За Бугарија македонската резолуција е чекор назад во преговорите


Бугарскиот службен министер за надворешни работи Светлан Стоев во интервју за софискиот весник „24 часа“ рече дека во последните два месеца инвестирале „сериозно време и напори“ во разговорите со Северна Македонија, но нагласи дека резолуцијата на македонското собрание го „стеснува полето на можности за компромис“. „Наспроти ова, за жал, се појавуваат нови предизвици во билатералната […]

Пратениците на одмор, локалните избори ќе се распишат на 6 август


Пратениците се на годишен одмор. Претседателот на Собранието Талат Џафери локалните избори ќе ги распише на 6 август, а ќе се одржат согласно законскиот термин на 17 октомври годинава. Како што потврдуваат од Кабинетот на Џафери и според Деловникот на Собранието, одморот на пратениците е до крајот на август. Претседателот на Собранието може и за време […]

Мицкоски отиде во Белград да се види со Вучиќ


По минатонеделното лансирање на иницијативата Отворен Балкан, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, отиде во Белград да разговара со српскиот претседател и лидер на Српската напредна странка, Александар Вучиќ, за регионалната и меѓупартиската соработка. Со Мицкоски биле и потпретседателот на партијата Александар Николоски и претседателот на партијата на Србите во Македонија, ДПСМ, Иван Стоилковиќ. Според соопштението […]

Пораки за обединување од прославите на Илинден, одбележувањето на празникот во сенка на пожарите


Пораки за обединување беа упатени вчера од прославите организирани во Скопје, Пелинце и Крушево по повод одбележувањето на 2 Август Илинден – Денот на Републиката. Со Илинденското востание и Крушевската Република во 1903, а потоа и на вториот Илинден во 1944 година со Првото заседание на АСНОМ беа поставени столбовите на Републиката и на државноста. […]

Заев ја напушти прославата во Крушево и замина во Кочани


Некаде пред 21 часот премиерот Зоран Заев ја напушти прославата на Илинден во Крушево (кога уште свиреше Влатко Стефановски) и замина за Кочани, каде е многу сериозна ситуацијата со пожарот, затоа што градот се наоѓа во обрач од огнот кој веќе навлезе во него и зафати повеќе куќи. Градската противпожарна служба се бори со сите […]

Мицкоски до Османи: Груба провокација е да се кажува дека Илинден е празник и на Бугарите


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагираше на денешната изјава на министерот Бујар Османи, порачувајќи му дека е груба провокација да се кажува дека Илинден е празник и на Бугарите „Илинден е важен ден за Бугарија, понатаму ќе каже ‘заедничка историја’ министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи. Една кратка историска лекција: Св. Илија/Илинден во […]

Мицкоски го немаше на Мечкин Камен, но дојде Александар Пандов


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не дојде на централната прослава на Илинден на Мечкин Камен во Крушево, но таму се појави Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на партијата. Но како дел од коњаницата што стигна во Крушево. Пандов преде неколку дена тргна од Скопје кон Крушево заедно со група коњаници облечен во комитска облека […]

Груби: Само здружени им прокосиме на препреките


 Кога Албанците, Македонците и другите се здружени, им пркосат на препреките и ги отвораат перспективите за идните генерации да живеат во мир, слобода, демократија и во пријателство со другите народи. Токму Илинден го одбележуваме како еден од тие моменти на соединување во историјата за подобра заедничка иднина за сите нас, се вели во честитката од […]

Мицкоски од Ташмаруништа повика на обединување – но против власта


Работата не е да направиме коалиција за власт, туку коалицијата на народот против Заев, порача лидерот на опозицијата   Порака за обединување во блок против актуелната власт испрати денеска од Ташмаруништа лидерот на ВМРО–ДПМНЕ Христијан Мицковски. На одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката, лидерот на најголемата опозициска партија рече дека обединувањето ќе значи […]

Руската амбасада го честиташе денот на македонската државност


Руската амбасада во Скопје се приклучи на честитките за Илинден и порача дека со овој празник се поставени темелите на македонската државност.   -Честитки до нашите македонски пријатели за државниот празник – Денот на Републиката! На овој ден им оддаваме почит на хероите на Илинденското востание во 1903 година и антифашистичките борци кои ги поставија […]

