Kовачевски го поврза отворањето на бугарските клубови во Македонија со ВМРО-ДПМНЕ


Премиерот Димитар Ковачевски го поврза отворањето на бугарските клубови во Македонија со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по одбивањето на лидерот Христијан Мицкоски да се огради од политиката на континуитет со Ванчо Михајлов, додека од партијата постојано ја критикуваат политиката на Владата кон ова прашање. На денешната прес-конференција со француската државна секретарка за Европа, Лоренс Бун, Ковачевски, откако …

Kовачевски го поврза отворањето на бугарските клубови во Македонија со ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Бун: Продлабочувањето на односите меѓу Франција и Македонија е невидено досега


  Северна Македонија го има своето место во ЕУ и европскиот пат треба да го изоди до крај. Земјата постигна голем напредок и напорите треба да продолжи, рече француската државна секретарка за Европа, Лоранс Бун, по денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски. „Знам дека не е секогаш лесно, но тие напори се важни за да …

Бун: Продлабочувањето на односите меѓу Франција и Македонија е невидено досега Read More »

Мицкоски: Не е важно што бил Ванчо Михајлов, важно е да се затворат бугарските клубови


  Преземајќи ја кратенката СДС (наместо СДСМ) во обраќањето кон владејачката партија од некои негови соработници, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека е многу важно да се затворат бугарските клубови во Македонија за да се спроведе принципот на реципроцитет. За него клучот е во тоа не дали некој бил или не бил соработник, туку дека е …

Мицкоски: Не е важно што бил Ванчо Михајлов, важно е да се затворат бугарските клубови Read More »

Француската државна секретарка за Европа во посета на Скопје


Француската државна секретарка за Европа, Лоранс Бун, денеска ќе престојува во посета на Скопје, каде ќе допатува од Тирана. Бун за време на посетата на земјава ќе биде премена од претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. По средбата, Ковачевски и Бун ќе одржат заедничка прес-конференција. Собраниската Прес-служба информира дека Бун во Собранието ќе има …

Француската државна секретарка за Европа во посета на Скопје Read More »

Само заеднички можеме да ја победиме корупцијата – ДКСК прослави 20 години


  Борбата против ова општествено зло – корупцијата, бара ангажираност на сите нивоа во општеството, затоа од исклучителна важност е сите релевантни институции да преземат активности во рамките на својата надлежност и да ја зголемат својата ажурност. Само заедничка борба и координација може да даде конкретни резултати, нагласи претседателката на Државната комисијата за спречување на …

Само заеднички можеме да ја победиме корупцијата – ДКСК прослави 20 години Read More »

Онишченко за Слободен печат: Македонскиот пасош го добив низ процедура и легално


Многу време поминав во Скопје и целата процедура ја спроведов легално, вели за Слободен печат, украинскиот бизнисмен Олександр Онишченко за кој се дозна дека поседувал македонски пасош.  „Прво сакам да кажам дека пред Македонија, Германија ми ги даде сите документи и живеам во Германија. Во Македонија бев регистриран во куќа на кошаркар и го знам многу добро …

Онишченко за Слободен печат: Македонскиот пасош го добив низ процедура и легално Read More »

Грковска – Агелер: Продолжува партнерството со САД за поефикасни антикорупциски политики 


  Потребата за промена на пристапот во однос на антикорупциските политики со цел да се постигнат подобри резултати, беше една од главните тема на денешната средба на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска со новоименуваната амбасадорка на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер. Како што соопшти владината Прес-служба, Грковска и посака топло …

Грковска – Агелер: Продолжува партнерството со САД за поефикасни антикорупциски политики  Read More »

Ковачевски најави нов закон за плати, ќе се знае кој ќе зема најмногу пари во државата


  Мора да има закон со којшто ќе се стави ред и конзистентност во примањата, особено на раководните лица. И затоа предложив и е во изработка закон за плати во којшто ќе се дефинира најголемата плата во државата и сите плати потоа ќе бидат врз основа на таа највисока плата унифицирани, односно ставени во една …

Ковачевски најави нов закон за плати, ќе се знае кој ќе зема најмногу пари во државата Read More »

Грција нуди експертиза за преговорите со ЕУ


  Новата грчка амбасадорка во земјава, Софија Филипиду, денеска при предавањето на акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски, изјави дека Атина е подготвена да обезбеди своја експертиза за време на пристапниот процес на Македонија во ЕУ. Таа уште нагласи дека Грција очекува „целосно, доследно и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа“ и го …

Грција нуди експертиза за преговорите со ЕУ Read More »

Гарсија Перез: Поддршка на новата динамика во пристапните преговори


Сега е најдобро време заеднички да се работи. Тука сум да пратам јасна политичка порака од нашето политичко семјество, втората најголема политичка група во Европскиот парламент со над 150 пратеници, но и со осум комесари во Европската комисија. Тука сум да ја поддржам оваа нова динамика во процесот на пристапните преговори, но и да и …

