Министерот Бочварски ја поддржува иницијативата на Општина центар за конфискација на диоградбите


Во однос на  конфискација на бесправно изградени објекти,  Министерството за транспорт и врски ја поддржува иницијативата на општина Центар како едно од решенијата општините во иднина поефикасно да се справат со нелегалното градење, сметајќи дека потребно е прецизно дефинирање на сите законски одредби што ќе ја регулираат оваа материја.

Ова беше заклучено на денешната средба меѓу  министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска оствари работна средба со градоначалникот на општина Центар,  Горан Герасимовски.

На средбата се разговарало по предлог-иницијативата на општина Центар за конфискација на бесправно изградени објекти. 

– Министерството за транспорт и врски ја разгледа иницијативата и смета дека истата треба да биде дополнета со предлози во насока на дестимулација на изградба на нелегални објекти преку: 

– зголемување на паричните казни за нелегално изградените објекти како и прогресивни месечни казни

– јакнење на капацитетите на инспекциските служби преку воведување на дополнителни надворешни правни лица кои ќе имаат дејност и овластувања на општински инспекциски служби, имајќи предвид дека општините имаат недоволен број на градежни инспектори.