МНР: Избраните функционери да бидат внимателни кон меѓународно преземените обврски како Преспанскиот договор


 Министерството за надворешни работи утрово соопшти дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби и на сите меѓународно преземени обврски како што е целосното почитување на Договорот за стратешко партнерство меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, познат како Договорот од Преспа. МНР повикува на внимателност од страна на политичките …

МНР: Избраните функционери да бидат внимателни кон меѓународно преземените обврски како Преспанскиот договор Read More »

Силјановска даде заклетва со неуставното име на Македонија (ВИДЕО)


Новоизбраната претседателка Гордана Силјановска- Давкова даде заклетва денес пред пратениците со што официјално ја презеде функцијата од нејзиниот претходник Стево Пендаровски. На инагурацијата присуствуваа претставници од сите партии, сопругата на поранешниот претседател Борис Трајковски, екс-претседателот Ѓорге Иванов, но не и Бранко Црвенковски. Обраќањето Силјановска го посвети на жените при што порача дека со користење и …

Силјановска даде заклетва со неуставното име на Македонија (ВИДЕО) Read More »

Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба


Поранешниот претседател Стево Пендаровски, по предавањето на функцијата на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, во објава на Фејсбук се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба и на неговите соработници во тек на мандатот. -Благодарност до сите граѓани за укажаната доверба и на сите соработници со кои заеднички работевме во изминатите пет години, напиша Пендаровски.

ВЛЕН: Добро е што Силјановска ја потпиша заклетвата со „Северна“


Изразуваме загриженост што емоциите од кампањата влијаат на рационалноста во првите чекори во реал политика. Имаме разбирање за чувствата на македонскиот народ, но нема втора шанса за прв впечаток за новата шефица на државата – реагираат од коалицијата ВЛЕН по заклетвата на претседателката Гордана Силјановска Давкова без „Северна„ во Собранието. – Претседателот на Републиката мора …

ВЛЕН: Добро е што Силјановска ја потпиша заклетвата со „Северна“ Read More »

Ванковска до Силјановска: Ако си јунак, раскини го Договорот од Преспа!


Професорката Билјана Ванковска, која во првиот круг од претседателските избори беше дел од седумтемина кандидати, во објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека иако нејзината тогашна противкандидата, а сега официјална претседателка Гордана Силјановска-Давкова, не го спомнала уставното име Северна Македонија, неа се уште, како што вели, ја жеже и пече придавката „северна“ на сите документи, …

Ванковска до Силјановска: Ако си јунак, раскини го Договорот од Преспа! Read More »

ЕУ изрази жалење што Силјановска не го испочитува Договорот од Преспа


  Европската унија (ЕУ) изразува жалење поради фактот што новата претседателка на Северна Македонија, претседателката Сиљановска-Давкова, не го употреби уставното име на државата на денешната церемонија кога даде заклетва, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано.   „ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на постоечките, правно обврзувачки договори, вклучувајќи го и Договорот од Преспа со …

ЕУ изрази жалење што Силјановска не го испочитува Договорот од Преспа Read More »

Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми


Ние, како партија која скапо го плати својот патриотизам, го повикуваме новото раководство на Северна Македонија да се вразуми и да размисли за своите одговорности кон историјата и иднината на нејзиниот народ, напиша на платформата Икс претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, јави дописничката на МИА од Атина. Лидерот на грчката опозициска партија упатува прашања, но …

Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми Read More »

Новата командантка се уплаши од гардата


Покрај toa што стана претседателка, Гордана Силјановска – Давкова од денес е и врховен командант на македонската армија. Ако се прошири војната на Русија во земјите на НАТО таа ќе носи клучни одлуки, а може да прогласи и вонредна состојба. Сепак, како професорка која немала релации со војската таа беше фатена со камера како реагира …

Новата командантка се уплаши од гардата Read More »

Реакција на грчкото МНР: Флагрантно кршење на Преспанскиот договор


  Министерството за надворешни работи на Грцуја остро реагираше на изостувањето на зборот „северна“ при заклетвата на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, наведувајќи дека тоа е „флагрантно кршење на Договорот од Преспа“ и дека се доведува во прашање развојот на билатералните односи и напредокот на Македонија кон ЕУ. Во реакцијата на министерството се вели: „За време на …

Реакција на грчкото МНР: Флагрантно кршење на Преспанскиот договор Read More »

Фон дер Лајен бара да се почитува Преспанскиот договор


  Три часа по полоагањето заклетва на Гордана Силјановска-Давкова се јави со реакција претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, барајќи Северна Македонија да го почитува Преспанскиот договор. Нејзината реакција се однесуваше на изоставувањето на зборот Северна кога Силјановска ја даваше заклетвата за претседател и кажа само „Македонија“. Во објавата на Икс таа порача …

Фон дер Лајен бара да се почитува Преспанскиот договор Read More »

Лога ја прогласи „ништовна“ заклетвата на Силјановска, да се повтори или Митревски да стане в.д. претседател!


