Договор сепак има: Албанските партии не влегуваат во влада ако нема уставни измени


 

Али Ахмети синоќа го потврди она што се зборуваше подолго време – дека албанските партии потпишале договор, според кој нема да влегуваат во влада која е против уставните измени. Договорот бил потпишан пред месец и половина.

За време на гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 Ахмети рече:

„Договорот е потпишан… Помеѓу АА, ДПА, Беса и Алтернатива. Ако не грешам, да, Алтернатива беше. Беше потпишан само од д-р Таравари како претседател на Алијанса. Потпишав… Да, веднаш. Се пожали Азир Алиу дека му создаваат проблеми, заборавив и партијата на Изет. Движењето за промени. Дека му создаваат проблеми другите партии, зошто ДУИ тука, зошто таму, треба да биде на крај, тој рекол дека го направил сспоред азбуката“.

Договорот меѓу овие партии предвидува дека „нема партнерство со политички партии кои се против уставните промени и против евро-атлантскиот пат на Македонија“.