Османи до Софија: Преку Илинден да покажеме меѓусебно признавање


Втори август – Илинден е важен ден во историски контекст за нашата земја, важен празник преку кој го негуваме значењето на вредностите на Крушевскиот манифест и Асномските заклучоци, кои заедно со Охридскиот рамковен договор ги вреднуваме како столбови во изградбата на нашата заедничка држава, истакна во видеообраќање министерот за надворешни работи Бујар Османи. -Во современиот […]

Амбасадата на САД го честита Илинден


 Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија упати честитка на официјалниот фејсбук профил по повод националниот празник 2 Август – Илинден. -Од сите нас во Американската aмбасада, Честита 118-та годишнина од Илинден! , стои на фејсбук статусот  на Амбасадата. 

Џафери: Не беше лесно да опстанеме


Пораки за заемно почитување, за општество на сите граѓани и европска иднина, испрати претседателот на Собранието, Талат Џафери, во неговото обраќање по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката. „Ако го погледнеме Крушевскиот манифест, документите на АСНОМ од ’44-та ќе видиме дека јасно се дефинирани општите и посебни човекови права и слободи во кои […]

Заев од Пелинце: Го живееме третиот Илинден, тој нема крај


Премиерот Зоран Заев повика на обединување и единство од Пелинце, порачувајќи дека тоа е дел од нашиот Трет Илинден што никако да го оствариме. Во остварените идеали од овој голем празник тој ги стави и референдумот на независноста, и Преспанскиот договор, и членството во НАТО, Охридскиот договор, приемот во ОН со печат на македонскиот јазик […]

Пендаровски: Еднаш добиена, слободата мора да се одржува преку посветена работа


Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, во која посочува дека слободата е највисокиот идеал и цел на еден народ, но еднаш добиена, мора да се одржува преку посветена работа на секоја нова генерација.  „Слободата е највисокиот идеал и цел на еден народ. Таа започнува како идеја на […]

Илинден прогласен за ден на македонско-американското наследство во Вашингтон


Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Бaузер, и годинава заедно со Македонците кои живеат и работат во САД, го одбележува празникот Илинден. Формално, празникот лани беше прогласен како Ден на македонско-американската традиција кој редовно се одбележува на 2 август. Во проглас испратен викендов до Македонците во САД по овој повод, а кој Обединета македонска дијаспора (ОМД) го […]

Политичарите и годинава не се обединија околу одбележувањето на Илинден


Сто и осумнаесет години од Крушевската република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ се одбележуваат денеска на 2 Август – Денот на Републиката. Со Илинденското востание и Крушевската република во 1903, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со Првото заседание на АСНОМ беа поставени столбовите на Републиката и на државноста. […]

Со праг или без за независните листи, донесувањето на измените на Изборниот законик во Собранието неизвесно


Сè поизвесен консензусот меѓу власта и опозицијата за намалување, односно укинување на изборниот праг за независните кандидати, а начелно е постигната согласност меѓу големите четири партии во која насока да се оди со измените на Изборниот законик, кои веќе се во собраниска процедура, а за нив би се расправало веднаш по одморите. Измените на Изборниот […]

ВМРО-ДПМНЕ не престанува да го дели Илинден


ВМРО-ДПМНЕ не престанува да го дели Илинден, а изговор за одлуката да не оди на прославата, на која вообичаено оваа партија кога не е на власт организира исвиркувања и скандали, е наводното менување на трацијата за нардната прослава на Илинден.  -Политичар кој се плаши од својот народ треба веднаш да се спакува и да ја […]

Циркузант, нотар – редица навредливи обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски


Утрешната прослава на Илинден во Крушево може да се претвори во уште еден ден на делби наместо на ден на помирување, како што сакаше претседателот Стево Пендаровски. Шефот на државата годинава се одлучи за поинаков концепт на настаните на Мечкин Камен, без официјален говор, туку своевидна средба на политичките лидери за да се покаже поголемо […]