Дел од Ѓорче Петров, село Батинци и Драчево без вода


Поради уличен дефект ф-150 мм на ул. „Борис Сарафов“ бб (во близина на амбулантата), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците во Дексион во населбата Ѓорче Петров.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:10 часот до санација на дефектот, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

И Батинци без вода
Поради дефект на приклучна цевка, без вода денеска од 09:00 часот се корисниците во скопско Батинци.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот, информира ЈПВ Водовод и канализација – Скопје.

Без вода село Драчево
Поради уличен дефект на водоводната мрежа, без вода од 09:30 часот се корисниците од с. Драчево.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.