Дел од Скопје утре без вода


Фото: Б. Грданоски

Поради водоводен приклучок, во текот на утрешниот ден неколку скопски улици ќе останат без вода.

– Се известуваат граѓаните дека на ден 13.10.2023г. поради изведување водоводен приклучок на Ф-150 мм на ул.1661 бр.1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.1661,Индустриска и Салонот Мерцедес-Бенз , водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со приклучокот.(општина Гази Баба), велат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.