Жичарницата до Водно во функција од Нова година


По две години откако престана со работа жичарницата до врвот на Водно, Градот најавува дека таа ќе профункционира околу Нова година. – Во моментот се проверуваат техничките можности, потоа следува хортикултурно уредување, затоа што две години била запуштена, а на крај ќе треба да се дезинфицираат кабините – рече новиот директор на Јавното сообраќајно претпријатие […]

Утре донаторска забава за кучињата во „Лајка“


Прифатилиштето на ЈП Лајка – Скопје ги кани сите хумани граѓани на дружба и донирање помош за бездомните кучиња згрижени во прифатилиштето на Лајка. Донациите кои се собираат се со цел подобрување на услови во прифатилиштето пред почеток на зимската сезона. Потребни се: ќебиња, тањирчиња, околувратници, поводници, играчки, шампони за кучиња, креветчиња,прашаци за перење и универзални […]

Град Скопје се правда за стопирањето на автобуското метро


 Град Скопје информира дека меѓународниот тендер за изградба на БРТ е стопиран поради бројни недостатоци и ризици врз животната средина. -Како што веќе е познато, постапката е стопирана и поради тоа не се пристигнати понуди. БРТ е проект кој според анализите изготвени минатата година за потребите на Град Скопје укажува на бројни недостатоци и ризици […]

Арсовска им вети на пожарникарите соодветно бодување за плата


Пожарникарите од Скопје ќе добивата плата според бодувањето од Колективниот договор, а не од правилникот, беше договорено на денешната средба со градоначалничката Данела Арсовска. – Договорено дека се прифаќа барањето бодувањето наместо од правилникот за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување во колективниот договор, со што ќе бидат заштитени законските права […]

Од вчера почна украсувањето на градот Скопје за Новогодишните празници


Од Град Скопје информираат дека централното градско подрачје, плоштадот „Македонија“, улицата „Димитрија Чуповски“ и булеварот „Илинден“ од вчера забрзано се украсуваат со новогодишни украси во пресрет на новогодишните празнувања. Оттаму посочуваат дека денеска се поставува и новогодишната елка што за новогодишните празници ќе го украси плоштадот „Македонија“. – Новогодишното украсување на градот во согласност со […]

СДСМ: Арсовска на штета на скопјани се откажува од БРТ системот


Скандалозен е последниот потег на градоначалничката Данела Арсовска да го прекине проектот Бас Рапид Транзит, кој се спроведуваше со поддршка од Европската банка за обнова и развој, сметаат од партијата на власт СДСМ. – Три години се работеше овој револуционерен проект кој има за цел да внесе нов систем на ефикасен и еколошки јавен превоз […]

Имам елка без лампиони, ќе ја викам Скопје-Твитер реакции за новогодишното (не)украсување


Четрнаесет дена до Нова година, Плоштадот Македонија во Скопје сè уште е без новогодишна елка, а не е поставена ниту една светилка и лампион кои ги симболизираат и најавуваат новогодишните и божиќните празници. Иако градоначалничката Данела Арсовска преку видео обраќање најави дека центарот на градот ќе почне да се украсува од 10 декември, Плоштадот зјае […]

Онлајн дебата „Нов Генерален урбанистички план за зеленo и хуманo Скопје”


Онлајн дебата со наслов „Нов Генерален урбанистички план за зеленo и хуманo Скопје”, со цел детектирање на проблемите во секојдневното живеење што произлегуваат од планските решенија на постојниот ГУП од 2012 година, како и утврдување на конкретни насоки за изработка на претстојниот ГУП, ќе се одржи денеска во организација на Зелен хуман град. Дебатата, како […]

Данела го стопираше тендерот за автобуското метро


Стопиран е тендерот за изградба на автобуското метро или Бас рапид транзит (БРТ) кој беше објавен на страната на Европската банка за обнова и развој, пишува СДК.МК.Градоначалничката Данела Арсовска по доаѓањето на функцијата најави дека нема да го продолжи проектот на нејзиниот претходник, а сега тој и официјално е прекинат. Од нејзниот кабинет велат дека […]

Онлајн дебата „Нов Генерален урбанистички план за зеленo и хуманo Скопје“


Онлајн дебата со наслов „Нов Генерален урбанистички план за зеленo и хуманo Скопје“, со цел детектирање на проблемите во секојдневното живеење што произлегуваат од планските решенија на постојниот ГУП од 2012 година, како и утврдување на конкретни насоки за изработка на претстојниот ГУП, ќе се одржи денеска во организација на Зелен хуман град. Дебатата, како […]