Гарсија Перез: Поддршка на новата динамика во пристапните преговори Read More »

Додека јавните претпријатија колабираат, ВМРО-ДПМНЕ ќе дели социјална помош со пари на Град Скопје


Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ  во Град Скопје ќе дели социјална и економска помош на „најпогодените лица во македонското општество“  додека јавните претпријатија во градот не можат да поделат плати и колабираат едно по едно. Според она што се пофалија од самата партија, испаѓа дека во ВМРО-ДПМНЕ мислат дека водат држава, па влезени во тој филм …

Додека јавните претпријатија колабираат, ВМРО-ДПМНЕ ќе дели социјална помош со пари на Град Скопје Read More »

Левица тврди дека ДУИ се инфилтрира во судството за да си обезбеди неказнивост


Денес Советот на јавни обвинители го формализираше пионот на ДУИ, Ислам Абази, за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Изборот за нов шеф на Вишото Јавно обвинителство Скопје беше одложен, а еден од кандидатите е досегашниот обвинител Мустафа Хајрулахи. Токму Хајрулахи, како шеф на ова обвинителство, го држеше предметот …

Левица тврди дека ДУИ се инфилтрира во судството за да си обезбеди неказнивост Read More »

Рама не гледа проблем за уставните измени, и тој ги признал Бугарите во Албанија


  Толку често комуницираме што заедно овде сме како дома, оцени денес премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата со албанскиот премиер Еди Рама, по втората меѓувладина конференција што се одржа во Скопје. И двајцата мораа да се повторуваат – Ковачевски околу дилемата дали како ќе најде поддршка за уставните измени, а Рама околу отпорот во неговата …

Рама не гледа проблем за уставните измени, и тој ги признал Бугарите во Албанија Read More »

Уште еден советник го напушти ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, го снема мнозинството


  Мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје се истенчи, а прашање е дали сега воопшто го има. Ирена Попова, советничка од ВМРО-ДПМНЕ од денеска ја напушти групата на партијата во Советот на Град Скопје и рече дека ќе дејствува како независна. За оваа одлука беше наградена со аплауз од градоначалничката Данела Арсовска. Попова …

Уште еден советник го напушти ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, го снема мнозинството Read More »

Ковачевски: Заедно ги почнавме преговорите со Албанија, заедно да ги завршиме


  Билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Албанија никогаш не биле подобри од тоа што се денес и слободно можеме да кажеме како два соседа може и треба да соработуваат, истакна премиерот Димитар Ковачевски во официјалното обраќање на денешната заедничка седница во Скопје на владите на Северна Македонија и на Албанија. „Не толку одамна целиот …

Ковачевски: Заедно ги почнавме преговорите со Албанија, заедно да ги завршиме Read More »

Антикорупциска ќе слави 20 години во срцето на „Скопје 2014“


  Криминалецот се враќа на местото на злосторството. Или истражителите. Државната комисија за спречување на корупција во вторник, 15 ноември, ќе ја слави 20-годишнината од нејзиното основање во еден од најконтроверзните објекти на проектот „Скопје 2014“ – Музејот на македонската борба. Почнат во 2008 година, кога беше најавено големото преосмислување на центарот на Скопје и …

Антикорупциска ќе слави 20 години во срцето на „Скопје 2014“ Read More »

Рама: Не треба да го чекаме крајот на војната за да работиме на иднината


Во регионот нема друг пат на соочување со предизвиците и тешкотиите – од климатските промени до конвенционалните војни, освен соработката, создавањето нови синергии и адаптирање со една состојба каде сите ние во регионот сме многу мали, а имаме многу да направиме едни со други, изјави албанскиот премиер Еди Рама на заедничката владина седница во Скопје. …

Рама: Не треба да го чекаме крајот на војната за да работиме на иднината Read More »

Во Скопје заедничка владина седница на Северна Македонија и на Албанија


Владите на Северна Македонија и на Албанија денеска во Скопје ќе одржат меѓувладина седница на која официјални обраќања ќе имаат премиерите Димитар Ковачевски и Еди Рама. На меѓу владината седница ќе се одржи и церемонија на потпишување на договори и меморандуми од страна на министрите на двете влади со цел продлабочување на соработката меѓу двете …

Во Скопје заедничка владина седница на Северна Македонија и на Албанија Read More »

Македонија стана  членка на Унијата за Медитеранот


Република Северна Македонија стана членка на Унијата за Медитеранот, информираше попладнево министерот за надворешни работи Бујар Османи. -Уште еден надворешнополитички успех. Нашата земја е примена како членка на Унијата за Медитеранот, важен регионален форум за соработка меѓу Европската Унија и медитеранските земји. Секој ден поблиску до Европската Унија, напиша Османи на Фејсбук.