Ќе се реконструираат тоалетите во ООУ „Димитар Миладинов“


Општина Центар набрзо ќе започне со реконструкција на тоалетите во ООУ „Димитар Миладинов“, станува збор комплетна санација и обнова на санитарните јазли која е донација на општествено одговорна компанија. Поради итноста градежните зафати да започнат за време на летниот распуст денеска Советот на Општина Центар одржа и вонредна седница за прифаќање на донацијата. „Ме радува […]

​Реконструкција на улиците во Аеродром – се работи на улицата „Лисец“


Препознавајќи ја важноста на новите инфраструктурни проекти и реконструкцијата и одржувањето на постоечките, како важен дел од унапредување на живеењето и решавањето на клучните проблеми на граѓаните, во Аеродром продолжува реализацијата на инфраструктурните инвестиции кои се финансирани со средства од буџетот на Општина Аеродром.    Деновиве градежната механизацијата работи на повеќе локации во општината, а […]

Без вода дел од општина Бутел


Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Груица Војвода“ и „Црвени Брегови“. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка ф-1 на улица „Груица Војвода“ 14 во населба Бутел 2.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Без струја дел од Чучер Сандево и Сарај, а без вода дел од Карпош и Гази Баба


Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Чучер Сандево и Сарај. – Во период од 9:00 до 15:00 чаот без струја ќе бидат дел од корисниците од Чучер Сандево, а од 11:00 до 14:00 часот корисниците од ул.„1721“ од Сарај кон Глумово, информираат од […]

Безбедното домување во Скопје „во битка“ за пристапен простор и примена на прописите


Тесни лифтови што не собираат носилки за брза помош, заглавени екипи во тесни улички, блокирани пристапи до влезовите на згради од непрописно паркирани возила, се само дел од искуствата на тие што треба да бидат први во реакцијата за помош, а се попречени и најдиректно ги чувствуваат последиците од неказнивото и штетно урбанистичко планирање. Непристапноста […]

Орешани без струја, а дел од Аеродром и Центар без вода


Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без струја денеска од 08:45 до 11:00 часот, ќе бидат корисниците од населба Орешани во Општина Зелениково, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Без вода, пак, поради замена на затворачи на водоводна мрежа ќе останат корисниците од бул. АСНОМ од зграда бр. 110 до […]

Градоначалникот Герасимовски парично ги награди хигиеничарите од ПОЦ


 Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски им додели награден бонус на хигиеничарите од комуналната служба на ЈП „ПОЦ“. Како што информираат до општината вчера од раните утрински часови над 50 вработени биле ангажирани да ги чистат купиштата ѓубре во сите општини во Центар. -Чест и задоволство за секој градоначалник е вработените во општинските претпријатија да […]

„Комунална хигиена“ тврди: Работиме засилено


Наспроти впечатокот на граѓаните дека контејнерите низ градот и натаму се полни и дека бавно оди отстранувањето на ѓубрето, од „Комунална хигиена“ пратија фотографии од нивната акција со порака дека засилено работат на проблемот. -Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во втората и во третата смена, реализираа засилени активности за собирање […]

Без вода утре дел од корисниците на бул. „АСНОМ“ во Ново Лисиче


Корисниците од бул. „АСНОМ“, од зграда бр.110 до зграда бр.180, утре од  9 часот ќе немаат вода, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето е поради промена на затварачи ф 80 мм на бул. „АСНОМ“ 128 во населба Ново Лисиче и ќе трае до завршување на интервенцијата.

Тим на ЈП „Лајка“ ќе заловува бездомни кучиња во Чаир


Заловувачкиот тим на ЈП Лајка, од вчера до 14 јули започна со стратешко заловување на кучиња во општина Чаир, односно во реоните на бул. „Цветан Димов“, ул. „Џон Кенеди“, ул. „Ферид Бајрам“, ул. „Дижонска“, ул. „Втора Македонска Бригада“… Од ЈП Лајка информираат дека заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче коешто ќе го сретне […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје


Министерството за внатрешни работи информира дека денеска поради одржување марш на мирот во организација на Бошњачкиот национален совет на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Од МВР соопштуваат дека со почеток од 18:30 часот па сѐ до завршување на маршот сообраќајот […]

Утре ќе нема вода кај Зелен пазар


Утре поради уличен дефект од Ф-80 мм на булевар „Кочо Рацин“ бб (пред влез на зелен пазар) во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Булевар Кочо Рацин. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.

„Комунална хигиена“ мора да го собира ѓубрето или се соочува со казна до 98.000 евра


„Комунална хигиена“ мора да го собира ѓубрето или ќе се соочи со санкција до 98.000 евра. Државниот инспекторат за животна средина вчера и денеска правеше вонредна контрола во скопското јавно комунално претпријатие по случувањата со протестот на вработените што резултураше со преполнување на контејнертите и затрупување на градот со отпад. Директорот на ДИЖС, Сретен Стојковски […]

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје


Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре, поради одржување марш на мирот во организација на Бошњачкиот национален совет на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Од 18.30 часот до завршување на маршот сообраќајот ќе се пренасочува на дел од ул. „Христијан […]

Арсовска со поддршка за Мазнева: Не смее ниту еден човек да зема плата, а да не иде на работа


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска,  побара поддршка за директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева, на прес-конференција, затоа што имала храброст да излезе во јавност откако детектирала неправилности во претпријатието и постапила како ниту еден маж досега. „Тоа што застанувам остро против криминалот, не значи дека изразувам нервоза. Застанувам во целосна одбрана на Косана Мазнева затоа […]

Автобусите на ЈСП утре ќе возат по редуциран возен ред, вработените ќе штрајкуваат


Автобусите на ЈСП утре ќе возат по редуциран возен ред, бидејќи вработените ќе штрајкуваат пред управната зграда на јавното претпријатие од 4.30 часот до 12.30 часот, изјави за МИА Елизабета Тошевска, претставник на Синдикатот Спајс при ЈСП. Таа потенцира дека вработените ќе штрајкуваат поради, како што рече, неисполнетите барања и игнорантскиот однос на раководството на […]

Ѓорѓиевски: Постои акт според кој не ни треба договор за депонирање отпад во „Дрисла“


  Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиев, тврди дека имаат целосно право да одлагаат отпад во „Дрисла“ без никаков договор, затоа што според посебни акти, тоа е регионална депонија. – Ова е финансиска картица, за фактури коишто ми стигнуваат месеци наназад од „Дрисла“, коишто најголем дел уредно, според динамиката на […]

Камиони од Центар чекаат пред „Дрисла“, се чека потпишување договор


„Да ја тргнеме политиката на страна затоа што таа нема да ги исчисти Скопје, нас фокус ни се граѓаните“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски пред колегите градоначалници на состанокот на седницата на советот за развој на Скопскиот плански регион. ЈП Дрисла – Скопје е регионална депонија за скопскиот плански регион и со одлука […]

Градоначалниците се заканија со кривична – Арсовска се пофали дека „Комунална хигиена“ профункционирала


„Успеавме да извојуваме уште една победа со цел заштита на јавниот интерес, интересот на скопјани. Скопје се чисти, екипите на Комунална хигиена Скопје се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана. Не дозволивме и нема да дозволиме мафијашки структури заедно со политичкиот смет да наштетат на интересите на македонските граѓани. Она што го ветив пред […]