Во Аеродром поставени хотели за опрашувачи, односно за пчели


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски денеска оствари неформална средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј и со претставници на граѓанското здружение „Новинари за човекови права“. На средбата беше презентиран проектот „Хотели за опрашувачи“ во реализација на „Новинари за човекови права“, а поддржан од Британската амбасада во Скопје. Во рамките на настанот беа презентирани дрвените куќички […]

Се решаваат проблемите на пазарџиите од „Буњаковец“


Проблемите со паркинзите, отпадот, доставата на роба до пазарот и околните маркети беа едни од главните проблеми кои граѓаните им ги презентираа на градоначалникот Герасимовски и на претставниците на општинските служби и ЈП „ПОЦ“ кои беа присутни на вчерашната средба. Во отворен разговор и дискусија со службите и градоначалникот, граѓаните имаа забелешки и за состојбата […]

Арсовска: Ќе фрштат казни, со илјадници евра, ако се фрла оптад на диви депонии


ОКолу 30 депонии во околината на Скопје се исчистени, а целта е во наредниот период да се исчистат 120, колку што детектирала градоначалничката Данела Арсовска. Таа, во „Само интервју“ на Канал 5, вечерва, рече дека депониите кои се исчистени во моментов се оградуваат, со физичка ограда, за да не може повторно да се фрла на […]

Данела Арсовска закажала седница без да ги покани новинарите


СДСМ извести дека градоначалничката Данела Арсовска закажала седница на Советот, без притоа благовремено да ги покани медиумите кои редовно ја следат работата на Советот.   -Ваквиот потег на Данела е невиден преседан во досегашната работа на Советот чии седници секогаш биле достапни за јавноста преку медиумите.Ова бегање од јавноста е непочитување на медиумите, но и […]

(Фото) „Пежо” пропадна во езерцето во Градски парк


Утрово на Фејсбук страницата „Ние сме од Скопје“ беа објавени фотографии од автомобил „Пежо 206“ којшто пропаднал во езерцето во Градскиот парк во Скопје. – Го чува ли некој паркот навечер?, стои во описот на фотографиите. „Пријавено е дека пежо 206 со скопски регистерски таблички паднало во каналот во Градски парк, кај мостот. До сега […]

Вртоглав раст на цените на становите во Скопје


Цената на становите во Скопје бележи постојан раст од почетокот на годинава. Во третиот квартал годинава, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 5,9 отсто. Во првиот квартал зголемувањето изнесуваше 3,2 отсто, а во вториот 4 отсто. Тоа резултираше квадратен метар станбена површина да достигне 1.500 евра во општини како Центар и Карпош, а […]

МВР ја искара Данела Арсовска, да работи а не да бара алиби кај нив


Сообраќајот на раскрсниците во Скопје е надлежност на Градот, службите на Данела Арсовска го создадоа метежот, а МВР го расчисти. Со ваква реакција Министерството за внатрешни работи и укажа на новата градоначалничка кои се нејзините надлежности со порака, наместо да бара изговр кај други, да се фати со тоа што и е работа.       […]

Сообраќајот во Скопје беше блокиран со часови


Попладнево, сообраќајот во Скопје беше блокиран од колони возила речиси три часа. Сообраќајната полиција го регулираше сообраќајот додека семафорите беа исклучени на дел од крстосниците, а возилата стоеја во место и по еден час. Автобусите од градскиот превоз беа заглавени во метежот, а нервозните патници се јавуваа по неколку пати дома да кажат дека едноставно […]

Скопје попладнево блокирано со часови


Попладнево сообраќајот во Скопје беше блокиран. Редици автомобили создадоа густ метеж во центарот на градот во критичните часови кога граѓаните си заминуваат од работа, при што за растојанија што вообичаено се минуваат за 5, до 10 минути, потребен е цел час. Верижниот судар кај Мавровка попладнево, со четири повредени лица, а во несреќата учествувале пет […]

Зелени сертификати за 60 домаќинства од Карпош за одржливо греење


Во име на општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски денеска им врачи „зелени“ сертификати и штедливи лед-светилки, на граѓаните кои се пријавија на јавниот повик, како дел од кампањата „100% одржливо греење“  за одбележување на употребата на одржливи системи за греење и ладење.  Имено, општина Карпош пред два месеца распиша јавен повик на кој можеа да […]

