Поради дефект без вода дел од корисниците во Гази Баба


Корисниците од улиците „520“, „512“ и „515“ во населба Ќерамидница во општина Гази Баба од 9.45 часот утрово немаат вода.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на приклучна водоводна цевка на ул. „520“ бр. 15 и ќе трае до неговото отстранување.