Вработените во ЈСП најавуваат штрајк од јуни


Фото: Б. Грданоски

Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје бара итно усогласување на платите со минималецот, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието.

Од Синдикатот на ЈСП најавија дека ќе излезат на штрајк од идниот месец ако не им бидат зголемени платите.

За зголемување на платите се потребни пет милиони денари месечно, односно 60 милиони годишно.