(Видео) Австрискиот претседател Ван дер Белен во официјална посета на Северна Македонија


Фото: Б. Грданоски

Австрискиот претседател Ван дер Белен денеска беше пречекан со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во вила „Водно“, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Австрија.

По средбата предвидено е Пендаровски и Ван дер Белен да одржат заедничка прес – конференција.

Според агендата за посетата, двајцата претседатели треба да се обратат на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу Северна Македонија и Австрија“.

Предвидено е претседателот Ван дер Белен и претседателот Пендаровски во црквата „Св. Спас“ во Скопје да положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Престојот во Република Северна Македонија австрискиот претседател Ван дер Белен го започна вчера со посета на Охрид.