Вандали ги уништиле клупите и летниковците на Водно


Викендов, на Средно Водно, биле уништени дел од клупите, масите, летниковците, дрвените мостови и друго.
 
– По вандалското однесување на несовесни граѓани за време на викендов на Средно Водно, кога беше направена штета врз урбаната опрема, нашите екипи излегоа на терен и веднаш ги реконструираа парковските елементи во парк – шумата.
 
Од таму апелираат на совесно и одговорно однесување на сите граѓани при посета на зелените парковски површини.