Пендаровски сака дебата со сите кандидати за претседател плус Мицкоски


Како кандидат за претседател во секое време прифаќам да има политички дебати со моите противкандидати, но како што се изјаснив пред почетокот на кампањата, инсистирам во дебатите да бидат вклучени сите седум претседателски кандидати потврдени од Државната изборна комисија, изјави кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски. Тој во пишана изјава до медиумите, посочува дека, […]

Квази носталгија на Гордана Јанкуловска


  Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, постираше фотографија од старата  жолта зграда на ВМРО-ДПМНЕ како носталгично навраќање на седиштето на оваа партија. Иако веднаш штом дојдоа на власт ВМРО-ДПМНЕ посакаа да имаат палата, а не старо зградиче  бидејќи апетитите значајно им пораснаа, сега пред изборите палатата не е баш референца за добивање гласови […]

Силјановска за Преговарачката рамка со ЕУ: Може да се договориме!


Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, смета дека за Преговарачката рамка за продолжување на преговорите со ЕУ може да се најде решение. Таа во интервју за МИА потенцира дека е за влез во Европката унија, но дека „може да се договориме“ и оти за тоа има многу варијанти. -Јас не […]

ДУИ годинава со повеќе приходи од другите партии, Ахмети еден од донаторите на партијата


Граѓаните индиректно преку Буџетот се најголеми финансиери на партите според последните извештаи на Државниот завод за ревизија кој ги објави приходите и расходите на 42 политички партии. Без разлика за кого ќе го дадат својот глас, граѓаните преку Буџетот издвојуваат пари и за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса, но и за Левица, ГРОМ, Демократски сојуз…. Помал дел […]

Пендаровски: Поништувањето на Преспанскиот договор ќе значи и исклучување од НАТО


  Претседателот на државата синоќа од митингот во Гевгелија реагираше на некои изјави на други претседателски кандидати дека треба да се напушти НАТО. Тој рече дека е опасен авантуризам да се заговара поништување на Договорот од Преспа, бидејќи тоа ќе значи и исклучување од НАТО. „Тоа е опасен авантуризам. 30 години, сите политички гарнитури се […]

САД: Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа


  САД очекуваат Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа, а јавниот дискурс да биде базиран на факти, соопштија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик. Пред претстојните претседателски и парламентарни избори во државата, медиумите во Грција пишуваат дека Атина одблизу ги следи политичките изјави поврзани со Преспанскиот договор […]

Кампањата на Бујар Османи отиде во Радовиш и Штип


  Претседателскиот кандидат на „Европскиот фронт“, Бујар Османи, денеска беше во Штип и Радовиш придружуван од првиот човек на Турската демократска партија (ТДП), Бејџан Иљјас. Во Радовиш беше отворен изборен штаб на ТДП во Радовиш, а потоа имаше партиски митинг во Штип. Османи им се заблагодари на граѓаните за поддршката: „Поддршката е најголемата чест во […]

Максим Димитриевски ќе бара јавниот обвинител да го предлага опозицијата


На Македонија и треба претседател пред се со интегритет, со став, со карактер и со принципи, со кои ги штити националните, државните интереси и пред се граѓаните, бидејќи оваа држава во своето минато ретко кога можело да забележи дека еден претседател се одважил да каже „не“ на политичкиот субјект што го предложил или на политичкото […]

Кога ќе соберат храброст за државнички одлуки нека ми се јават, повика Ковачевски


  „Ставот на СДСМ и мојот став се јасни. Успеавме да ги отпочнеме преговорите со ЕУ, успеавме да испреговараме рамка во која имаме заштитен македонски јазик, идентитет и култура, и кога ќе соберат храброст тие што немаат храброст нека ми се јават, кога ќе соберат храброст сите да донесат одлуки“, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар […]

Пендаровски: Пародија е што Мицкоски се шокира од вести што сам ги продуцира


  Зборувајќи пред жителите на Валандово, вечерва кандидатот за претседател Стево Пендаровски истакна дека на оваа држава ѝ требаат лидери кои размислуваат 30-40 години однапред, а не политичари чија единствена цел е да дојдат на власт и доживотно да останат во нивните фотелји. ,,Работејќи за подобра иднина на следните генерации, не мислејќи на нашиот рејтинг, […]

