегации на владите на Северна Македонија и на Бугарија предводени од министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска и шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска попладнево се поклонија и положија цвеќе пред гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас по повод 150 години од неговото раѓање. Министерката Костадинова Стојчевска беше придружувана од заменик-министерката за надворешни …

Македонската и бугарската делегација положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев Read More »

На 17 април избори за градоначалник за Маврово-Ростуше и Центар Жупа


На 17 април ќе се одржат изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и за Центар Жупа. Решението за распишување на избори денеска го потпиша претседателот на Собранието Талат Џафери. – Решението ќе го спроведат Државната изборна комисија, Општинските изборни комисии и Избирачките одбори, а влегува во сила со денот на објавување во „Службен …

На 17 април избори за градоначалник за Маврово-Ростуше и Центар Жупа Read More »

Кирил Петков ја отфрли идејата Историската комисија да ја замрзне работата


Бугарскиот премиерот Кирил Петков денеска го отфрли предлогот на копретседателот на Истриската комисија, Драги Ѓоргиев, да се суспендира нејзината работа на две години. „Политиката ја водат политичари, а не експерти. Ние поставивме јасна политичка рамка во нашите дискусии, имаме јасен став на бугарската влада, на Северна Македонија – исто така. Така што овие работи не …

Кирил Петков ја отфрли идејата Историската комисија да ја замрзне работата Read More »