За велигденските празници шалтерите на „Водовод“ ќе работат в петок


Шалтерите за наплата во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во пресрет на велигденските празници, ќе работат само в петок од 7:30 до 15:30 часот, додека пак в сабота и понеделник, нема да работат. Со редовни работни активности ќе се продолжи во вторник, известуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. – Ве […]

Бесплатно паркирање во центарот на Скопје за Велигденските празници


   Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани. На 14, 16 и на 17 април – петок, недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, информираат денеска од ова претпријатие. – Согласно програмата за […]

ЈСП за празниците ќе возат по неделен возен ред


Ве информираме дека во пресрет на претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз утре, петок (14.04.2023 год) ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Во сабота (15.04.2023 год), недела […]

Анима мунди: Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива – поддржуваме забрана за чување опасни кучиња


„Длабоко сме потресени и изразуваме сочувство до семејството на детето кое почина по напад од кучиња. Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива, неповратна и утеха нема“, соопштија од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, откако бул мастиф до смрт искаса 8-годишно дете во скопска Пинтија. „Повикани сме од повеќе страни да дадеме изјава, но […]

Утре ќе се прска против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 13.04.2023 година ќе започне првата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци. Аионската дезинсекција (прва фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 13.04.2023 (четврток), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција (прва фаза) на подрачјето на градот […]

ЈСП има нов директор – Крсте Петревски


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска реши повторно да го смени директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје. Од ЈСП Скопје заминува досегашниот в.д. директор Александар Стојковски, а на негово место треба да седне првиот човек на ЈП „Градски паркинг“, Крсте Петревски. Петревски ќе биде трет директор на ЈСП во мандатот на градоначалничката Арсовска, која […]

Лисичани не сакаат бетонизација, Општина Аеродром им предложила спорен ДУП


До утре трае јавната анкета за Деталниот урбанистички план за градскиот кварт ЈИ09 блок 09.01, кој од 30 март е изложен во просториите на ООУ „Димитар Македонски“, каде граѓаните може да поднесуваат забелешки и предлози за тоа што сакаат да има на тој простор. Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават […]

Почнува изградбата на паркот „Радост“ во Аеродром


  На крстосницата на булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“, денеска почнува изградба на парк, а тоа место (до ПСС) претходната локална власт го планираше за изградба на општинска зграда. Откако Тимчо Муцунски стана градоначалник, беа избришани маркиците за изградба на две згради на тој простор и се одлучи да се изгради парк. За оптинска зграда […]

Герасимовски на терен во борба против дивоградбите


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера беше на терен со општинските служби на градилишта во населбата Маџир Маало. Теренските зачестени инспекторски контроли ги придружува и Герасимовски со цел да направи директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи.    „Веќе некој период спроведуваме зачестеини инспекторски контроли на градилишта со цел […]

ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром стана првото целосно инклузивно училиште


ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром стана првото целосно инклузивно училиште во Македонија. Со уште една инвестиција во основното училиште „Лазо Ангеловски“, денеска се затвори инвестицискиот циклус и се обезбедија содржини кои овозможуваат целосно инклузивна настава за учениците со попреченост. Компанијата „Кроација Осигурување“ во соработка со Општина Аеродром донираше средства со кои целосно се опреми сензорната […]

Паркот „Македонија“ доби нови реквизити


Денеска во паркот „Македонија“, на булевар „Теодосиј Гологанов“, поставени се три нови парковски реквизити за седење. Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Зухејр Реџепи, заедно со претставници од претпријатието направи увид на местото и ја поздрави работата на теренските екипи. -Со новите реквизити за дружење и одмор паркот „Македонија“ е уште поубав и претставува вистински […]

Без струја утре и задутре делови од неколку скопски општини


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека утре од 9 до 10 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул. „Миле Оровчанец“ во општина Карпош. Од 9 до 14 часот струја ќе нема дел од село Кучевиште во општина Чучер Сандево, од 9 […]

Утре и задутре сообраќаен режим на „Александар Урдаревски“


Поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата Александар Урдаревски во општина Бутел, на потегот од крстосницата кај населено место Кучевишка бара кон обиколница во должина од 300 метри, утре и задутре ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим. Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива утре […]

Хуманитарна акција во општина Карпош за помош на жителите кои се наоѓаат во потешка материјална состојба


Општина Карпош во пресрет на Велигденските празници на граѓаните кои се наоѓаат во потешка материјална состојба им подели 115 хуманитарни пакети со прехранбени средства, кондиторски производи и средства за хигиена. -Во организација на Одделението за детска, здравствена и социјална заштита при Општина Карпош, се одржа триесеттата по ред хуманитарна акција, за помош на жителите од […]

За што служи надвиснатиот кран над Сопиште?


Огромен градежен кран може да се забележи на сртот на Водно, над Сопиште, ако се гледа од Аеродром.  Од Општина Сопиште веќе десетина дена не одговараат зошто служи оваа градежна машина. Дали таа е останата од некој претходен проект, на пример од изградбата на Сончев Град или се гради нешто ново.  Ако се знае дека […]

Бесплатна градинка за социјалните и многудетните семејства во Гази Баба


Советот на општина Гази Баба на предлог на градоначалникот Бобан Стефковски донесе Одлука за ослободување од плаќање месечен надомест за престој на деца во градинка на социјалните и многудетните семејства.   Како што напиша Стефковски на својот фејсбук профил, продолжува грижата за дечињата и поддршката за социјално загрозените и многудетните семејства на територија на општина […]

Ѓорѓиевски: Со ребалaнсот создаваме можност за реконструкција на салата „Расадник”


Општина Кисела Вода издвои средства од својот Буџет заради отпочнување на процес за темелна реконструкција на салата „Расадник”. Како што информираат од општината едногласно, на денешната Седница на Советот на Општина Кисела Вода, била поддржана иницијативата на градоначалникот Ѓорѓиевски за создавање на финасиска конструкција која има за цел да овозможи реконструкција на ова место. –Еднакво […]

Министерот Бочварски ја поддржува иницијативата на Општина центар за конфискација на диоградбите


Во однос на  конфискација на бесправно изградени објекти,  Министерството за транспорт и врски ја поддржува иницијативата на општина Центар како едно од решенијата општините во иднина поефикасно да се справат со нелегалното градење, сметајќи дека потребно е прецизно дефинирање на сите законски одредби што ќе ја регулираат оваа материја. Ова беше заклучено на денешната средба […]

Пропадна повикот од Град Скопје за приватните превозници, објавен нов


Повторно пропадна јавниот повик на Град Скопје за враќање на приватните превозници во јавниот превоз. Овој беше трет повик, откако на првите два не се пријави ниту еден превозник.  Денеска на веб-страната на Градот беше објавен нов оглас, со идентични услови како и на претходниот. Се бараат превозници за линиите со број 9,11,11А,12,19,20,22,23,45,47А,52,54,55,61,63 и 73. […]

Герасимовски бара инвеститорите да донираат градинка кај поранешна „Треска“


Општина Центар преговара со инвеститорите кои ќе подигнат згради на просторот на поранешната фабрика „Треска“, да изградат градинка и да ја донираат на Општината, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. „Почнати се процедури за расчистување на објектите од страна на сопствениците на одредени парцели. Иако нема градинка предвидено, ние правиме напор со сопствениците односно инвеститорите […]