Крводарителска акција за патронатот на ООУ ,,Лазо Ангеловски” – собрани 33 единици крв


Под мотото ,,Кој ќе спаси еден живот, го спасил целиот свет” во понеделникот, во просториите на основното училиште „Лазо Ангеловски“ се одржа акција за дарување крв. -Во акцијата учествуваат вработените во училиштето, родителите и жителите од најблиската локална средина, а факт што особено радува е големиот одзив на сите акции од хуманитарен карактер. Преку хуманост […]

Владата забрани, а општините продолжуваат да формираат претпријатија за улично осветлување


  Општина Аеродром формираше јавно претпријатие кое има обврска да го менаџира уличното осветлување, а Владата пред два дена донесе одлука со која на општините и на Градот Скопје им се забранува да основаат јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес – јавно осветлување. Ваквата одлука, велат […]

Рекордни октомвриски температури во Скопје и низ Европа


Денеска во Македонија се измерени рекордни 25 степени. Имено, низ минатото, на денешен ден, највисоката измерена температура била 24 степени. Најладно пак на денешен ден било во 2011 година, кога температурите паднале дури до 0 степени. Претходно, во месец октомври пак во Скопје најтопло било во 1993 година кога температурите стигнале до 32 степени, додека […]

ЕСМ на периоди ќе набавува гориво чекајќи да падне цената, но парно ќе има


АД ЕСМ ќе набави природен гас од Макпетрол за топланите Исток и Запад за периодот 01-15 ноември и за КОГЕЛ во подружница Енергетика за периодот 01-30 ноември. Со оглед на тоа што приватната гасна електрана ТЕ ТО има обезбедено гас за својот режим на работа за месец ноември, за истата не е извршена набавка од […]

Во среда конечна одлука за штрајк на синдикатот на „Водовод и канализација“


Синдикалната организација на СУТКОЗ при „Водовод и канализација“ донесе одлука за користење на правото на штрајк. Од Сојузот на синдикати на Македонија, информираат дека одлуката е донесена едногласно на вчерашната седница, а се очекува да биде потврдена во среда на највисокиот орган на Синдикатот СУТКОЗ. Потоа ќе биде известено Министерството за труд и социјална политика […]

Лицата со попреченост од утре може да поднесуваат барање за користење повластени паркинг услуги во 2023


Од утре до 1 декември 2022 ќе може да се поднесуваат барања од лица со попреченост за користење повластени паркинг услуги за календарската 2023 година. ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ги повикува сите заинтересирани лица со попреченост, кои се жители на Град Скопје, во претстојниот период да достават уредно пополнето Барање или да го пополнат […]

Поради уличен дефект на „Лондонска“ 9б, прекинато водоснабдувањето


 Поради уличен дефект ф-125 милиметри на улица „Лондонска“ 9б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:00 часот, па до завршување со санација на дефектот

ЈСП вклучува свои автобуси да ги „покрие“ линиите на кои не возат дел од приватните автобуски превозници


ЈСП „Скопје“ денеска вклучува дополнителен број на автобуси за на тој начин да ги „покрие“ линиите на кои приватните автобуски превозници од „Макекспрес“ не возат, поради долгот кој го има Јавното сообраќајно претпријатие кон нив. Станува збор за линиите 19, 20, 52, 54 и 22 кои превезуваат патници од Шуто Оризари, Ржаничино, Волково и Колонија […]

Денеска не возат автобусите 19, 20, 22, 52 и 54 поради неисплатен долг од ЈСП и Град Скопје


Поради долгови од ЈСП и Град Скопје, приватниот превозник „Макескпрес“ од денеска не вози по скопските улици. Приватниот превозник на автобуски градски превоз „Макекспрес“, уште вчера најави дека е можно од денеска да не сообраќаат на линиите 19, 20, 22, 52 и 54 поради неисплатен долг од страна на ЈСП и Град Скопје. Сопственикот на […]

