Парно сè до 30 април ако температурата е под 12 Целзиусови степени


АД ЕСМ – Енергетика продолжува со снабдувањето со топлинска енергија на корисниците во Скопје и покрај официјалното завршување на грејната сезона (15 април). Вообичаено, грејната сезона трае од 15 октомври во тековната календарска година до 15 април во наредната календарска година и таа може да почне порано или да биде продолжена во зависност од временските […]

Германската ВТЕ заедно со „Жикол“ ќе ја градат пречистителната во Скопје?


ВТЕ од Есен е германската компанија која го добила тендерот за изградба на пречистителната станица за Скопје во вредност од 200 милиони евра, дознава Телма. Јавноста дозна дека е потпишан договорот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје за проектот вреден 200 милиони евра, од кои 136 милиони евра се кредит од […]

Ибраими: Арачиновци не се виновни за неплаќањето данок


Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими денеска на прес-конференција информира дека извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) се однесува на 2021 година, кога општината ја предводела тогашната градооначалничка Милекие Халими. -Мора да се потенцира дека извештајот од ДЗР е за претходниот градоначалник и претходните управители кој што биле должни да управуваат со нашата општина. Сè […]

Ќе се затвораат улици околу црквите за Велигден


Утре и задутре, по повод празникот Велигден, на подрачјето на град Скопје, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, утре […]

Каде исчезнаа заљубените од ротондата на љубовта на плоштад?


На плоштадот „Македонија“, пред десетина години беше изградена ротонда – летниковец, а централно место зазема скулптурата на двајца заљубени. Но, деновиве скулптурата ја нема. Дали е отстранета поради обновување на урбаните елементи што евидентно е почнато по плоштадот и по улица „Македонија“, од Град Скопје не одговараат. Во МВР пак не е пријавена кражба. Ротондата […]

Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, жичарницата ќе работи вообичаено


 Возилата од јавниот превоз денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Од ЈСП „Скопје“ информираат дека во пресрет на христијанскиот празник Велигден, в сабота, недела и понеделник автобусите на сите […]

Бесплатно паркирање на дел од паркинзите во Скопје за Велигденските празници


 Јавните паркиралишта „Народен фронт“, „АМСМ“, „Дом на печат“, „ЗОИЛ“, Тутунски комбинат и „8 Септември“ денеска ќе бидат слободни за паркирање. Од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информираат дека паркиралиштата „Кочо Рацин“, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 […]

За велигденските празници шалтерите на „Водовод“ ќе работат в петок


Шалтерите за наплата во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во пресрет на велигденските празници, ќе работат само в петок од 7:30 до 15:30 часот, додека пак в сабота и понеделник, нема да работат. Со редовни работни активности ќе се продолжи во вторник, известуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. – Ве […]

Бесплатно паркирање во центарот на Скопје за Велигденските празници


   Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани. На 14, 16 и на 17 април – петок, недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, информираат денеска од ова претпријатие. – Согласно програмата за […]

ЈСП за празниците ќе возат по неделен возен ред


Ве информираме дека во пресрет на претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз утре, петок (14.04.2023 год) ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Во сабота (15.04.2023 год), недела […]

Анима мунди: Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива – поддржуваме забрана за чување опасни кучиња


„Длабоко сме потресени и изразуваме сочувство до семејството на детето кое почина по напад од кучиња. Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива, неповратна и утеха нема“, соопштија од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, откако бул мастиф до смрт искаса 8-годишно дете во скопска Пинтија. „Повикани сме од повеќе страни да дадеме изјава, но […]

Утре ќе се прска против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 13.04.2023 година ќе започне првата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци. Аионската дезинсекција (прва фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 13.04.2023 (четврток), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција (прва фаза) на подрачјето на градот […]

ЈСП има нов директор – Крсте Петревски


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска реши повторно да го смени директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје. Од ЈСП Скопје заминува досегашниот в.д. директор Александар Стојковски, а на негово место треба да седне првиот човек на ЈП „Градски паркинг“, Крсте Петревски. Петревски ќе биде трет директор на ЈСП во мандатот на градоначалничката Арсовска, која […]

Лисичани не сакаат бетонизација, Општина Аеродром им предложила спорен ДУП


До утре трае јавната анкета за Деталниот урбанистички план за градскиот кварт ЈИ09 блок 09.01, кој од 30 март е изложен во просториите на ООУ „Димитар Македонски“, каде граѓаните може да поднесуваат забелешки и предлози за тоа што сакаат да има на тој простор. Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават […]

Почнува изградбата на паркот „Радост“ во Аеродром


  На крстосницата на булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“, денеска почнува изградба на парк, а тоа место (до ПСС) претходната локална власт го планираше за изградба на општинска зграда. Откако Тимчо Муцунски стана градоначалник, беа избришани маркиците за изградба на две згради на тој простор и се одлучи да се изгради парк. За оптинска зграда […]

Герасимовски на терен во борба против дивоградбите


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера беше на терен со општинските служби на градилишта во населбата Маџир Маало. Теренските зачестени инспекторски контроли ги придружува и Герасимовски со цел да направи директен увид во изведувањето на градежните работи и почитувањето на законските прописи.    „Веќе некој период спроведуваме зачестеини инспекторски контроли на градилишта со цел […]

ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром стана првото целосно инклузивно училиште


ООУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром стана првото целосно инклузивно училиште во Македонија. Со уште една инвестиција во основното училиште „Лазо Ангеловски“, денеска се затвори инвестицискиот циклус и се обезбедија содржини кои овозможуваат целосно инклузивна настава за учениците со попреченост. Компанијата „Кроација Осигурување“ во соработка со Општина Аеродром донираше средства со кои целосно се опреми сензорната […]

Паркот „Македонија“ доби нови реквизити


Денеска во паркот „Македонија“, на булевар „Теодосиј Гологанов“, поставени се три нови парковски реквизити за седење. Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Зухејр Реџепи, заедно со претставници од претпријатието направи увид на местото и ја поздрави работата на теренските екипи. -Со новите реквизити за дружење и одмор паркот „Македонија“ е уште поубав и претставува вистински […]

Без струја утре и задутре делови од неколку скопски општини


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека утре од 9 до 10 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул. „Миле Оровчанец“ во општина Карпош. Од 9 до 14 часот струја ќе нема дел од село Кучевиште во општина Чучер Сандево, од 9 […]

Утре и задутре сообраќаен режим на „Александар Урдаревски“


Поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата Александар Урдаревски во општина Бутел, на потегот од крстосницата кај населено место Кучевишка бара кон обиколница во должина од 300 метри, утре и задутре ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим. Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива утре […]