Без вода улиците „Спиро Црне“, „Сава Миахилов, „Тодор Чопов“, „Томас Минцер“ и „Радован Ковачевич“


Поради дефект ф.80 на ул.„Спиро Црне“ 80, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул „Сава Миахилов, „Тодор Чопов“, „Томас Минцер“ и дел од улицата „Радован Ковачевич“. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје,  прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 8:00 часот до санацијата на дефектот. 

Без вода дел од улица „Орце Николов“


Прекин на водоснабдувањето денеска, од 8 : 15 часот, ќе имаат корисниците на дел од ул. „Орце Николов“, на потегот од бензиската пумпа Макпетрол до Клуб на новинари. Од ЈП Водовод и канализација информираат дека причина за прекинот е дефект во шахта на бул.„Илинден“ бр.3.

По две години мандат Арсовска се пофали: Направен првиот од петте мега-паркови во Скопје


На место на една од најголемите диви депонии во Скопје со површина од над 50.000 квадратни метри, со желба, посветеност и труд го направиме првиот од 5те мега паркови во Скопје, мега паркот “Даме Груев” во општина Ѓорче Петров.   Со реализација на овој проект кој е дел од програмата „За модерно Скопје“, делуваме со […]

Апел од ЈП Водовод – Скопје за рационално користење на водата


Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високи температури кои деновиве достигнуваат и над 40 °C, како и податоците  на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемена потрошувачка на водата, апелираме до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата. Особено апелираме да се избегнува […]

„Градски паркинг“ ќе бара 5 милиони денари за монтажни паркинзи


Според извештајот од работењето на ЈП „Градски паркинг“ за 2022 година, претпријатието лани остварило приходи во износ од 222.873.110 денари, кои, во споредба со 2021 година кога имало приходи во износ од 210.973,622 денари, се зголемени за 11.899.488 денари или за 5,64 проценти. Во 2022 година, ЈП „Градски паркинг“ имало расходи во износ од 235.890.780 […]

ЈСП со двојно поголема загуба од лани, бара Градот да му покрие 6,2 милиони


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ја завршило минатата година со загуба од 383.928,366 денари, (повеќе од 6,2 милиони евра) според годишната сметка на претпријатието. При тоа, 2022 година ЈСП ја завршило со вкупни приходи од 1.699.251.767 денари и со расходи во износ од 2.083.150.133 денари. Затоа, советниците на наредната седница на Советот на Град Скопје, која […]

Милионски тужби, ненаплатени даноци и неоправдани вработување во Карпош и Бутел!


 Порталб.мк денес објави наоди за работењето на општини во земјава чие финансиско работење беше под лупа на државните ревизори. Општина Карпош: Судски тужби во вредност од скоро 30 милиони евра!  Ревизорскиот извештај за Општина Карпош, со кој се опфаќаат мандатите на екс градоначалникот Стефан Богоев и актуелниот Стевчо Јаќимовски, нотира бројни слабости во финансиското работење […]

Без вода дел од Чаир и дел од Центар


 ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје известува дека денеска,  од 08:40 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците на улиците „Методија Митевски“ и „Лазар Трповски“ во општина Чаир. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект на улицата „Методија Митевски“ 6/2. Од 09:15 часот утрово вода нема да имаат корисниците од улиците „Дебарца“, „Никола Тримпаре“, […]

Општина Бутел продолжува со отстранување дивоградби


Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски денеска во населеното место Визбегово со поддршка од директорот на државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и МВР направи дополнителен увид на улицата „Јадранска магистрала“. – Сè додека јас сум градоначалник на Општина Бутел законите ќе важат за сите подеднакво, без отстапки. Без разлика граѓаните секогаш во мене ќе […]

Град Скопје со јавен повик за финансирање проекти од женско претприемништво


Град Скопје го објави јавниот повик со кој се финансираат проекти и активности за поддршка на женско претприемништво на Град Скопје за 2023 година. Јавниот повик со сите услови и критериуми е достапен на следниот линк: https://skopje.gov.mk/…/javen-povik-za-zensko… Активностите имаат за цел посветување на поголема поддршка на жените претприемачи, креирање политики за родово буџетирање, унапредување на […]

