„На точак“ прашуваат која е оправданоста за менување калдрма со асфалт


Фото: Б. Грданоски

Од иницијативата „На Точак“ со јавно прашање –  Можат ли Општина Центар – Скопје и градоначалникот Горан Герасимовски да наведат некој пример/студија на случај од светот каде се менува историска калдрма во централно градско подрачје со изговор: зголемување на безбедноста?!

– Ние можеме да наведеме и конкретни локации, и извадоци од правилници каде се прави обратното: асфалтот се менува со поплочување, со калдрма, со тули, со плочки за да им укаже на возачите дека треба да успорат, дека просторот не е само нивен! Ова е една од главните мерки за безбедноста која се применува во Холандија, во Данска, во Лондон, во Лисабон, Париз, Осло… Улиците кои не се главни сообраќајници имаат поинаков третман и поинаква обработка со материјали! Токму и затоа на ул. Орце Николов подигнатите пешачки премини се поплочени! Или тоа било случаен погодок како треба, а не дел од сустемскиот пристап на Општина Центар? – порачаа ентузијастите за безбеден град. 

Од „На Точак“ имаа и неколку други барања за улицата Столтенбергова.

– Скопје заслужува вистински квалитетни реконструкции, а не само турање асфалт и штиклирање – завршено! – децидни се оттаму.