Расте бројот на потрошувачи кои се приклучуваат на парно


До 31-ти август 2023 година, ЕСМ Снабдување со топлина нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи. Бројот на потрошувачи кои се приклучуваат на централниот систем за топлинска енергија, со кој управуваат новите компании на АД ЕСМ е во постојан пораст. Откога ЕСМ Снабдување ја има лиценцата за снабдување со топлинска енергија во градот Скопје, […]

Во центарската населба Крњево ќе нема слепи улици од 200 метри


Во новиот план Крњево 2 кој Советот на Општина Центар го донесе на последната, 26-та седница за разлика од стариот важечки ДУП, водено е сметка и за урбанистичките решенија, односно проектирање на подобро артикулирани форми на објектите и тн. „разбиени ѕидови“. Наместо „ѕид“ без прекин на северната страна од 5 споени објекти, кој предвидуваше висинаод […]

(ФОТО, ВИДЕО) Нов план за Лисиче: Наместо девет, се нудат три згради – две се повисоки од планираните


Во напната, зовриена атмосфера помина вчерашната јавна презентација на новиот ДУП за Лисиче, Урбан блок ЈИ 09.01. Презентацијата се одржа во средата, во ООУ „Димитар Македонски“, а училницата беше претесна да ги собере стотината жители на населбата Лисиче кои дојдоа да ги видат направените промени и новите решенија кои им ги објаснија планерите од „Тајфа-план“ […]

Град Скопје субвенционира замена на азбестни покриви со енергетско ефикасни


Градот Скопје го објави јавниот повик за доделување на поединечна субвенција на социјално загрозени категории граѓани, жители на градот Скопје, за замена на азбестните покриви со енергетско ефикасни покриви за 2023 година. Средствата што Град Скопје ги субвенционира се во висина од најмногу 50% од вредноста на инвестицијата.   Право на учество на Јавниот повик […]

Герасимовски: Се стремиме кон општество ослободено од стегите на родовата нееднаквост


„Како Градоначалник на Општина Центар, можам да ви ветам дека ќе продолжам да се залагам за унапредување на човечките права на сите категории граѓани и во мојата агенда секогаш ќе има место за проекти што ќе ја зацврстат улогата на жената и ќе ја подигнат свеста за родовата еднаквост“, изјави вчера градоначалникот Горан Герасимовски на […]

Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС испратени на уништување во Франција


Чистењето на малата (делта) HCH депонија во ОХИС продолжува со ремедијација на Лот 3, со кој ќе се отстранат 525 тони на HCH отпад и 210 тони на земја контаминирана со HCH, информираа денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во рамки на досегашните активности спроведени за ремедијација на третиот лот, ископани и […]

Без струја дел од општините Аеродром и Сарај


Делови од општините Сарај и Аеродром во различни периоди од денов ќе останат без електрична енергија. Како што информира РЦУК – Скопје, од 09.00 до 11.00 часот струја нема да имаат корисниците од дел од ТЦ Скопјанка и зградите помеѓу булеварите „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Јане Сандански“, а од 09.00 до 14.00 часот корисниците […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Рама


Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим поради официјална посета на албанскиот премиер Еди Рама.  За сообраќај ќе бидат затворени булеварите „Александар Македонски“, Гоце Делчев“ и „Климент Охридски“, улиците „Беласица“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Орце Николов“, како и дел од улицата „Франклин Рузвелт“. Секторот за внатрешни работи Скопје […]

Промовирана платформата „Чаир одлучува“, Општина Чаир ја зајакнува соработката со граѓаните


„Чаир одлучува“ е името на платформата што беше промовирана денеска и која има за цел да биде мост меѓу граѓаните и Општина Чаир, нудејќи можност преку дебати, идеи и предлог проекти, граѓаните да станат дел од одлучувањето. Онлајн платформата „Чаир одлучува“ е заеднички производ на Здружението за унапредување на демократијата – Democracy Lab и општина […]

Радишани добива нов рекреативен центар


Наскоро во населбата Радишани на местото познато како „Жегровец“, односно на поранешната депонија на улица „8“ ќе се изгради нов рекреативен центар. Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски најави дека проектот е завршен, а за неколку недели ќе се започне со изведба. Граѓаните ќе добијат ново баскет игралиште со сертифицирана FIBA подлога, ново детско игралиште […]

