Американскиот функционер О’Брајан се сретна со Мицкоски


  Во американската амбасада во Скопје Џемс О’Брајан денеска се сретна со тричлена делегација на ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Христијан Мицкоски. Според кусото соопштение од партијата на средбата биле потврдени добрите односи и потребата за ползување на придобивките од стратешкото партнерство на САД со Македонија. Мицкоски истакнал дека стратешки интерес на Македонија освен членството […]

Министрите од Западен Балкан потпишаа заедничка изјава за борба против корупцијата


Во рамки на Министерскиот совет на ОБСЕ беше потпишана и заедничка изјава за борба против корупцијата меѓу шефовите на дипломатиите на Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Потпис на изјавата, чиј текст беше усогласен на 31 октомври во Скопје за време на Регионалната конференција за борба против коруцијата и перење пари која […]

Средба на Лавров со Османи и Борг


Руската амбасада во Скопје на официјалниот Твитер профил објави фотографија од средба на рускиот министер Сергеј Лавров со министрите Бујар Османи и Јан Борг.На постот на амбасадата стои: „Сергеј Лавров со министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Малта – сегашен и иден претседавач на ОБСЕ.“ Од македонското МНР и од официјални извори на […]

Историјата треба да им се остави на историчарите, вели Марија Габриел


  Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел, која е во Скопје за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ, изјави дека нема билатерален проблем меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку станува збор за исполнување на вредностите на ЕУ, а историјата треба да им се остави на историчарите и да не се злоупотребува, […]

Бујар Османи предлага интеграција во ЕУ во три чекори


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја повика ЕУ да се придвижи побрзо во интегрирањето на шесте земји од Западен Балкан – или ризикува враќање на етнички конфликти во регионот. „Македонија е мултиетничка, мултикултурна… Единствениот наратив што ги остави овие конфликтни наративи и стана лепак за сите овие наративи е Европската Унија“, изјави Османи […]

Лавров ја обвини ЕУ за лицемерие и излезе од состанокот


  Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се обрати на министерскиот совет на ОБСЕ и, како што се очекуваше, ги обвини останатите земји членки, а особено ЕУ и САД, за лицемерие и непочитување на принципите на кои почива Организацијата. Обраќајќи се на, како што рече, бриселската бирократија, Лавров тврдеше дека Европа има проблем со […]

Османи: ОБСЕ опстоја и продолжува да испорачува


ОБСЕ опстоја и продолжува да испорачува. Со овие зборови шефот на дипломатијата Бујар Османи го започна обраќањето на министерскиот состанок на ОБСЕ  на кој доминаираат критики за воената агресија на Русија во Украина и повиците оваа земја да престане да ги крши принципите на Органиозацијата и на ОН и да се приклучи на барањата за мир. […]

И грчкиот шеф на дипломатијата не дојде во Скопје


Грчкиот шеф на дипломатијата Јоргос Герапетритис е последниот од листата на министри кои не дојдоа на состанокот на ОБСЕ во Скопје. Иако Грција даде дозвола за прелет на авионот со кој долета рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, министерот не дојде под изгоvор дека бил „зафатен“.  Листа на министри кои присуствуваат  на состанокот на ОБСЕ […]

Песков: Одлуката на Бугарија да не дозволи прелет на Захарова е „апсурдна и глупава“


  Одлуката на бугарските власти да не дозволат прелет на авион со официјалната претставничка на руското МНР Марија Захарова кон Северна Македонија „не се вклопува во ниедна рамка“ и тоа е „апсурден и глупав став“. Тоа денеска го изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател.  „Таквиот став на бугарските власти тешко може да се објасни […]

Ковачевски категоричен: Нема да имам средба со Лавров


Премиерот Димитар Ковачевски пред министерскиот состанок на ОБСЕ ја отфрли можноста да има билатерална средба со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.  -Нема да имам средба со Лавров, одговори Ковчевски на директното прашање.  Ковачевски изрази надеж дека состанокот ќе биде успешен и дека ќе се донесат сите потребни одлуки кои веќе се договорени на ниво […]

Изјава на премиерот Димитар Ковачевски (во живо)


Премиерот Димитар Ковачевски со воведно обраќање ќе го отвори 30. Министерски состанок на ОБСЕ, што се одржува во Скопје. На отворањето ќе се обратат и министерот за надворешни работи и актуелен Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Пиа Каума и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит. Во рамки на Министерскиот […]

Ковачевски – О’Брајан: Северна Македонија е пред клучен момент да ги осигура европските перспективи


Премиерот Димитар Ковачевски, денеска одржа тет-а-тет средба со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан. По тет-а-тет средбата, како што соопштија од владината прес-служба, се одржала и билатерална средба, на која присуствувале и Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмир […]

Лавров прилично осамен на министерскиот состанок


  Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров меѓу последните пристигна во центарот „Борис Трајковски“ во Скопје каде што се одржува министерскиот состанок на ОБСЕ. Тој ќе биде прилично осамен на масата, бидејќи на министерскиот состанок нема да бидат американскиот државен секретар Ентони Блинкен, шефот на европската дипломатија Жосеп Борел и британскиот шеф на дипломатијата Дејвид […]

30. Министерски совет ОБСЕ во Скопје (во живо)


 Северна Македонија и главниот град Скопје се домаќини на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери. На најголемиот меѓународно-политички настан организиран во земјава од независноста присуствуваат шефовите на дипломатиите на најголем број од земјите-учеснички […]

Авионот на Лавров дошол во Скопје преку Турција и Грција, Бугарија не дозволила прелет заради Захарова


Авионот со кој рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров допатува во Скопје на Министерскито совет на ОБСЕ, прелетал преку воздушното пространство на Турција и на Грција, а не и на Бугарија, јавија руските медиуми. Менувањето на рутата за летот е поради одбивањето на бугарските власти да доволат прелет на авион во кој се наоѓа […]

Бугарската министерка Габриел не гледа билатерален проблем меѓу Софија и Скопје


Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел, која пристигна во Скопје за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ, изјави дека нема билатерален проблем меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку станува збор за испонување на вредностите на ЕУ, а историјата треба да им се остави на историчарите и да не се злоупотребува, политизира […]

Евроинтеграцијата, изборите и Изборниот законик, теми на лидерската средба в понеделник


Евроинтеграцијата, редовните претседателски и парламентарни избори, како и измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, ќе бидат темите на лидерската средба која премиерот Димитар Ковачевски ќе ја закаже за понеделник (4 декември).   Ковачевски синоќа на заедничката прес-конференција со потпретседателот на ЕК и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел […]

30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, се очекуваат клучни одлуки за иднината на организацијата


 Северна Македонија и главниот град Скопје се домаќини на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери. На најголемиот меѓународно-политички настан организиран во земјава од независноста присуствуваат шефовите на дипломатиите на најголем број од земјите-учеснички […]

Лавров пристигна во Скопје


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ноќеска пристигна во Северна Македонија за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ. На официјалниот твитер профил на руското МНР објавени се фотографии од пристигнувањето на Лавров на меѓународниот аеродром во Скопје на кои може да се види дека тој бил пречекан од рускиот амбасадор во земјава Сергеј […]

Фотогалерија од престојот на Блинкен и неформалната министерска вечера


  Од денеска попладне во Скопје почна најголемиот политички настан организиран во Македонија – Министерската конференција на ОБСЕ. Педесетина министри за надворешни работи пристигнаа во Скопје, меѓу нив најголема „ѕвезда“ беше американскиот државен секретар Ентони Блинкен.  За време на неколкучасовниот престој тој прво имаше средба со премиерот Димитар Ковачевски, па со министерот за надворешни работи […]