Герасимовски: Многу барања стигнуваат за локацијата „Треска“


Фото: Независен весник

Горан Герасимовски, градоначалникот на Центар, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека во општината се сумираат разните типови на барања за дозволи кои изминатиот период пристигнуваат, по пожарот во кругот на поранешната фаврика „Треска“ која се наоѓа на атрактивна локација.

– Таму во моментов има постоечки ДУП со голем број на парцели. Досега немаме дадено ниту една дозвола. До општината стигаат барања и за отстранување на одредени објекти, барања за легализација на објекти, за легализација и откуп на земјиште на легализирани објекти. До сега општината ги прима сите барања и полека ќе постапува по истите. Во овој момент чекаме и насока од страна на Основното јавно пбвинителство за да знаеме како понатаму ќе постапуваме и за самите предмети, како и за расчистување на теренот на „Треска“, изјави Герасимовски.

Во локалната самоуправа вчера состанок одржал и кризниот штаб, а од полицијата добиле одговор  дека увидот е завршен и се чека записникот од ОЈО и МВР да се достави до општината и да се види дали пожарот е подметнат.

– Јас кажав дека првично треба да го расчистиме самиот терен. Од страна на општинските инспектори за животна средина, заедно со инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина и Министерството, направено е увид неколку пати на површината на „Треска“ каде што гореа самите бараки, за да се увиди за каков материјал станува збор и дали истиот е штетен по здравјето на граѓаните. Пред се, ние битно тоа, на самата површина, доколку има, штетен материјал, истиот да се отстрани, рече Герасимовски.