„Лајка“ ќе заловува бездомни кучиња во Аеродром


Од денеска заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ ќе почне со стратешко заловување во општина Аеродром. Тимот на заловувачи оваа недела, од 17 до 21 јули, ќе заловува во општина Аеродром, и тоа во следните реони: Долно Лисиче, Горно Лисиче, „Тодор Чангов“, населбата Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, „Бисер“, Стар Аеродром, Мичурин и Острово. […]

ЕСМ: Зголемувањето на трошоците не мора да значи повисока крајна цена за парното


 Цената на парното греење во Скопје ја одредува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), а зголемувањето на трошоците на дејноста не мора значи зголемување на крајната цена на парното, порачуваат од ЕСМ Снабдување со топлина. -Компаниите кои ја вршат дејноста производство, дистрибуција и снабдување поднесоа барање за признавање на трошоците од работењето на […]

Дел од општина Карпош без струја


Без електрична енергија денеска од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „Даскал Камче“ бр. 1А, првиот влез кон улица „Рузвелтова“, Општина Карпош. Во периодот од 8:30 до 14:30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Призренска“ крак 2, поточно објектите во околината на фирмата Серта […]

Нема кривична до обвинител дека иселеници примале плата од „Комунална“


Нема кривична пријава дека во „Комунална хигиена“ им се исплаќале пари на лица што биде трајно преселени во Германија. Скопското Обвинителство посочува дека пријавите од Косана Мазнева биле само за случувањата со бојкотот во претпријатието и несобирањето смет. Од  таму ја повикуваат Мазнева, доколку забележала незаконитости, да ги пријави. – До овој момент до Основното […]

Пукнатини на стаклата на мостот „Око“, Ангелов предупреди, Град Скопје вели безбедно е!


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов денеска информираше дека се појавиле пукнатити на стаклото по кое се поминува на мостот „Око“ во центарот на Скопје. Како што рече Ангелов, мостот е стабилен и во одлична состојба, но стаклата се напукнати. Ние го известивме Градот Скопје дека добивме пријава. Преставници на Градот […]

Започна отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица”


Започнаа теренските активностите за отстранување на опожарениот топловод на мостот „Беласица”, информираа од АД ЕСМ. Оттаму соопштуваат дека ќе се вложат максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок. – Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија на мостот од страна на вклучените релевантни институции […]

Се „крчка“ нов, трет план за ДУП за Лисиче


Околу 230 анкетни листови доставија жителите на Лисиче до Општина Аеродром на вториот повик, по жестокиот отпор од тамошното население и протестите поради првичниот план за изградба на 11 висококатници по должина на булеварот „Србија“ и улицата „12. Македонска бригада“.  Сега, како некое компромисно решение, се готви нов, трет план за новиот ДУП за Лисиче, […]

Пензионерите од Центар, со примања до 35.000 ден или без приход, можат да користат домашна нега


Општина Центар го измени Правилникот за начинот, условите и критериумите за остварување право на бесплатни пакети за нега на возрасни лица во Општина Центар-Скопје односно за право на користење на проектот „Нега за стари лица во домашни услови“. Преку овој проект Општина Центар обезбедува вежби и совети од лиценцирани физиотерапевти, негуватели и социјални работници во […]

Аеродром бара враќање на старите имиња на улиците


Советот на Општина Аеродром, на последната одржана седница, усвои иницијатива со која се бара од Советот на Град Скопје да донесе одлука за враќање на старите имиња на улици кои се наоѓаат на територијата на општината. – Оваа иницијатива доаѓа по директно барање на граѓаните, откако во 2021 година, над 80 улици во Лисиче беа […]

Советот на Град Скопје наложи редовно миење на улиците и дезинфекција околу контејерите


 Советниците на град Скопје на седмата вонредна седница ги донесоа заклучоците по единствената точка на дневен ред за актуелната состојба со комунална хигиена, со цел спречување на еколошка катастрофа и појава на заразни болести. Претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славевски по координацијата на советничките групи го прочита заклучокот, во кои се предвидени и […]