Исчистени транспортниот центар и кејот на Вардар


Во текот на вчерашниот ден, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведе активности за чистење на транспортниот центар под Железничката станица во Скопје, каде што беа отстранети приближно 10м3  отпад од диви депонии. Воедно, во организација на Градот Скопје се одвива акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар, во којашто учествуваат сите јавни градски претпријатија. Во […]

Без вода дел од Драчево и „Јадранската магистрала“


Дел од корисниците лоцирани на улиците „Малешевска“, „Аилска“, „Јакупица“, „Румена Хаџипанзова“ и „Бранко Заревски“ во скопската населба Драчево, како и на „Јадранска магистрала“ денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекините се поради улични дефект на улица „Јустинијан Први“ број 2 во Драчево и на улица „Качанички […]

Во Аеродром 497 граѓани добија субвенции за тротинети и велосипеди


Градоначалникот Тимчо Муцунски денеска ги потпиша решенијата за доделување паричен надоместок за секој купен велосипед или електричен тротинет. Од објавувањето на повикот, па се до исцрпувањето на предвидените средства, апликации за добивање на овие субвенции поднесоа 549 граѓани, од кои вкупно 497 ги имале поднесени сите потребни документи и ќе добијат надоместок. Ова е прва […]

Пријавете бездомно куче за хуман третман во Лајка


Од ЈП Лајка-Скопје потсетуваат дека преку електронската апликација  може да пријавите бездомно куче за хуман третман во прифатилиштето. Приоритет ќе имаат кучињата кои се скучни, повредени, проблематични и кучки за стерилизација, со цел спречување пораст на популацијата на бездомни кучиња на улиците во градот Скопје.  Инаку проблемот со кучињата скитници и натаму е актуелен меѓу скопјани. Секојдневно […]

Во петок прскање против ларви и возрасни комарци по седми пат годинава во Скопје


Градот Скопје ги информира граѓаните дека на 05.08.2022 година (петок) ќе започне дезинсекцијата против ларви од комарци, а на 08.08.2022 година (понеделник) дезинсекцијата против возрасни форми на комарци. Прскањето ќе се врши според следниов распоред: 1. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје ќе се реализираат на 05.08.2022 година (петок), во […]

Драган Илиевски нов в.д. директор на ЗОО Скопје


  Драган Илиевски е нов в.д. директор на ЗОО Скопје. Илиевски има повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор. Дипломиран машински инженер е на Машинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а има завршено магистерски студии по Економија.  Илиевски доаѓа на позицијата по разрешувањето на претходниот В.Д […]

Градот Скопје и за мостот на „Љубљанска“ ја прозва Владата


Градот Скопје не смета дека е неопходно целосно затворање на кејот кај изведба на мостот на „Љубљанска“ од страна на инвеститорот и изведувачот. – Сепак, треба да потенцираме дека во овој проект Град Скопје се појавува само како иден корисник, додека инвеститор на проектот е Влада на РМ, финансиер на истиот е ТАВ Македонија, а […]

Поради надградба на системот не функционира плаќањето паркинг со СМС порака


Јавното претпријатие „Градски паркинг“ информира дека поради надградба на системот за зонско паркирање, денеска не е во функција наплаќањето преку смс порака. Тоа значи дека смс пораките за наплата на паркинг, од крајните корисници не можат да се процесираат до ЈП „Градски паркинг“. Поради ова, од претпријатието ги замолуваат корисниците на зонско паркирање да го […]

Зградите кај Скопјанка без вода поради уличен дефект


Зградите околу Скопјанка во Општина Аеродром имаат прекин на водоснабдување поради уличен дефект од 17:00 часот, соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што се посочува во соопштението, поради уличен дефект од ф150 милиметри на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ бб (кај Скопјанка ), со прекинато водоснабдување од 17:00 часот ќе бидат корисниците на […]

Нека се гради мост, но ставете тунел за да не се затвори целосно кејот кај Карпош


Во скопската населба Карпош, на потегот кај карпата започнува изградба на сообраќаен мост кој ќе ги поврзува двете страни на реката Вардар и кој ќе претставува брза врска помеѓу Карпош, на една страна и Бардовци и Злокуќани на друга. Здружението за трчање, пливање, велосипедизам, дуатлон и триатлон 091РАНКРУ Скопје, во целост ја подржува иницијативата за […]

