Варадкар: Евроинтеграцијата не е партиска, туку национална работа


  Премиерот на Ирска, Лео Варадкар, порача денес од Скопје дека приклучувањето на ЕУ треба да биде национална амбиција, а не партиска или политичка  работа и дека тоа треба да се забрза. Премиерот Димитар Ковачевски возврати дека ако некоја земја се развила значајно по приемот во ЕУ, нема подобар пример за тоа од Ирска. Тој […]

Прес-конференција на премиерот Ковачевски и премиерот на Ирска, Варадкар (видео)


Заедничка прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски и неговиот ирски колега Лео Варадкар, кој е во официјална посета на Северна Македонија. Ова е прва официјална посета на ирски премиер на нашата држава, која со Ирска годинава одбележува 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

Ковачевски: Не може од сабајле да се фалиш дека си најдобар другар со САД, а попладне да правиш сѐ спротивно на нив


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во измените на Законот за рестриктивни мерки, покрај ОН и ЕУ, ќе се додадат САД и Обединетото Кралство,односно ентитетите санкционирани согласно со нивното законодавство. „Ова е практично транспонирање на нешто што го имавме, а се однесуваше на ентитети коишто се санкционирани согласно со ОН и  ЕУ, а сега […]

О’Брајан смета дека нема да создадеме подобри можности – ако останеме надвор од ЕУ


Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан смета дека на земјите на Балканот им е  потешко да креираат економски можности какви што може да им ги донесе членството во Европската Унија. Оттука, како што вели, зада биде стабилен и безбеден, на Западен Балкан му е потребна европска, но пред сè […]

Груби: Курти учествува по третпат на избори кај нас


Aнкетите велат дека европскиот фронт СДСМ-ДУИ-Алијанса за Албанците и други политички партии се победници на изборите на 8 мај годинава и тоа убедливо, изјави синоќа првиот вицепремиер и функционер на ДУИ Артан Груби. Во интервју за емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 одговарајќи на прашањето како ќе настапат на претстојните избори Груби рече дека тие […]

Ирскиот премиер Лео Варадкар во официјална посета на Македонија


Премиерот на Ирска, Лео Варадкар денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. Премиерот Димитар Ковачевски со највисоки државни почести ќе го пречека неговиуот ирски колега по што ќе следуваат разговори меѓу нив и двете делегации. Ирскиот премиер ќе биде примен и од претседателот на државата Стево  Пендаровски.

Спасовски доби пофалби во Стејт департментот за справувањето на МВР со сајбер безбедноста


  Министерството за внатрешни работи покажа исклучителна подготвеност во справување со сајбер закани, соработката со САД и НАТО сојузниците е клучна, истакнал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на средбата со амбасадорот за сајберпростор и дигитална политика, Натаниел Фик во Стејт департментот во Вашингтон, соопшти МВР. Потенцирајќи го ангажманот на МВР во развивањето и спроведувањето […]

ВМРО-ДПМНЕ му остава на Мицкоски да ги избере кандидатите за техничката влада


  Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва го помина формалниот филтер со кој нејзините кандидати ќе учествуваат во техничката влада. Потпретседателот Тимчо Муцунски по седницата на Извршниот комитет изјави дека телото донесло одлука нејзини претставници да учествуваат во техничката влада „кои ќе ја надгледуваат регуларноста на процесите во предизборниот период“. Тој додаде дека се очекуваЦентралниот комитет на партијата […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во техничката влада – имињата ќе се знаат по Водици


Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва донесе одлука партијата да учествува во техничката влада, а се очекува таква одлука да донесе и Централниот комитет. Потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски по седницата на партискиот Извршен комитет, рече дека причината за ваквата одлука е што никогаш во Македонија не било полошо. – Македонија се наоѓа во таква лоша […]

СДСМ на јавен повик и преку месни одбори ќе бира претседателски кандидат


Владејачката партија СДСМ ја започна постапката за утврдување на кандидат за претседателските избори што ќе се одржат пролетва. Отворен е јавен повик за самокандидирање преку оглас објавен во дневните весници и на официјалниот сајт на партијата, а во тек е и номинација на можни кандидати преку месните одбори во општинските организации на СДСМ низ земјава. […]

Се драматизира ли вадењето лични документи за да се испроблематизира спроведувањето на Преспанскиот договор?


Се драматизира ли вадењето лични документи за да се испроблематизира спроведувањето на Преспанскиот договор? Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес најави барање до  Уставниот суд да ги оспори измените на Законот за патни исправи од 2021 година со што практично тие нема да бидат во сила до следното одлучување за нивната уставност и индиректно, на […]

Собранието расправаше за избор на членови во комисии и регулаторни тела, опозицијата обвинува за партизација


 Пратениците денеска на продолжение на 135. пленарна седница расправаа за именувања на членови во неколку комисии и регулаторни тела и завршија со општиот претрес по нив, но како што најави потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, за нив ќе се гласа дополнително.  Заокружена беше расправата по Предлог одлуката за избор на членови на Комисијата за заштита […]

Американските „црни листи“ за две недели треба да станат македонски


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес ги претстави измените на Законот за рестриктивни мерки со кои црните листи на САД ќе станат дел и од законодавството на нашата земја. Поконкретно, законските измени за кои Владата ќе решава идниот вторник, а треба да се најдат на гласање една недела подоцна, покрај другите дела за […]

Изјавата на холандскиот амбасадор за Османи не е критика, туку судир на концепти


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја релативизираше денес критиката на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп упатена до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена од постојаниот пад во владеењето на правото и дека Холандија ќе реагира. Тоа што беше директна критика на мешањето на […]

(Во живо) Изјава на Бујар Османи


Изјава за медиуми на Министерот за надворешни работи Бујар Османи по затворен тематски брифинг од областа на надворешната политика.

Предлог законот за помилување на седница во Собрание


Предлог законот за помилување со кој помилување може да има само доколку е донесена правосилна судска пресуда, денеска ќе биде на седница на Собрание, информираат од Министерството за правда. Со новиот Закон за помилување, предложен од Министерството за правда, претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење […]

Врвот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одлучи за министрите и дополнителните заменици во техничката влада


  ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи седници на Извршниот и на Централниот комитет. Засега нема официјална најава за тоа дали од овие седници ќе произлезат заклучоци за тоа кој ќе бидат министрите и дополнителните заменици министри од партијата во техничката влада која треба да се формира најдоцна на 28 јануари. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски по […]

Спасовски во Вашингтон се сретна со конгресменката Тени


  Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работниот престој во Вашингтон, оствари средба со конгресменката Клаудија Тени, којашто е копретседавач со конгресната група за Македонија, за Американците со македонско потекло. Двајцата соговорници разговараа за значајната улога која ја игра конгресната група, за Американците со македонско потекло, генерално за македонско-американската заедница во […]

Холандскиот амбасадор му најавил на Ахмети вето ако се меша во Врховниот суд


  Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ,Али Ахмети, за да ја пренесе пораката дека по двегодишен постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар. Во соопштението објавено на Фејсбук страницата на амбасадата стои исто така дека е неприфатливо несоодветното политичко […]

Претседателот на Собранието на Саудска Арабија на средба со Талат Џафери


  На денешната средба со Абдулах бин Мухамед Ал Шеик, претседателот на Собранието на Саудиска Арабија, претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, му посака добредојде и ги поздрави досегашните добри и пријателски односи меѓу двете земји. Тој истакна дека ваквите посети од највисоки претставници на Саудиска Арабија се поттик за понатамошно зајакнување на соработката […]