Пропадна повикот од Град Скопје за приватните превозници, објавен нов


Фото: Б. Грданоски

Повторно пропадна јавниот повик на Град Скопје за враќање на приватните превозници во јавниот превоз. Овој беше трет повик, откако на првите два не се пријави ниту еден превозник. 

Денеска на веб-страната на Градот беше објавен нов оглас, со идентични услови како и на претходниот.

Се бараат превозници за линиите со број 9,11,11А,12,19,20,22,23,45,47А,52,54,55,61,63 и 73. За овиие линии потребни ќе бидат 115 автобуси и 245 возачи.

Огласот е отворен до 24 април.

Засега нема одговор од Град Скопје зошто не е успешен последниот јавен повик, особено ако се знае дека понудите се отвораа на 26 март, а приватните превозници се надеваа дека почетокот на април сите ќе се вратат на работа

– Условите се исти како и во претходните јавни повици. Засега остануваме и со истиот возен парк. Но, во соработка со градот ќе работиме на обновување на возниот парк. Сите постари автобуси ветуваме дека ќе ги замениме во догледен период за да може граѓаните да имаат подобар сервис – рече тогаш Јовица Зафировски,  кој ги предводеше преговорите со Град Скопје.

Тој објасни дека се пријавиле за сите три пакети преку три фирми „Јофи бус“, „Вестор транс“ и преку „Радост компани“.