Хуманитарен викенд на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија


  Под мотото „Да помогнеме“, издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со книжарниците „Литература.мк“, организира хуманитарен викенд за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. На 18 и 19 февруари, во сите книжарници на „Литература.мк“, целиот приход од продадените книги од македонски автори, кои се во издание на „Арс Ламина“, ќе биде […]

Хуманитарен настан „МКЦ е Солидарност!”


Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска организира хуманитарен настан „МКЦ е Солидарност!” како придонес за настраданите во катастрофалниот земјотрес што ги погоди централниот дел на Турција и северна Сирија. „МКЦ е Солидарност!” ќе почне во 19 часот, а предвидува настап на музичките групи Дориан и Добрила дуо, Џенгиз Ибрахим, Зарина Првасевда, Cruel, Занаду, Vaigna Corporaiton и […]

За Задушница дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59Б


  Поради верскиот празник Задушница, денеска и утре ќе сообраќаат дополнителен број автобуси на редовните линии 59 – Карпош 3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел, 59А – Ново Лисиче – Гробишта Бутел и 59Б – Кисела Вода – Гробишта Бутел, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Задушница


Поради верскиот празник Задушница, денеска, во Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, соопшти МВР. Со почеток од 06.00 часот сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и […]

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за […]

Седумдесеттина граѓани се жалеле за високи сметки за струја за јануари


  До Регулаторната комисија за енергетика стигнале седумдесеттина поплаки од граѓани за повисоки јануарски сметки за струја, соопшти денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимовски. Тој негираше дека ЕВН не ги чита броилата, и покрај тоа што и во оваа компанија има недостиг на кадар, како и дека биле коригирани сите сметки каде што имало отстапување […]

Утре, посебен режим на сообраќај за Задушница во Скопје


Утре, (18.02.2023) по повод верскиот празник Задушница од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено, со почеток од 06.00 часот сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат […]

Пановски: Продолжи со работа Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје


По двегодинишен прекин на работата поради корона кризата, од септември минатата година повторно почна со работата Комисијата за унапредување на правата на пациентите формирана од Град Скопје. Секој пациент кој смета дека му е прекршено одредено право, може да се обрати кај Комисијата, рече на денешната прес-конференција претседателот на Комисијата, д-р Никола Пановски. Секој граѓанин […]

Нов кружен тек во Ѓорче Петров


Град Скопје почна со проектирање на два важни проекта ветени во програмата За модерно Скопје, за изградба на нов кружен тек и булеварско решение на „Македонска Војска“ во Ѓорче Петров, информираат од скопската локална самоуправа. -Нов кружен тек на важната крстосница под надлежност на Град Скопје меѓу булевар „Македонска војска“ и улица „Ѓорче Петров“ е […]

В недела бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Меѓународниот ден на туристички водичи


 По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на туристичките водичи, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници задутре, во недела, ќе организира бесплатен разглед на Скопје и Битола. Во Скопје појдовна точка е Меморијалната куќа на Мајка Тереза на улица „Македонија“ до Скопското Кале. -Термините за разглед во Скопје ќе бидат со почеток во 12,13 […]

Изложба по повод словенечкиот културен празник – Прешернов ден


  Изложба насловена „Словенија во енциклопедијата Википедија“ ќе биде отворена вечер во 19:30 часот во Скопје по повод словенечкиот културен празник – Прешернов ден. Постановката е во организација на Словенечкиот центар – Скопје, Shared Knowledge / Споделено знаење и во соработка со НЛБ Банка Скопје и СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“, Скопје.   Влезот за […]

Утре без струја делови од улици од неколку скопски општини


 Поради веќе закажани технички зафати во системот, утре без електрична енергија ќе останат корисниците од делови од неколку скопски општини.  Во период од 8:00 до 13:00 часот во Ченто без струја ќе бидат дел од кирисниците ул. „Антон Попов“, објекти на Автоцентар АД, Здружение на возачи на град Скопје, ИНГ ЛУЛУ ДОО, МЗТ Агрома, Престиж Делукс ДОО, […]

Дојавата за бомби стигнала во 16 училишта во Скопје и две во Куманово


Денеска е пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и две училишта во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, закана била упатена и на приватни меилови на девет професори од истите училиштата. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и […]

Арсовска: Покрената постапка за штетен договор за поставување светлечки билборди


 Отпочната е постапка за билбордите и светлечките реклами низ градот, не само пред Град Скопје, туку и пред судските инстанци и Комисијата за заштита на конкурентноста, бидејќи се утврдени прекршувања, изјави на денешната Седница на Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска, одговарајќи на советничко прашање. – Што се однесува до Град Скопје соодветно ќе бидат […]

Повторно дојава за бомби во училиштата во Скопје


Гимназијата „Орце Николов“ денеска е повторно евакуирана откако примиле дојава за поставена експлозивна направа. Веројатно вакви дојави има стигнати и во други училишта низ Скопје, но од полицијата најавуваат соопштение подоцна. Tрет ден по ред оваа недела, дојави за бомби има во скопските училишта, а евакуирани се и учениците од  „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски […]

Ќе се набават две компостари: Каде ќе се постават – не се знае!


  Град Скопје објави јавна набавка за првите две градски компостари за биоотпад, како еден од прифатените буџетски амандмани на Зелен хуман град за 2023 година. Од ЗХГ потенцираат дека компостирањето е еден од најважните сегменти во управувањето со отпад. Ова се придобивките на компостарите: – ќе го намалат комуналниот отпад за околу 70% – […]

Донација од учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“ за Турција и Сирија


Дечињата од Аеродром уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело. На иницијатива на ООУ „Лазо Ангеловски”, советот на родители и со силна поддршка на учениците, актуелните и поранешни вработени во училиштето, локалното население изминатите денови во ова основно училиште беше спроведена хуманитарна акција во чии рамки беа собрани донации за настраданите во земјотресот во […]

Во кружната градинка во Волково сместени 150 деца


Градинката „Сонце“ во Волково, која е архитектонски бисер, со кружна форма, па на децата им обезбедува заштитен простор надвор, денеска беше пуштена во употреба од премиерот Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, директорот на Канцеларијата на Светска Банка за Северна Македонија и Косово, Масимилиано Паолучи и градонаќалникот на Општина Ѓорче Петров, […]

Поради новинарскиот марш ќе има посебен режим на сообраќај во петок во Скопје


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре, со почеток во 10.30 часот, поради најавен новинарски протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје. Рутата на движење на новинарскиот марш ќе биде од пред зградата на Владата во правец […]

Нови игралишта, парк и фитнес-зона: Љуботенски пат ќе добие спортско-рекреативен центар


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информира дека ќе се гради нов спортско-рекреативен центар во населеното место Љуботенски пат, а ќе го носи името „Бранители“ и ќе биде на површина од 5.000 м2. Просторот на кој ќе се гради спортско-рекреативниот центар во изминатите години бил депонија, но тоа ќе се промени наскоро. – Модерно фудбалско […]