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје заради посетата на Рама


 Министерството за внатрешни работи информира дека утре во Скопје поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се воведе посебен режим на сообраќај. За сообраќај ќе бидат затворени следните сообраќајници: бул.„Александар Македонски“, ул.„Беласица“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Климент […]

Јакимовски во живо го презентираше новиот ДУП: Кензо Танге го проектирал бул „М.Т. Гологанов“


Градоначалникот на Oпштина Карпош утрово во обраќање во живо до граѓаните ги презентираше новините и измените во новиот ДУП за ЈО3 блок 2 со што ги разобличи сите лаги кои претходните денови беа презентирани во јавноста од страна на одредени политички партии. Градоначалникот најостро ги демантираше лагите дека со новиот ДУП на таа локација е […]

Граѓани од Крњево со колички со бебиња на седница на Општина Центар


  Дел од жителите на центарската населба Крњево, денеска беа присутни на седница на Советот, каде треба да се гласа за предлог-одлуката за донесување на Детален урбанистички план Градска четврт ЦС 07-Крњево 2. Со 17 гласови „за“ и двајца воздржани, тој беше изгласан од советниците. Некои од нив беа дојдени со бебиња во количка, а […]

Мостот на „Љубљанска“ готов до крајот на годината


Новиот модерен мост на „Љубљанска“, кој ќе ги поврзе улиците „Илинденска“ и „Скупи“, но и општините Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел и Шуто Оризари, ќе биде готов кон крајот на годината. Широк е 24 метри, има четири коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки од двете страни и претставува вистинско архитектонско решение, изјави вицепремиерот задолжен за […]

Јакимовски негира дека ќе ги урне игралиштето и фонтаната спроти СД „Гоце Делчев“, граѓаните утре протестираат


Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, негира рушење игралиште и фонтана во Карпош откако дел од жителите на општината преку писмо порачаа дека се планира игралиштето, фонтаната и зеленилото покрај булеварот „Теодосиј Гологанов“ да се претворат во згради со точка од ДУП. Јакимовски најави дека фонтаната, плоштадот и игралиштето покрај булеварот нема да се рушат. […]

Јавна дебата за урбаното зеленило и урбанистичко планирање


Јавна дебата за законски измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање, ќе се одржи на 6 јули 2023 (четврток), од 11 до 13 часот, во салата на Советот на Град Скопје, во организација на Зелен институт, во рамките на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“. Проектот се работи во соработка со Градот Скопје и Факултетот […]

Жители на Карпош гневни – властите ќе уништат парк, за да никнат згради


„Во среда, 5 јули, Стевчо Јакимовски на седница на Советот на Општина Карпош ќе направи напор да го смени деталниот урбанистички план Ј03 блок 02, и ќе се обиде детското игралиште, фонтаната и огромното зеленило покрај булеварот „Теодосиј Гологанов“ да ги претвори во згради“, алармираат жители на Козле, гневни на градоначалникот и на општинските власти. […]

Делови од Карпош и Ѓорче Петров утре без струја


 Без електрична енергија утре од 8.30 до 10.30 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Црногорска“ и „Атанас Иљоски“ во општина Ѓорче Петров.  Во периодот од 10 до 14.30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Генерал Михајло Апостолски“ во опшина Карпош.  Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради технички […]

Советот на Центар треба да гласа за поставување фотоволтаици на училиштата и градинките


Советот на Општина Центар на утрешната седница треба да даде зелено светло за предлог-одлуката за задолжување на Трговското друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори „Енергија Центар“ ДООЕЛ Скопје. Станува збор за задолжување од 850.000 евра за поставување фотоволтаични системи на покривите на општинските основни училишта. Во јули, предвидено е да […]

Целосна реконструкција на „Вера Јоциќ“ со краците и паркинзите и изградба на нов паркинг


Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во финализацијата на овој проект кој опфаќа асфалтирање на површина од околу 5800 квадратни метри и кој исто така опфати реконструкција на постоечките паркинзи и изградба на нов паркинг простор за 70 возила, информираа од општината. – На реконструкција на улицата Вера Јоциќ, интензивно се работеше […]