Првпат Гази Баба субвенционира велосипеди


Фото: Б. Грданоски

За прв пат на територија на општина Гази Баба се воведени субвенции за купување на велосипеди.

Во тек е јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување велосипеди во 2022 година, соопштија од Општината.

Општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во период од објава на Јавниот повик, 11.04.2022 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед.

Средствата што Општина Гази Баба ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнувањето.

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба, кои ќе купат нов велосипед од Република Северна Македонија во период од објава на Јавниот повик, 11.04.2022 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.