Автобусите на ЈСП утре по празничен возен ред


Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека утре, среда (8.12.2021 година) кога е неработен ден поради државниот празник „Св.Климент Охридски“, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Дежурни ќе бидат три билетарници, од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а отворена од 7 до 13 часот ќе […]

На пролет „Ленинова“ ќе добие нова канализација, осветлување и нови паркинг-места


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вчера вечер оствари средба со граѓаните од улица „Ленинова“, која треба да се реконструира напролет. Идејното решение за улицата е во крајна фаза, поради што Герасимовски ги покани граѓаните да го погледнат заедно и да се изјаснат по истото. Жителите од „Ленинова“ се задоволни од проектното решение, кое нуди […]

Скопјани проблемите ќе може да ги пријавуваат на имеил


Град Скопје од денеска ја става во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] како чекор кон транспарентно управување за Скопје 24 часа во служба на граѓаните. Од Град Скопје информираат дека на оваа електронска адреса граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација ќе биде задолжена да одговори на барањата на граѓаните. – Во […]

Отворено советувалиште за психо-социјална поддршка на жени и деца жртви на родово базирано насилство


Во состав на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денеска во Скопје беше отворено советувалиште за психосоцијална поддршка на жени и деца жртви на родово базирано насилство. Советувалиштето ќе обезбедува услуги за жени и деца-жртви на различни форми на родово базирано насилство. Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз […]

Утре без струја повеќе делови од Скопје и околината


Заради планирани закажани технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре без струја ќе бидат делови од Град Скопје и неговата околина. Како што соопшти РЦУК, во период од 09:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат домаќинствата на потегот од гробиштата во Бутел кон улиците „Гвадалахара“, „Јуриј Розентал“, „Плачковица“ во општина Шуто Оризари. Во период, пак, […]

Волонтерска акција во Кисела Вода по повод Меѓународниот ден на волонтерите


Општина Кисела Вода, Волонтерски Центар Скопје и „За почиста Македонија“ започнаа со волонтерска акција за чистење на Расадник и обезбедување на донации за социјално загрозените лица, во рамки на одбележувањето на 5 декември – Меѓународен ден на волонтерите, информира Општина Кисела Вода. Во соопштението се наведува дека градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиески предал […]

Неколку улици во Чаир без вода


Прекинато водоснабдување денеска од 11:30 часот ќе имаат корисниците од улиците „Белградска“, „Самарџиска“ и „Алберт Станиќ“ во населбата Чаир. Од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје информираа дека  прекинот е поради уличен дефект ф 80 мм на ул. „Никола Мартиновски“ бр.21 во населбата Чаир, и ќе трае се до санирање на дефектот. 

Отворен реконструираниот спортски комплекс „Марко Божиновски“ во општина Аеродром


Комплетно реконструиран и преименуван во спомен на ракометарот Марко Божиновски, кој летоска почина на 20-годишна возраст, денеска свечено беше отворен спортскиот комплекс во Ново Лисиче, во скопската општина Аеродром. На отворањето на реконструираниот мултифункционален спортски центар „Марко Божиновски“ присуствуваа членови на неговото семејство, пријатели, соиграчи, жители на општина Аеродром и претставници на локалната власт. – […]

Отворен нов пензионерски клуб во Капиштец


Пензионерите од Центар можат да се дружат, да играат шах, пикадо, домино, карти и друго, во новоотворениот пензионерски клуб во Т.Ц. Беверли Хилс. Градоначалникот Герасимовски беше во посета на пензионерите, пред кои најави зголемени активности, преку организирање турнири во шах, пикадо и стрелаштво. Во оваа пригода Герасимовски на пензионерите им однесе шах, домино, карти и […]

„Зимско арт-бостание“ денеска се „крева“ во Ново Лисиче


Денеска, точно на пладне, во паркот „Бостание“ во Ново Лисиче, се „крева“ т.н. зимско арт-бостание. Уметниците Владимир Лукаш, Тома Димовски, Сали Ертунч, Вук Митевски и Иван Ивановски ќе направат уметничка инсталација преку која ќе го претстават чудесното патување на едно невообичаено македонско семејство. Организаторот на ова арт-бостание се момците од алтернативниот културен центар КЦ 750, […]