(Во живо) Прес-конференција на премиерот Зоран Заев: Акција 21 со десет приоритети
Владејачкото мнозинство ќе ги повлече предлог измените на Законот за надворешни работи со кои се предвидува амбасадор освен македонско, да може да има и друго државјанство. Во образложението за повлекувањето на предлог законот што го поднесоа пратеници на СДСМ, ДУИ и БЕСА, се вели дека власта нема да дозволи опозицијата да прави театар во Собранието, […]
Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција Мустафа Шентоп денеска и утре ќе престојува во посета на Северна Македонија во рамки на одбележувањето на 21 Декември, Денот на турската настава. Шентоп денеска ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, а потоа заедно ќе присуствуват и ќе имаат обраќања на официјалната прослава по […]
Европската интеграција на Северна Македонија и претседавањето со ОБСЕ во 2023 година ќе бидат во фокусот на средбите што шефот на македонската дипломатија ќе ги им денеска во Виена со министерот за Европа и надворешни работи на Австрија Александер Шаленберг и со министерката за Европска унија и Устав Каролине Едштадлер. Австрија е последната етапа од […]
Бугарија-Патот на Република Северна Македонија кон ЕУ води преку Софија, а не со лобирања низ европските престолнини и притисок врз Бугарија, изјави бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за радио „Дарик“. Бугарската национална позиција кон РС Македонија, според него, е објективна и многу добра, и усвоена со консензус во бугарскиот парламент, но, за жал, не […]
Злоупотребувањето на членството во Европска Унија во насока на решавање на билатералните проблеми не соодветствува ниту со основните вредности врз кои се заснова Унијата, ниту пак со духот на добрососедство, оценува во интервју за МИА претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп, кој утре и задутре ќе престојува во дводневна посета на Северна Македонија. […]
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека кога ќе дојде на власт прва работа што ќе направи ќе биде да ги смени историските табли што премиерот Зоран заев сака да ги смени за да нема бугарски фашистички окупатор. -Јас сум подготвен, веднаш откако ќе те поразиме со народот, да ги исправиме сите твои историски и […]
Во вчерашното интервју на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во емисијата „Стадион“ на Канал 77 и одговори на бугарската министерка за надворешни работи, Екатарина Захариева за нејзината изјава за заштита на луѓето кои поседуваат бугарски пасош во Македонија, од страна на бугарската држава. Николовски ја запраша Захариева зошто овие луѓе не побарале бугарски пасоши пред […]
Сакаме да најдеме решение со Бугарија зашто сме пријатели, но не е јасно во што е проблемот, порача вчера премиерот Зоран Заев. Вели дека македонската страна нуди решенија за тргање на бугарската блокада и отворање на патот кон ЕУ и е согласна ако треба уште еднаш да се дефинираат работите содржани во Договорот за добрососедство. […]
Ова што го прави Бугарија е крајно опасно, но Северна Македонија во никој случај не смее да се откаже, туку напротив со храбри реформи да покаже дека сака да стане дел од Европската унија, оценува во изјава за Дојче веле, Гинтер Крихбаум, претседавач на комисијата за ЕУ во германскиот Бундестаг од редовите на владејачката ЦДУ […]
Бугарија не го смени мислењето дека местото на сите земји од Западен Балкан е во ЕУ. Софија инсистираше на видливи резултати во спроведувањето на Договорот за добрососедство со РС Македонија. Тоа е позиција што ја предложи бугарската влада, а едногласно ја усвои парламентот, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во инттервју за радио […]
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, плаќа услуги од неговата адвокатска канцеларија, а тој тврди дека тоа се лаги и манипулации. – Петре Шилегов како градоначалник на Скопје плаќа консултации за правни работи – внимавајте – сам на себе! Градоначалникот Шилегов склучил договор и го плаќал адвокатското друштво Шилегов. На Петре Шилегов […]
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, тврди дека нивната активност придонела Прага и Братислава да ги блокираат заклучоците на ЕУ за проширувањето изнесувајќи редица лажни вести и погрешни факти Љупчо Поповски Македонската политика се претвори во вистинско лешинарство. Додека власта внимателно молчи, од ВМРО-ДПМНЕ во спринт побрзаа да наведат дека тие дури и повеќе и […]
Чесно е Христијан Мицкоски конечно да свика вонреден Конгрес на кои ќе ги погледне во очи луѓето кои пред три години му ја дадоа довербата да стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ и да даде отчет за сработеното. Ова го изјави поранешниот градоначалник на Општина Аеродром Ивица Коневски во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на радио „Канал77“. […]
Она што го прави Бугарија околу прашањето за пристапувањето на Македонија во ЕУ е опасен преседан кој го нарушува кредибилитетот на Унијата во регионот и ја загрозува политичката стабилност во државата, вели пратеничката група на европските Зелени во Европскиот парламент. Во соопштението потпишано заедно од Тинеке Стрик, портпаролка на Зелените/ЕФА за Северна Македонија, и Маја […]
Целосно изненадена од ветото на Прага и Братислава на заклучоците на ЕУ за проширувањето, бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, побарала од шефот на дипломатијата на Словачка, Иван Корчок, објаснување за ваквиот чекор. Во изјава за словачките медиуми Корчок потврди дека во четвртокот попладне (17 декември) имал долг телефонски разговор со Захариева, но не […]
Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села ќе ја поддржи интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ за вицепремуерот Никола Димитров. Тој во дебатниот магазин “Клик плус“ рече дека во Собранието пратениците на неговата партија ќе ја поддржат секоја иницијатива за интерпелација. „Ненормално е да не гласам за интерпелација покрената од опозициска партија. Ние сме опозициска партија и би […]
Би било неразумно да очекуваме дека ќе се промени бугарската позиција во наредните месеци, велат од Министерство за надворешни работи на Бугарија за софискиот дневен весник „Труд“, на прашањето какви активности ќе преземе Софија во следните 6 месеци за да се најде решение за Северна Македонија. Во одговорот додаваат и дека ниту една бугарска влада […]
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски реагираше со соопштение во кое тврди дека нема ништо од ветениот ветинг на судиите и дека, уште повеќе, и „сваровски судиите“ работат за премиерот Зоран Заев. -Зоран Заев ветуваше ветинг во судството. Ќе потсетам дека тоа минатата година беше главна тема.Ветинг нема да има затоа што го држат на […]
Со новата концепција за основно образование за прв пат се воспоставуваат национални стандарди со кои се определуваат компетенциите што треба да ги стекнат учениците во текот на деветтолетката. Досега целото образование беше содржински насочено, а за прв пат се воспоставува образование коешто ќе гледа резултати од учење, што е меѓународен стандард, рече министерката за образование […]