Вандали ја запалија пораката на Бадникарите


Деновиве скопските Бадникари беа непријатно изненадени и секако огорчени поради постапката на непознати сторители на јужните падини на Водно кај месноста Краста.

Имено, од несватливи причини е искршена, а потоа запалена таблата сo замислете, еколошка, а не некаква политичка или комерцијална порака, а потоа запалена. Причините за ваквата вандалска постапка се несфатливи и предизвикуваат гнев и неверување кај Бадникарите, кои уживаат неподелени симпатии и поддршка од своите сограѓани за скоро 30 годишната успешна активност.

Тие на Краста каде што со години, во пресрет на Божик, ги берат бадниковите гранчиња кои на Бадник им ги делат бесплатно на скопјани на собир пред Соборниот храм Свети Климент Охридски со безброј придружни манифестации кои станаа скопска традиција.

А, на спорната табла стоеше порака со еколошка содржина-не фрлајте отпадоци и чувајте ја околината, за која пристигнуваа пофалби и симпатии. Бадникарите се зачетници и чувари на традициите на саканиот град, хуманитарци и екологисти и не заслужуваат ваква долна и гнасна реакција на непознатите престапници!
За овој вандалски чин ќе поднесеме соодветна пријава до институциите на системот до непознат сторител.