Му подготвува ли Ахмети „свилен гајтан“ на Меџити?


Му подготвува ли Ахмети „свилен гајтан“ на Меџити? – е дилемата што се јавува откако лидерот на најголемата политичка партија на Албанците го именуваше шефот на дипломатијата Бујар Османи како координатор за политички процеси во чаирскиот огранок на ДУИ – финкција непозната досега во охранокот. Иако Османи молчи, одлуката ја потврди вицепремиерот Артан Груби кој […]

Алијансата за Албанците го скрои списокот за директори


Алијанса за Албанците го направи изборот на директори на институции коишто ќе му ги предложи на премиерот Димитар Ковачевски. За директор на МЕПСО ќе биде предложен пратеникот Сурија Рашиди, а за Македонски пошти советничката на Град Скопје Бујаре Абази. Со Фондот за пензиско предложен е да раководи Арсим Хасани, додека на директорската позиција во Тетовската болница доаѓа […]

Прекината расправата за избор на судии поради кавга за процедура


Седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата која требаше да продолжи попладнево е прекината, откако претседателката на Комисијата Марија Георгиевска од СДСМ и заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова почнаа да се препираат. На дневен ред на седницата е точката за утврдување предлог за избор на судии на Уставниот суд […]

Грковска се сретна со министерката за правда на Австрија, разговараа за корупцијата


  Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ, со која разговараа за потребата секоја држава да има ефикасен и независен правосуден систем. Вицепремиерката Грковска се заблагодари за поддршката што Австрија и ја дава на нашата држава на нашиот евроинтеграциски пат. Соговорничките разменија искуства […]

Шведската амбасадорка зборуваше на седница на Владата за приоритетите во ЕУ


  На почетокот на денешната владина седница, на покана на премиерот Димитар Ковачевски, се обрати амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џејн, која направи осврт на приоритетите и актуелностите на шведското претседателство со Советот на Европската унија. „Иднината на Западен Балкан е во Европската унија“, порача амбасадорката и потенцираше дека шведското претседателство е сериозно посветено на […]

Трајанов предложи закон за формирање независна агенција за борба против корупција и криминал


Пратеникот и претседател на Демократски сојуз Павле Трајанов на прес-конференција во Собранието соопшти дека денеска до собраниските служби поднел Предлог -закон за борба против тешките облици на организиран кримиал и висока корупција, кој како што вели, ќе овозможи искоренување на тешките облици на корупција, неселективна војна против криминалот и имплементација на европските вредности. -Скоро сите […]

Уставен суд го укина членот од законот како се избира претседател на Судскиот совет


  Уставниот суд денеска направи голема промена во начинот како се избира претседател на Судскиот совет со тоа што укина еден негов член. Досега овој член одредуваше дека претседателот на Советот и неговиот заменик се избираат од редот на членовите на Советот со право на глас кои се избрани од страна на Собранието на Македонија. Сега […]

Груби: Османи ја има мојата поддршка за повторно активирање на структурите во Чаир


Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби преку својот Фејсбук профил упати честитка до шефот на дипломатијата Бујар Османи за именувањето за „координатор на чаирскиот огранокот на партијата“. Груби во честитката посочува дека Османи ја има неговата поддршка во напорите за повторно активирање на структурите во Чаир. – На […]

Вицепремиерката Грковска во посета на Австрија


Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска е во тридневна работна посета на Виена, каде ќе има средба со австриската министерка за правда, Алма Задиќ, со цел продлабочување на соработката меѓу двете држави. Како што соопштија од владината прес служба, во рамки на посетата вицепремиерката Грковска ќе се сретне и со претседателот на […]

Британскиот претставник Стјуарт Пич во Скопје


  Стјуарт Пич, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан ќе ја посети Македонија од 6 до  8 март. Пич доаѓа за да ја потврди котинуираната посветеност на Обединетото Кралство во зајакнувањето на стабилноста и просперитетот во регионот на Западен Балкан. Тој се сретнa со претседателот Стево Пендаровски, а ќе има средби и со премиерот […]