Сообраќаен режим во недела на дел од бул. Александар Македонски во Автокоманда


ЈП Улици и патишта Скопје и Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува граѓаните дека на 30.10.2022 ( недела ), поради извршување на активности за поставување на нов пешачки портален семафорски столб, на дел од бул. Александар Македонски во населба Автокоманда, во близина на БП Макпетрол, ќе биде воведен времен […]

Реонот околу поликлиниката „Бит Пазар“ денеска и утре без вода


Поради уличен дефект на цевка со пречник од 600 милиметри на булеварот „Крсте Мисирков“ пред поликлиниката „Бит Пазар“ во Скопје, денеска и утре од 10:00 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат амбуланта и зградата на „Вардар Мебел“, а со намален притисок ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Крсте Мисирков“. Како што информираат од ЈП […]

Новата дојава за бомба во училиште во Скопје – лажна


  Денешната дојава за поставена бомба во едно училиште во Скопје се покажа како лажна пријава, информира МВР. Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираат дека случајот во СВР Скопје е пријавен околу 14 часот, откако на меjл адреса на училиштето е упатена закана за поставена експлозивна направа. – Веднаш по добиената пријава, од […]

Нова дојава за бомба во едно училиште во Скопје


 Нова дојава за бомба во едно училиште во Скопје е примена попладнево во СВР Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот во СВР Скопје е пријавен околу 14 часот. – Денеска во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меjл адреса на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена […]

Ќе се монтира нов пешачки портален семафорски столб на булеварот „Александар Македонски“


Во недела ќе се монтира нов пешачки портален семафорски столб на булеварот Александар Македонски кај бензиската станица “Макпетрол”, информираат од ЈП „Улици и патишта“, Скопје. -Екипите на ЈП “Улици и патишта” Скопје по налог на Град Скопје денес ги демонтираа светлосните сообраќајни знаци на пешачкиот премин кај бензиската станица “Макпетрол” на булеварот Александар Македонски и […]

Ганиу: Учениците од Визбегово од понеделник без превоз, Општина Чаир веќе не може да им го финансира


 Во услови на економско-енергетска криза, Општина Чаир веќе не е во можност да го финансира превозот на речиси 500 ученици од други општини кои учат во училиштата на територијата на Чаир.  Меѓу нив се и ученици од населба Визбегово во општина Бутел, за кои минатата година  двете општини договориле да ги поделат трошоците, но, како што […]

Амбулантата Бит пазар и околината утре и задутре без вода


Поради уличен дефект на цевка со пречник од 600 милиметри на булеварот „Крсте Мисирков” пред амбуланта Бит пазар -Скопје утре и задутре од 10:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од амбуланта, зградата на Вардар Мебел, а намален притисок ќе имаат корисниците на дел од булеварот „Крсте Мисирков”. Како што информираат од ЈП „Водовод и […]

Се санира оштетениот плочник на улица „Македонија“


Екипите на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје по налог на Град Скопје деновиве интензивно работат на санација на плочникот на улица „Македонија“ на потегот од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до крстосницата со улица „Даме Груев“ во центарот на градот. Како што информираат од Град Скопје, на овој потег на улицата „Македонија“ се врши […]

Средношколци од „Васил Антевски – Дрен“ вршеа едукација во јавниот превоз


Под мотото „Патуваме заедно, учиме одговорност, сигурна безбедност“, триесетина ученици од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ во текот на вчерашниот ден се возеа на повеќе линии од јавниот превоз и им помагаа на старите и изнемоштени лица и на мајките со мали деца при користење на превозот. Ова беше само дел од акцијата по иницијатива […]

Дел од Карпош, Сопиште и Чучер Сандево утре ќе останат без струја


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 28.10.2022 година (петок), без електрична енергија ќе останат: 08:30 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. Гиго Михајловски. (Општина Карпош) 09:00 до 14:00 часот, корисниците од […]

Лажни се пријавите за бомби во сите девет училишта


Министерството за внатрешни работи ги направило сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле мејл со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираат оттаму. – Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на […]