Општина Аеродром заедно со „Лајка“ ќе го сопрат истоварањето кучиња


Општина Аеродром планира да го спречи проблемот со бездомните кучиња, а за таа цел ЈП „Лајка“ извоило дури милион денари. Имено, општо познато е дека покрај Вардар, на територијата на општината, често од камиони со регистарски таблички од други градови се истовараат кучиња, кои потоа неконтролирано шетаат по улиците и парковиоте. Затоа, од Општината соопштија […]

Утре специјален сообраќаен режим во Скопје поради Илинден и шпанскиот премиер


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека утре (недела), поради реализација на предвидените манифестации  по повод одбележувањето на националниот празник Илинден, ќе има  посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на градот. Притоа, посебениот режим на сообраќај ќе се воспостави со почеток 7.30 часот при што за сообраќај ќе бидат […]

На местото на дивиот, Кисела Вода ќе гради модерен затворен пазар


Општина Кисела Вода за прв пат ќе добие модерен затворен пазар. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и министерот за локална самоуправа Горан Милевски го потпишаа Договорот за финансиско партнерство, преку кој наскоро започнува изградбата на современо здание на местото од некогашниот див пазар. Објектот кој ќе се протега на површина од 250,00m2, на жителите на општина Кисела […]

Цената на парното зголемена за 14,18 отсто


Од 1 август цената на парното греење ќе биде зголемена за 14,18 проценти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Тоа значи дека кај просечна сметка за топлинска енергија од 1.800 денари, зголемувањето би било 250 денари. – Цела Европа и регионот имаат сериозни проблеми во енергетскиот сектор заради превисоките цени на енергетските ресурси и намалените количини […]

Дали булеварот „Киро Глигоров“ конечно ќе заличи на булевар?


Реконструкцијата на булеварот „Киро Глигоров“, која почна во август 2021 година, интензивно се одвива и е во завршна фаза. На терен се изведени обемни работи на реконструкцијата на коловозите, како и изведба на нова атмосферска и фекална канализација, тврдат од Град Скопје. Извршена беше реконструкција на булеварот во должина од 1.450 метри. Во периодот на […]

ЈСП за Илинден сообраќа по неделен возен ред, жичницата ќе работи


Ве информираме дека во вторник (02.08.2022 година), поради државниот празник 2 Август – (Илинден), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, дежурни ќе бидат три билетарници, а жичницата ќе работи вообичаено.  Дежурни од 7 до 13 часот ќе бидат билетарниците на Зелен пазар, Транспортен центар и билетарницата во Ѓорче Петров.  Жичницата ќе работи вообичаено, […]

Патеките во парк сепак ќе бидат со тартан и со ризла


По повод реакциите во јавноста за вчерашното асфалтирање на патеката околу лавиринтот денеска директорот на ЈП „Улици и патишта“ Скопје, Борис Настов во изјава за медиумите ги објасни активностите во врска со реконструкцијата на патеките. „Вчера почнавме со реконструкција на патеките во делот кај лавиринтот, непотребни се тензии во почетната фаза на реконструкција дури не […]

Новиот објект од градинката „Црвенкапа“ во Аеродром е при крај


Аеродром добива нова градинка со капацитет за згрижување на над 200 деца. Градинката е лоцирана во Стар Аеродром, поточно во кругот на градинката „Срничка“, односно клонот „Црвенкапа“ на површина од 1.700 м2. Има осум занимални со сопствени тоалети и најсовремени услови за згрижување на најмладите. Градоначалникот Тимчо Муцунски денеска изврши увид во активностите во новиот […]

Данела Арсовска асфалтира сѐ што ќе стигне во скопскиот Градски парк


  Ако Данела Арсовска по некаков фантастичен случај беше градоначалничка на Париз и ги испратеше градежните машини да ги асфалтираат Тилериските градини во самото срце на француската метропола, таа можеби ќе беше обвинета и за кривично дело. Па дури и да отиде в затвор. Тилериските градини на потегот од Лувр до Триумфалната порта креирани од […]

Дожд и засилен ветер попладнево во делови од Скопската котлина


Делови од Скопската котлина попладнево беа зафатени од локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од силниот ветер има и паднати дрва. Синоптичарите најавуваат нестабилно време и за утре, а преодно стабилизирање се очекува во петок, додека за време на викендот во попладневните часови повторно ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со […]