Половина од граѓаните сметаат дека меѓународната заедница треба да ни ги избира судиите


  Половина од граѓаните сметаат дека меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 47,8 отсто од граѓаните сметаат дека меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на […]

Осмомартовски марш во организација на Форумот на жени на СДСМ


Под мотото „Еднакви и моќни“ членки на Форумот на жени на СДСМ од цела држава маршираа од Паркот на револуцијата, Могилата на непобедените до музејот „11 Октомври“ во центарот на Прилеп. Претставнички на членките на Форумот на жени и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски положија свежи цвекиња и се поклонија пред споменикот Жена борец во […]

ВМРО-ДПМНЕ: Владата купува леб за министрите од 80 денари


Ковачевски во Влада набавува леб поскап за 30 до 100% повеќе од цената која самиот ја пропишува, односно плаќа 41,4 денари за 450 грама за белиот леб, а за белиот леб со продолжен рок плаќа нешто под 80 ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ Од партијата велат и дека лицемерието на Ковачевски кон граѓаните е класичен пример […]

Роланда Кадриу од Алијанса премина кај „огнените“ во ДУИ


Членката на Централното собрание на Алијансата за Албанците, Роланда Превала Кадриу, се приклучи на огнената група на ДУИ. Ова го објави предводникот на „огнените“ и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити. -Имаше средба меѓу мене и г. Роланда Превала Кадриут, член на Централното собрание на Алијансата за Албанците која гордо се приклучи на каузата што ја […]

Уставните измени ќе се носат преку јавни дискусии, за опозицијата тие не се приоритетни


Уставните измени ќе се носат преку јавни дискусии со вклучување на сите засегнати страни со еден изграден широк општествен консензус, изјави вчера премиерот Димитар Ковачевски. Дебатата за уставни измени, според него, мора да почне на експертско ниво, бидејќи треба прво да се напишат уставните амандмани за да можат граѓаните и сите други да видат како […]

Скринингот на брза лента, денес расправа за слободното движење на работниците


  Во Брисел денеска се одржува билатералниот скрининг состанок за Поглавје 2 „Слободно движење на работници“ во рамки на Кластерот 2, „Внатрешен пазар“, што го отвори државната секретарка во СЕП и заменичка на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили, која кажа дека веќе се спроведени многу реформи во оваа област, но дека Владата знае оти […]

Џејлан Велиу даде интервју за магазинот „Јакобин“, па доби тужба од Димитар Апасиев


  Интервјуто на Џејлан Велиу за магазинот на американската левица „Јакобин“ со седиште во Њујорк, за последица имаше тужба од Димитар Апасиев. И Велиу и Апасиев се дел од оригиналното раководство на Левица. Џејлан Велиу на социјалните медиуми објави дека добила тужба од сегашниот лидер на Левица и вели дека тоа се случило бидејќи ја […]

Нема преговори за влез на уште една партија во Владата


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во моментов нема разговори за влез на друга партија во владејачката коалиција.  – Такви разговори нема во моментов, меѓутоа јас и во моето експозе при изборот на новите министри и заменици, кажав дека оваа Влада останува отворена за сите политички партии и поединци и организации кои сакаат да […]

Богоев: Очекувам процесот за уставни измени во Собранието да почне пред летото


    Уставните измени се важни за членството во ЕУ кое значи бројни придобивки за граѓаните и државата, потенцираше потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за емисијата „Патот кон“ на Алсат М телевизија.   -Членство во ЕУ значи повеќе пари во државата, повеќе инвестиции, повеќе работни места, поголем извоз на фирмите кои произведуваат тука […]

Собранието ги избра замениците министри


 Собранието во рамки на попладневниот дел од денешното продолжение ба 104-тата седница ги избра Тирон Јајага за заменик-министер за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ за заменик-министер за правда, Вјолца Бериша за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева за заменик-министер за здравство и Агим Нухиу за заменик-министер за образование и наука. Сите заменици министри беа […]