Силјановска тврди дека поради „реките со народ“ Пендаровски не може да ја види на митинзите


„Стево Пендаровски секој ден тврди дека ме немало никаде и дека ме заменил господинот Христијан Мицкоски. Знаете ли зошто не може да ме види? Заради реките народ кога сум долу, а кога сум горе, тука на говорницата, не сака да ме види затоа што не сака да ме слуша оти сè што тој не кажува, […]

Пендаровски: Николоски со децении живее на сметка на државата или на партијата


Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Неготино одговори на прозивката од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, за идните планови. „На почетокот на мандатот, претходната кампања и пред вас и пред цела држава сум го кажал тоа, дека по завршување на мојот мандат нема да ги користам привилегиите кои следуваат по закон. Меѓутоа, интересно е […]

Мицкоски и во Босилово и Василево ја води кампањата за претседател без Силјановска


  И во општината Босилово и општина Василево кампањата на претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ ја водеше лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а не кандидатката Гордана Силјановска-Давкова. Ова веќе се случува повеќе пати по ред Силјановска да не присуствува на митинзите на кои треба да се претстави таа, а наместо тоа врвот на ВМРО-ДПМНЕ ја […]

Филипче вели дека ВМРО-ДПМНЕ имало таен план за црна кампања против него


  Носителот на листата на СДСМ и коалицијата во Четворката, Венко Филипче, денеска во Гевгелија изјави дека она што го добивал од теренот покажувало дека „поддршката која ја добиваме од граѓаните е одлична. На терен се потврдуваат сомнежите за местените анкети на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа не е ни чудо што никаде ги нема, а регионални штабови […]

Северна Македонија да ја искористи поволната преговарачка рамка, порача Франгеш


Северна Македонија да ја искористи поволната Преговарачка рамка, македонскиот идентитет да стане дел од ЕУ, е заедничкиот заклучок од средбата на првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ со Анжеј Франгеш, специјален пратеник за Западен Балкан во словенечкото МНР и генерален директор на Дирекцијата за европски прашања. Маричиќ и Франгеш, како што соопшти СЕП, […]

Пендаровски за отсуствата на Силјановска: Или си претседател или не си!


  Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска на средба со граѓаните на Демир Капија се осврна на тоа што противкандидатката Гордана Силјановска-Давкова отсуствува од закажани митинзи и средби со граѓани во сопствената кампања за претседател на државата. „Пред ден, два била најавена противкандидатката, дали дошла? Не дошла. Каде што ќе видите дека Стево Пендаровски е […]

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за ИД и Ал Каеда


Земјите кандидати за членство во ЕУ – Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Украина, Молдавија и Босна и Херцеговина, членките на ЕФТА и Европската економска област – Исланд и Лихтенштајн, како и Ерменија, се усогласија со Одлуката на Советот на ЕУ од 25 март за додавање на едно лице и една група на листата на […]

Грција ги чека изборите во Македонија за да реши за ратификацијата на меморандумите


  По изборите на 8 мај во Северна Македонија, Грција ќе одлучи кога ќе ги донесе трите меморандуми за разбирање од Преспанскиот договор  потпишан во 2018 година, што се уште  чекаат да бидат ратификувани, пишува агенцијата ИБНА. Според грчки дипломатски извори, меморандумите зависат од спроведувањето, па напоменуваат дека тоа не зависи само од едната, туку […]

ДКСК ќе постапува по приговорот на Силјановска Давкова за кршење на изборни правила


Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе одржи седница на која ќе постапува по приговорот на Гордана Силјановска Давкова, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а кој се однесува за кршење на изборните правила. Според приговорот на Силјановска Давкова, доставен на 6 април до ДКСК, Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик […]

За Бујар Османи најголема опасност е да има граѓански устав


  Бујар Османи денес одржа панел дискусија со универзитетски професори и аналитичари на тема: „Граѓански устав vs. Охридски устав“. Османи ја изрази својата загриженост дека идејата за унитарен устав, со кој ќе се избришат етничките заедници, иницирана прво од Левица, потоа од ВМРО-ДПМНЕ, сега е поддржана од албанските политички опоненти. „Шокантно е што албанските опозициски […]

