Ван дер Белен се запозна со Рок


Австрискиот претседател Александер ван дер Белен се запозна со миленичето на претседателот Стево Пендаровски, шарпланинецот Рок.

Рок кој својата инфлуенсерска и политичка „кариера“ ја почна со средба со унгарската претседателка додека беше во Скопје, сега има шест месеци и по малку се плашеше од големото внимание на што Белен се пошегува со зборовите дека „очигледно не го интересира  надворешна политика“. 

За Рок, според претседателот , се грижат војниците кои се грижат за безбедноста на кабинетот.