Ова се избори за или против Македонија, вели Мицкоски


  Водејќи ја претседателската кампања на Гордана Силјановска-Давкова лидерот на ВМРО-ДПМНЕ попладнево беше во Македонски Брод. И овој пат на митингот беше само Христијан Мицкоски, но не и Силјановска. Мицкоски рече дека не била точна синтагмата на СДСМ дека ова биле избори за ЕУ или против ЕУ, туку дека сега се бира „за или против […]

Мицкоски ѝ пишал на албанската опозиција, таа не му одговара


  Уште пред да почне кампањата за парламентарните избори и пред да се случи гласањето, Христијан Мицкоски упатил покана до албанската опозиција да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ но досега не добил одговор. Ова тој го изјави денеска по средбата со Управниот одбор на МАСИТ во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање. „Упатив официјална порака до албанската опозиција, […]

Османи од Градскиот парк претстави план за позелена и побезбедна Македонија


Кандидатот за претседател на Европскиот фронт, Бујар Османи, вети дека доколку биде избран за прв човек на државата, ќе работи на трансформација на Северна Македонија во зелена држава која ќе се грижи за животната средина. На денешната прес-конференција во Градскиот парк во Скопје, Османи истакна дека ќе формира одбор за валидација, односно ветинг и нема […]

ВМРО-ДПМНЕ сака да ја искористи Силјановска за свои цели, вели Љупчо Балкоски


  „ВМРО-Народна партија остана доследна и секогаш ја промовира идејата за ЕУ, дека тоа е патот по кој Македонија треба да се движи. Тоа беше пред 25-30 години, така е и сега, затоа што опцијата што ја нуди Европската унија е добра за Македонија. ВМРО-НП ја продолжува таа идеја“, изјави Љупчо Балкоски, пратеник од ВМРО-НП, […]

Дендиас: Го надгледуваме воздушниот простор на Северна Македонија и сме многу горди за тоа


Грција го надгледува воздушниот простор на Северна Македонија во рамките на „air policing“ мисијата на НАТО и сме многу горди за тоа. Спроведуваме „air policing“ и во други земји што немаат воздушни капацитети, истакна министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас за време на панел дискусијата на Делфи економскиот форум, на прашањето дали Грција или […]

Пендаровски: Со изборот на Силјановска Мицкоски сака да биде и претседател и премиер


 Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Квадарци порача дека 24 април ќе биде клучен датум и дека токму во првиот круг потребна е масовна поддршка на концептот што ја води државата напред, кон интеграција во ЕУ. „Значи 24-ти, е клучниот датум, затоа што по длабоко мое уверување на 24-ти, од тие резултати многу ќе […]

Фридом хаус: Надежите од соборувањето на Груевски допрва треба да се остварат


  „Циклични хибриди“, е групата во која е ставена Македонија во најновиот извештај на Фридом хаус „Нации во транзиција 2024″. Според оценката, таа е меѓу земјите во кои редовните промени во владејачката елита не носат значајни структурни промени и каде ривалските партии, во кои доминираат личностите или личните определби на нивните лидери, постојано ги политизираат […]

Вреди да се прочита: Гордана Силјановска – „Како што ветерот вечерва е прекрасен, така ги чувствувам вашите мисли, вашите емоции“


  За време на вечерашниот митинг на опозицијата во Струмица получасовно обраќање имаше кандидатка за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Пред неа се обрати носителот на изборната листа во Четворката, Александар Николоски, а по неа, како главен говорник со 25-минутен говор беше Христијан Мицкоски. Еве што одвои штабот на нејзината кампања за информирање на јавноста. […]

Мицкоски не сака дуел со Пендаровски, ќе го чека да станел претседател на СДСМ


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, вечерва од митингот во Струмица го отфрли повикот на Стево Пендаровски за дуел меѓу нив двајцата, затоа што сегашниот претседател тврди дека како тој да бил кандидат за претседател на државата, а не Гордана Силјановска-Давкова. „Откако имав дуел со Ковачевски, а после дуелот јадниот Ковачевски не знаеше вратата да […]

Таравари ќе ги помилува осудените во „политички монтирани случаи“


Во делот на реформите во правдата и правната држава, кандидатот за претседател Арбен Таравари од коалицијата ВРЕДИ вели дека ќе ја стопира селективноста на правдата, ќе ги спречи политички монтирани случаи, но и ќе ги помилува и оние кои биле жртви на, како што вели, тие монтирани случаи.  „Тие случаи или мора да се решат […]