Министерот за правда Кренар Лога на својот Фејсбук профил порача дека ништовна е заклетвата на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова. Според него, треба да се повтори постапката или функцијата да ја преземе претседателот на Собранието, Јован Митревски. „Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска. Или повторување на постапката или функцијата …

Лога ја прогласи „ништовна“ заклетвата на Силјановска, да се повтори или Митревски да стане в.д. претседател! Read More »

Силјановска на Водно, гардата ја дочека новата претседателка и врховна командантка


Гордана Силјановска-Давкова ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести. Во „Вила Водно“ таа замина од Собранието каде што ја даде свечената заклетва за совесно извршување на должноста и со обраќање пред присутните пратеници, дипломатскиот  кор и …

Силјановска на Водно, гардата ја дочека новата претседателка и врховна командантка Read More »

Малески: Силјановска ѝ објави војна на Грција


Во моментот кога повторувајќи ги зборовите на заклетвата кажани од претседателот на собранието одби да го употреби новото уставно име на државата, таа, така да се изразам, ѝ објави војна на Грција, беше реакцијата на поранешниот министер за надворешни работи Денко малески за инагурацијата на Гордана Силјановска-Давкова денеска во Собранието. „Со својата постапка таа му …

Малески: Силјановска ѝ објави војна на Грција Read More »

Силјановска сама на инагурацијата, не дојдоа претседатели од регионот


На денешната церемонија не присуствуваа лидерите на соседните земји, Бугарија, Србија и Албанија и Косово, за разлика од заклетвата на Стево Пендаровски, каде беше присутен и бугарскиот претседател Румен Радев. Грчки „Катимерини“ објави дека овие држави тврдат дека, наводно, не ги добиле поканите навремено. Инаугурацијата на Пендаровски пред точно пет години ги седна еден до …

Силјановска сама на инагурацијата, не дојдоа претседатели од регионот Read More »

Изоставувањето на „Северна“ ударна вест во Грција


  Грчките медиуми промптно го пренесоа фактот дека новата претседателка на државава, Гордана Силјановска-Давкова одбегна да каже Северна Македонија при давањето заклетва во македонското Собрание. „Катимерини“ во првата реакција напиша дека „г-ѓа Силјановска за време на заклетвата, државата ја нарече ‘Македонија’, и покрај тоа што во текстот на заклетвата, кој го кажа претседателот на Собранието …

Изоставувањето на „Северна“ ударна вест во Грција Read More »

Герапетритис ја услови евроинтеграцијата на Македонија со Договорот од Преспа


Во однос на Северна Македонија, повеќепати нагласив дека патот на земјата кон Европската Унија поминува и преку верното придржување до Договорот од Преспа, истакна министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за неделното издание на весникот „Врадини“, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката дипломатија потсети на ставот на Нова …

Герапетритис ја услови евроинтеграцијата на Македонија со Договорот од Преспа Read More »

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ на преговори, ги договориле основите за соработка во власта


По средбата помеѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, Христијан Мицкоски објави дека биле договорени општите начела на соработка за идната влада и дека по формирањето работни групи, ќе продолжеле разговорите до нивно финализирање. „Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против …

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ на преговори, ги договориле основите за соработка во власта Read More »

Грчката амбасадорка протестираше, ја напушти инаугурацијата на Силјановска


Грчката амбасадорка Софија Филипиду, која заедно со колегите амбасадори дојде да ја проследи  инаугурацијата на Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на државата, ја напушти пленарната сала во знак знак на протест поради тоа што  при давањето свечена заклетва таа не го употреби уставното име на земјава – Република Северна Македонија туку користеше Македонија. Веста прв ја …

Грчката амбасадорка протестираше, ја напушти инаугурацијата на Силјановска Read More »

Денес Силјановска ќе биде инаугурирана за шести претседател на државата


Гордана Силјановска Давкова денес ќе стане првата жена претседател на Македонија. Победничката на претседателските избори ќе даде свечена изјава во Законодавниот дом, со што и официјално ќе биде инаугурирана како шести претседател на државата. Потоа во кабинетот на претседателот на Водно ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата  со највисоки државни и воени …

Денес Силјановска ќе биде инаугурирана за шести претседател на државата Read More »

Бојко Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, изборите поминаа, треба да запре со зборувањето


  Лидерот на ГЕРБ, партијата која е голем фаворит на парламентарните и европските избори во Бугарија, денеска му порача на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да ја скуси реториката бидејќи изборите поминаа. Бојко Борисов изјави и дека му честитал на Христијан Мицкоски на победата на изборите. За време на кампањата во Бургас Борисов изјави: „Има Договор за …

Бојко Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, изборите поминаа, треба да запре со зборувањето Read More »