Блинкен допатува во Скопје, прво се сретна со Ковачевски, па со Османи


  Американскиот државен секретар Ентони Блинкен попладнево допатува во Скопје на Министерски совет на ОБСЕ, кој треба да биде врв на претседавањето на Македонија со оваа паневропска безбедносна организација. Блинкен, кој во Скопје, допатува од министерскиот состанок на НАТО во Брисел, прво замина на средба во Владата со премиерот Димитар Ковачевски, а потоа отисе во […]

Одлуката да дојде Лавров беше тешка, но тој ќе чуе зошто Русија е изолирана, изјави Борел


  Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел вечерва изјави дека министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје ќе биде добра прилика министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, да чуе директно од учесниците зошто Русија е осудена и изолирана, а потоа ќе може да […]

Ентони Блинкен веќе си замина


  Неколку часа траеше посетата на американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, на Скопје пред официјалното почнување на министерскиот состанок на ОБСЕ. Вечерва околу 20 часот тој го напушти хотелот „Александар палас“ каде имаше неформална вечера за учесниците на самитот и замина во регионот којшто е најгорлив во моментов – Блискиот Исток. Претходно, Блинкен се сретна […]

Премиерот Ковачевски го пречека државниот секретар на САД Блинкен


Премиерот Димитар Ковачевски попладнево го пречека американскиот државен секретар Ентони Блинкен кој во Скопје допшатува по повод учеството на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, што се одржува од денеска до 1 декември. -Топло добредојде во Скопје за американскиот државен секретар Антони Блинкен. На средбата попладнево уште еднаш […]

ЛДП бара да престанат националистичките и варварски провокации


Либерално-демократската партија најостро го осудува вандалскиот чин на симнување на знамето на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија од јарболот пред храмот Свети Наум Охридски, по што веднаш е поставено знаме на Албанија. -Ова е директен напад кон верниците, но и кон свештенството на МПЦ – ОА и претставува сериозен аларм во државата, особено кога […]

Ковачевски ќе го пречека Борел


Премиерот Димитар Ковачевски вечер ќе го пречека високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел.Како што соопштија од Влада, предвидена е билатерална средба на Ковачевски и Борел, на која ќе присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир. Од владината прес-служба најавија […]

Бербок се правда што ќе седи на иста маса со Лавров во Скопје


Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок се правдаше поради учеството на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, иако ќе дојде рускиот министер Сергеј Лавров.Бербок изјави дека е важно да се спротивстави на руското „империјалистичко лудило“ на состанокот во Скопје, и дополни дека на Европа насушно и се потребни повеќе соработка и безбедност. Шефот на украинската дипломатија […]

Захарова тврди: Голем број земји барале средба со Лавров


Голем број земји поднеле барања за билатерални средби со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на состанокот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ, кој денеска и утре ќе се одржи во Скопје.Ова за државната руска агенција ТАСС изјавила портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Навистина можам да потврдам дека има […]

Блинкен попладнево во Скопје


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен попладнево треба да пристигне во Скопје, каде што ќе учествува на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, што се одржува од денеска до 1 декември. Блинкен учеството на ОБСЕ самитот ќе го почне со средба со шефот на дипломатијата и претседавач на ОБСЕ, […]

Ландсбергис: На Лавров не смее да му се дозволи лет во Европа, освен ако не е за Хаг!


Министерот за надворешни работи на Литванија,  Габриелиус Ландсбергис, кој одби заедно со колегите од Естонија, Латвија и Украина да присуствува на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје,  порача преку Твитер дека местото на Лавров е во Хаг, а не на иста маса со преставници на демократски земји.  „Зошто би летал  за ОБСЕ во Скопје: За […]

Захарова обвини за „русофобично лудило“ околу доаѓањето на ОБСЕ


  За време на подготовките за учество на седницата на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ во Северна Македонија, руската страна наишла на „секакви препреки“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова. „Можам да кажам дека за време на подготовката за учество на сите земји во Советот на министри за надворешни […]

(ВИДЕО) Како се одвиваше трансформацијата на „Борис Трајковски“ во конференциски центар?


Шефот на дипломатијата Бујар Османи објави видео на кое покажа како се одвиваше трансформацијата на салата „Борис Трајковски“ во конференциски центар во кој од денес ќе се одржува министерскиот состанок на ОБСЕ. -Погледнете ја трансформацијата на салата Борис Трајковски. Подготвени сме за одржувањето на 30-от министерски состанок на ОБСЕ! Чест ми е што имаме можност […]

ОБСЕ – мултилатерален форум за дијалог меѓу Западот и Истокот


Министрите за надворешни работи и други претставници на 57 земји-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и на државите партнери, се состануваат во наредните три дена во Скопје за да разговараат за иднината на организацијата и за предизвиците со кои се соочува. Министерскиот совет ќе го означи и крајот на едногодишното претседавање […]

Скопје ги очекува делегациите учеснички на Министерскиот совет на ОБСЕ


Северна Македонија ќе биде домаќин на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ што ќе се одржува во Скопје од денеска до 1 декември, на кој се очекува да присуствуваат околу 1000 делегати. На најголемиот политичко-дипломатски настан што се случил во државава од осамостојувањето, ќе учествуваат 76 делегации од […]

Гаши, Меџити и Касами потпишаа декларација за заеднички настап на изборите


Африм Гаши, Изет Меџити и Биљал Касами вечерва во Тетово потпишаа заедничка декларација на коалицијата Европски сојуз за промени за заеднички настап на претстојните парламентарни и претседателски избори. Како лидери на нивните партии Алтернатива, Демократско Движење и Движење Беса, тие се обврзаа на заедничко опозициско настапување во албанскиот политички блок со фокус кон зачленување на […]

Борел ќе присуствува на средбата на ОБСЕ во Скопје, но нема да разговара со Лавров


Шефот за европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска изјави дека ќе допатува во Скопје на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), но нема да разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Борел на денешната прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во Брисел објасни дека не би сакал […]

На лидерска средба во Собранието ќе се официјализира датумот за избори


Во Собранието ќе се одржи лидерската средба на која треба да се разговара за датумот за одржување на претседателските и парламентарните избори 2024 година и ќе биде на лидерско ниво во формат како што беше и минатата лидерска средба на парламентарните партии, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски без да прецизира кога ќе се одржи средбата.   […]

Мицкоски: „Вратата“ за коалицирање не е затворена за никого


Нема официјална потврда за датумот за избори, ниту пак има каква било потврда дали изборите би биле единечни или би биле раздвоени,  изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека  комуникацијата за изборите во актуелниот политички момент се одвива преку медиумите. Според Мицкоски, важно е политичките партии да постигнат договор, што, како што вели, води […]

Османи го донесе Лавров, го „избрка“ Кулеба


  Украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба нема да учествува на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје, објави украинското Министерство за надворешни работи, со објаснување дека присуството на руската делегација на средбата на министерско ниво за првпат од почетокот на руската целосна инвазија на Украина само ќе ја продлабочи кризата во која Русија го […]

„Спремни сме“ – Османи објави фотографија од салата во „Борис Трајковски“ за Самитот на ОБСЕ


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на Фејсбук објави фотографија од салата во спортскиот центар „Борис Трајковски“ која е пренаменета во конференциска сала за претстојниот самит на ОБСЕ во Скопје, кој почнува утре вечер. До фотографијата објавена на неговиот профил на Фејсбук стои коментар „Спремни сме“. Бујар Османи денеска е на дводневниот состанок на […]