Земјотрес почувствуван во Скопје и во Тетово


Земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер е почувствуван во Тетово, Скопје и околината.

Како што пренесува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на потресот бил на околу 13 километри југоисточно од Тетово, на длабочина од 5 километри, или на 39 км од Скопје.

Земјотресот се случил во 10.24 часот, по локално време.