Ангеле Сотировски нов в.д. директор на ЈП „Паркови и зеленило”


Ангеле Сотировски е назначен за нов в.д. директор на Јавното Претпријатие „Паркови и зеленило”, по спогодбениот престанок на функцијата на досегашниот директор Ардијан Муча, соопштија од Град Скопје. Ангеле Сотировски е дипломиран економист со повеќегодишно работно искуство во јавното претпријатие „Паркови и зеленило”, каде е вработен од 2009 година.

Училиштето „Димитар Македонски“ ќе почне да работи од второ полугодие


По неколкугодишна изградба, Основното училиште „Димитар Македонски” во населба Лисиче доби нов објект во кој учениците ќе почнат да ја следат наставата во второто полугодие на учебната 2021/2022 година. Училиштето е изградено на местото на стариот објект кој беше урнат. Оставена беше само спортската сала која е реновирана. Министерката за образование и наука Мила Царовска […]

Неколку скопски улици денеска без вода


Без вода денеска од 11:10 часот се корисниците на улиците „Девол“, „Жданец“ и „Козле“ во скопската населба Нерези. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекинот е поради водоводниот уличен дефект од Ф 80 милиметри на уллица „Девол“ бр.18. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. 

Борис Настов е нов времен директор на „Улици и патишта“


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска го назначи Борис Настов за нов в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“ Скопје. Борис Настов е дипломиран машински инженер со долгогодишно работно искуство на раководни позиции во Гранит АД Скопје, БАУЕР БГ Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ Скопје и Министерство за финансии.

Градоначалникот Ѓорѓиевски посвои куче од „Лајка”


 Хуманиот третман на уличните и напуштените кучиња, намалување на популацијата на бездомни кучиња, вдомување и градење култура за вдомување, се главните теми на кои разговараа на денешната средба градоначалникот на Кисела Вода Ѓорѓиевски и директорот на ЈП Лајка, Воислав Димитровски. Од општината информираа дека директорот на ЈП Лајка, Димитровски информираше дека само во изминатата година […]

Кристијан Стаменов нов в.д. директор на ЈУ “Зоолошка градина“ – Скопје


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го назначи Кристијан Стаменов за нов вршител на должноста директор на ЈУ „Зоолошка градина“ на Град Скопје, откако претходниот директор Ѓорги Галетановски си поднесе оставка од оваа функција. – Покрај Стаменов, Тина Мицковска од денеска е прв соработник и заменичка на новиот директор на ЗОО. Мицковска претходно беше задолжена […]

Општина Центар со шест специјални возила ќе го чисти снегот


Зимската служба на Општина Центар има склучено договор со компанијата „Анизор“ со што вкупно шест специјални возила за отстранување на снег се ставени на располагање на општината во наредниот период за справување со евентуалните снежни врнежи. Од општината, информираат дека договорот опфаќа две возила со плуг и соларка, три специјални возила за отстранување снег (до […]

Иван Илиевски нов в.д. директор на ЈСП


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го назначи Иван Илиевски за в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП), на местото на досегашниот директор Кристијан Чушков кој е разрешен од функцијата. Илиевски долги години работи на раководни позиции во Авто Мото Сојуз на Македонија и Македонија Сообраќај Америт. Во текот на својот професионален ангажман, работи […]

Директорот на скопската Зоолошка градина си поднесе оставка


Директорот на Зоолошка градина Скопје Ѓорги Галетановски денеска на неговиот фејсбук-профил објави дека поднесува оставка од функцијата. Тој упати благодарност за укажаната доверба од страна на поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов, како и на сите медиуми, спонзори, донатори, здружениjа за животни, а најмногу, како што истакна, на вработените во Зоо Скопје, со чија […]

Првачињата од Гази Баба од година ќе добиваат по 3.000 денари помош


Првачињата во Општина Гази Баба, од следната година ќе добиваат еднократна парична помош. – На вчерашната седница на мој предлог, Советот на општина Гази Баба одлучи следната учебна година, секое семејство кое ќе има прваче, да добие еднократна парична помош од општината во висина од 3.000 денари, објави преку социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на […]