Силјановска им ветува на граѓаните дека нема да ги засрами


  Кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова на вечерашниот митинг во Ѓорче Петров им порача на насобраните граѓани дека нема да ги засрами ако биде избрана за претседател. „Ви ветувам дека нема да ве засрамам. Ќе се обидам да се надминам себеси, заради вас“, рече таа. Во својот говор, таа меѓу другото, истакна: „Македонија според Уставот […]

Пендаровски го вика Мицкоски на дуел, а не Силјановска


Стево Пендаровски денеска од Делчево му фрли ракавица на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи го имаат телевизиски дуел затоа што, според него, тој бил кандидат на опозицијата за шеф на државата, а не Гордана Силјановска-Давкова. Оваа изјава на Пендаровски доаѓа по случувањата на митинзите  на Силјановска , каде што, всушност, глаевн говорник е Мицкоски, кој нив […]

Донесени одлуки за вежбата „Swift Response 24“, и за учество на војници на АРМ на вежби во Турција и во Унгарија


Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за одбрана, донесе три одлуки. Владата ја разгледа и усвои Информацијата за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија, заради реализација на вежбата „Swift Response 24“ и донесе ваква Одлука. Вежбата, според информацијата од ресорното министерство, е во целосна организација на […]

Османи тврди дека ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести за важењето на пасошите


  Министерот за надворешни работи и кандидат за претседател на државата на „Европскиот фронт“, Бујар Османи, денеска ги демантираше и ги оцени како лажни вести обвинувањата од опозицијата дека наводно скрил важен документ од ЕК потпишан од 25 нивни членки освен од Грција и Франција дека до септември ќе нѐ пуштаат со старите документи. „Не […]

Ботовите и политичарите долеваат оган на Универзална сала


  Како што се очекуваше, пожарот во Универзалната сала стана тема на предизборната кампања, а ботовите на ВМРО-ДПМНЕ веќе почнаа да спинуваат дека тој е резултат на неспособноста на досегашната влада. Од другата страна пак се потсетува дека пожарот се случи токму во време кога се вртеше видеото на новинарот Фуркан Салиу на кое се […]

Фуркан Салиу објави ново видео од неговото апсење, полицијата е брутална


  Почнуваат да излегуваат и нови детали од апсењето на новинарот Фуркан Салиу од полициските специјалци за време на на натпреварот од Трета фудбалска лига меѓу Коњари и Куманово. Новото видео снимено од страна, од автомобил, покажува дека Салиу е легнат на земја од полициски специјалци во позиција многу слична на озлогласеното убиство на Џорџ […]

Силјановска – аутсајдер во сопствената кампања или жртва на лидерската величина на Мицкоски?


  Кандидатката за претседател, Гордана Силјановска-Давкова, сѐ повеќе е гостин на сопствената изборна кампања, што ѝ ја води и на која се фотографира без усул лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Освен што станува збор за класична партиска злоупотреба на нејзината кампања за да се билда рејтинг за парламентарните избори – нешто што треба да го […]

Мицкоски му се закани и на Пендаровски дека „ќе одговара“


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред граѓаните на општина Демир Хисар порача дека СДСМ станала “ измеќар на ДУИ“, а Ахмети од вилаетот во Зајас управува со Македонија како некој блискоисточен шеик. Тој наедно му се закани на Пендаровски и на функционери од СДСМ дека ќе одговараат, како последна од многуте закани што ги упатува […]

Пендаровски: Во ВМРО-ДПМНЕ чесноста е исклучок, а криминалот е правило


На митинг со граѓаните на општина Кисела Вода претседателскиот кандидат Стево Пендаровски порача дека е убеден дека по двојните избори ќе постои политичка структура составена од луѓе кои знаат дека Македонија мора да биде дел од Европа за да биде просперитетна. „Македонските граѓани ја препознаваат вистинската опција за прогрес на сите нас кои живееме во […]

Ковачевски: Со нас нема да има апсење на новинари


  ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски немаат визија за иднината на Македонија, тоа е факт, но деновиве покажаа дека сакаат да не вратат назад, покажаа злоупотреби на медиуми, апсење новинари, фалсификување анкети, злоупотреба на државни институции, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска на митинг на кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровски попладнево во Кисела […]