На 11 февруари ќе биде првиот лет од Софија


Министерот за транспорт Благој Бочварски

 

Првиот лет од Софија до Скопје пристигнува на 11 февруари, во кој ќе биде бугарска делегација предводена од министерот за транспорт и комуникации на Република Бугарија, Николај Сабев, придружуван од бугарските тур-оператори. Тие во Скопје ќе разговараа за воспоставување на авиолинијата Скопје – Софија како редовна, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска од Кочани.

Зборувајќи во Кочани, Бочварски нагласи дека  оваа авиолинија меѓу двата главни града треба да започне редовно да оперира од почетокот на месец март. Тур-операторите од двете земји, на заедничката средба, ќе понудат и трета дестинација, екстензија од летот Софија – Скопје, која треба да понуди нови можности за нашите граѓани, а ќе донесе како туристички, така и економски бенефит.

Минстерот Бочварски денеска беше во увид на изградба на социјалната зграда во Кочани, каде се градат 34 социјални станови. Тој очекува зградата да биде готова до крајот на оваа година. Бочварски истакна дека социјалните згради во Виница, Свети Николе, Гостивар и во Пробиштип се завршени.