Сопственикот на кафе барот „Хепи“ без дозвола си поставувал маси и столици во пешачка зона


Откако „Независен“ објави дека на малиот зелен простор пред кафе барот „Хепи“ некој поставува метални столици и маси со кои го узурпира пешачкиот простор, инспектори од Општина Аеродром вчера излегле на терен и констатирале дека сопственикот на кафе барот решил самоиницијативно да се прошири  буквално на улица, и што е навјажно, за тоа немал никаква дозвола. 

Како што се дознава, и инспекторите биле шокирани од иновативноста на сопственикот на кафе барот што ја прокоментирале со оценката – дека во својата кариера не виделе вакво нешто на терен. 

Како што може да се види од фотографијата со новопоставените метални маси и столици практично се затвора пристапот до слаткарницата „Палма“, а на другата страна се попречува движењето на пешаците. Од Општина Аеродром  му наложиле на сопственикот веднаш да ги отстрани поставените маси и столици, а ако не го стори тоа  – тие ќе ги тргнат на негова сметка.